Свет
Драма во Мадрид: Луѓе влегле во музеј и се закануваат со самоубиство
Илјадници Шпанци се здобиле со белодробни заболувања поврзани со нивната консумација на преработено масло од репка.
Група луѓе кои преживеаја масовно труење од репка пред четири децении во Шпанија, денеска објавија дека го зазеле музејот Прадо во Мадрид и се заканија дека ќе извршат самоубиство доколку владата не ги исполни нивните барања.
Тие бараат од премиерот Педро Санчез да им помогне на жртвите од масовното труење што се случи во 1981 година, пренесува „Ројтерс“.
? ÚLTIMA HORA | Un grupo de víctimas del aceite de colza se encierran en el Museo Del Prado y amenazan “con retransmitir en directo su descanso eterno” si el presidente del Gobierno no atiende sus demandas
“Pasadas 6 horas empezarán a ingerir pastillas” pic.twitter.com/zhWhDVRsBf
— Radio Madrid (@RadioMadrid) October 19, 2021
„ Шест часа по нашето пристигнување овде, ќе започнеме да голтаме апчиња“, објавија демонстрантите на профилот на Здружението на жртвите од тоа труење на Твитер.
Поради консумацијата на преработено масло од семе од репка во тоа време, илјадници добија разни белодробни заболувања, а многумина сè уште ги чувствуваат последиците од труењето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

