Свет
Доктор од болницата „Ал Шифа“: Израелските сили постојано нѐ испрашуваат за Хамас
Лекарот во палестинската болница „Ал Шифа“ во Газа, Ахмед ел-Михалати, рече дека израелските сили постојано ги испрашуваат вработените во болницата за Хамас.
„Вообичаеното прашање е – дали знаете нешто за групата Хамас, дали знаете нешто за тунелите под болницата?“, изјави Ел Михалати за Си-ен-ен додавајќи дека персоналот е ограничен да се движи во болницата, која ја посети минатата недела. Таму, како што раскажува, влегла израелската војска.
Голем број пациенти беа евакуирани во текот на викендот од „Ал Шифа“, вклучително и 31 бебе, кои беа префрлени во болницата„ Ал-Хелал ал-Емирати“ во јужниот дел на Газа.
Ел Михалати рече дека две бебиња и двајца возрасни починале во саботата, а останале 259 пациенти, седум лекари и пет медицински сестри во болницата.
Тој нагласи дека болницата останува без анестетици, боци со кислород, лекови и резерви крв, пренесува „Танјуг“.
Апелирајќи до меѓународната заедница да помогне, тој изјави дека израелските сили само еднаш доставиле вода и храна во болницата.
Израел тврди дека под најголемата болница во Газа има командни центри и тунели на Хамас, а палестинската милитантна група ги отфрла овие тврдења.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.
Свет
Израел погодил станбена зграда во Либан, најмалку четворица загинати
Најмалку четири лица загинале, а шест се ранети во израелски напад врз четирикатна станбена зграда во источниот либански град Баалбек, јави либанската државна агенција ННА.
Спасувачките екипи работат на извлекување луѓе од под урнатините.
Нападот доаѓа по ескалацијата на борбите долж либанско-израелската граница, откако Хезболах испалил дронови и ракети кон Израел. Од тогаш групата продолжила со ракетни напади, а Израел извршил низа воздушни удари низ Либан и испратил војници на југот.
Хезболах соопштил дека неговите борци испалиле голем број ракети кон израелски сили во близина на градот Метулa, како одговор на израелските напади врз десетици либански градови.
Израелската војска во средата ги предупредила жителите на 16 села во Либан да се евакуираат.
Според либанското министерство за здравство, од почетокот на последната ескалација во израелските напади загинале најмалку 50 луѓе, а 335 се ранети.
Фото: ЕПА

