Контакт

Регион

Донаторска конференција: Над милијарда евра собрани како помош за Албанија

Објавено пред

Вкупно 1,15 милијарди евра помош на Албанија се собрани на меѓународна донаторска конференција „Заедно за Албанија“, соопшти европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеј во Брисел.

Донаторската конференција се одржува за помош на Албанија, која на 26 ноември беше погодена од силен земјотрес, во кој загинаа 51 човек, а илјадници останаа без покрив над главата. Конференцијата ја отвори претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Во име на институцијата којашто ја предводи таа вети 100 милиони евра од европскиот буџет за помош на Албанија. Албанскиот премиер Еди Рама се заблагодари на донаторите и рече дека не очекувал толкава сума. Проценките се дека штетите од земјотресот се околу милијарда евра.

Регион

Новиот премиер на Косово ги укина забраните за трговија со Белград

Објавено пред

Новата косовска влада на премиерот Авдулах Хоти ги поништи решенијата со кои се наметнуваат мерки за реципроцитет кон централна Србија, објави РТС.

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, ја поздрави ваквата одлука.

Хоти на седницата рекол дека со одлуката се отстранети сите пречки за продолжување на дијалогот со Белград, а доколку дијалогот нема поволен исход, мерките за реципроцитет повторно ќе бидат вратени.

Одлуката стапува на сила веднаш.

Хоти кажал дека одлуката е привремена и може да трае еден ден, еден месец, една година…

„Очекуваме Србија да стави крај на кампањата против признавањето на Косово. Очекуваме нашите партнери да извршат притисок врз Србија“, рече Хоти.

Владата на Косово денеска ги поништи претходните решенија на владата на Албин Курти од 20 март 2020 година за постепена примена на реципроцитет со Белград.

Претставниците на Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај гласаа против таа одлука.

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ: Нема среќно решение за Косово

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави денеска дека кога станува збор за Косово, нема среќно решение за Србија и дека, какво и да е решението, тие не можат да бидат особено задоволни.

„Не мислам дека би постигнал нешто со лажење и мамење на луѓето. Не е работа на претседателот на Србија да ги измами луѓето“, рече Вучиќ за ТВ Прва, посочувајќи дека ќе следи силен притисок врз Србија за Косово во наредните шест месеци или една година.

Тој додаде дека очекува специјалниот претставник на Европската унија, Мирослав Лајчак, да дојде во Белград и Приштина веднаш по изборите во Србија што се закажани за 21 јуни.

Прикажи повеќе...

Регион

Бројот на заразени со коронавирус расте во Србија, регистрирани се 96 нови случаи

Објавено пред

Во последните 24 часа, во Србија се регистрирани 96 пациенти со коронавирус.

Според најновите податоци, едно лице починало, а 12 од нив се на респиратор, пишува „Блиц“.

Вкупно 4795 пациенти биле тестирани за ковид-19 во последните 24 часа.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Филипче: Медиумите да престанат да изнесуваат непроверени информации за бројот на заболени од Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, упати молба до медиумите да престанат да изнесуваат шпекулативни и непроверени информации околу бројот на заболени...

Македонија2 часа

Осумдесет од новите случаи кажале дека немале контакт со заболено лице

Сто лица од новите 180 заразени со коронавирус кажале дека во изминатиот период имале контакт со потврден случај инфициран од...

Македонија2 часа

НАкС: Со одлуката на Владата повеќе нема правна дилема за спроведување на изборите на УКИМ

Со одлуката на Владата  да се стават во мирување сите активности за избор на органи на управување повеќе нема правна...

Регион3 часа

Вучиќ: Нема среќно решение за Косово

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави денеска дека кога станува збор за Косово, нема среќно решение за Србија и дека, какво...

Свет3 часа

Минеаполис им забрани на полицајците да применуваат сила со задушување при апсење

Градското собрание на Минеаполис донесе одлука за забрана за задушување на лице за време на полициско апсење. Одлуката доаѓа по...

Свет5 часа

(Видео) Џастин Трудо клекна на колена во знак на поддршка на демонстрантите

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, клекна на колена во знак на солидарност со демонстрантите на вчерашниот протест против расизмот што...

Свет6 часа

(Видео) Трамп: Ова е прекрасен ден за Флојд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на конференцијата за економското закрепнување на Америка, зборуваше и за протестите по убиството...

Спорт6 часа

Брендот Џордан ќе донира 100 милиони долари за борбата против расизмот

Брендот „Џордан“ во наредните 10 години, поради убиството на Џорџ Флојд и новонастанатата ситуација во САД, ќе донира 100.000.000 долари,...

Македонија16 часа

Влада: 30 милиони денари за здруженија и фондации за справување со корона кризата

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки...

Свет20 часа

СЗО: Секој треба да носи маска на јавен простор

Светската здравствена организација ги ажурираше своите насоки во борбата против Ковид-19 и сега препорачува дека секој треба да носи маска...

Македонија21 час

Не се планираат рестрикции од понеделник и покрај бројките на новозаболени

Не се планираат никакви рестриктивни мерки од понеделник и покрај големите бројки на новозаболени од коронавирус. Министерот за здравство Венко...

Македонија22 часа

Заболени 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември“

Единаесет здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ се заболени од коронавирусот. Дополнително, новозаболени има и од Гинеколошко-акушерската клиника, соопшти министерот...

Македонија22 часа

Филипче: 90 отсто од новозаболените се асимптоматски, кластерите се под контрола

Ситуацијата е под контрола, убедува министерот за здравство Венко Филипче откако денеска земјава го достигна пикот според новозаразени. Тој не...

Македонија23 часа

Регистрирани 180 случаи на коронавирус, 109 се од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на...

Македонија24 часа

Петровска: Пронајдени се снимките од кафеаната каде што беше Мицкоски

Одземен е уредот за снимање од кафеаната каде што седел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога инспектори беа спречени да...

Македонија1 ден

Заев до Ахмети: Ако ДУИ условува со позицијата премиер, нема да биде дел од идната Влада

Доколку ДУИ има услов за коалиција за Влада, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, порача на „Фејсбук“...

Македонија1 ден

Коронавирусот се врати во Дебар, заразена e жена која била во контакт и со медицински персонал

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, вели дека во градот се појавил еден нов случај на жител заразен со коорнавирус. Тој...

Свет1 ден

Босанец осомничен за напад на полицајци при немирите во Њујорк, се поврзува со тероризам

Џенан Камовиќ, Босанец кој живее во Америка, е осомничен дека повредил тројца полицајци во Њујорк. ФБИ сега истражува дали станува...

Топ1 ден

Паркиран камион се придвижил и удрил во две лица во Виница, жена почина на самото место

Во попладневните часови на 4 јуни кај стариот градски „Зелен пазар“ во Виница, претходно паркирано товарно возило „застава“ без регистарски...

Европа1 ден

Регионална шпанска влада осудена за негрижа кон здравствените работници

Судот во провинцијата Арагон, на истокот на Шпанија, ја осуди регионалната власт затоа што не им обезбеди на лекарите заштитен...

Досие