Свет
Државниот обвинител на Хаити побара за убиството на претседателот да биде обвинет премиерот
Државниот обвинител на Хаити побара од истражниот судија да го обвини премиерот Ариел Хенри за убиство на претседателот Жованел Моиз и побара да му се забрани да ја напушти земјата.
Оваа наредба е издадена истиот ден кога тој го повикал премиерот Хенри да се сретне со него и да му објасни зошто клучен осомничен за атентатот на претседателот Моиз му се јавил двапати само неколку часа по атентатот.
„Има доволно компромитирачки елементи за да му се суди на Хенри и да се побара да се покрене обвинение“, рече обвинителот Бед-Форд Клод.
Тој додаде дека повиците биле упатени на 7 јули во 4:03 часот и 4:20 часот наутро и додаде дека доказите покажуваат дека осомничениот Џозеф Феликс Бадио во тоа време бил во близина на неговиот дом.
Бадио работеше во владината единица за борба против корупцијата, сè додека не беше отпуштен под обвинение за кршење на етичките прописи.
Во документот се наведува дека повиците траеле вкупно седум минути и дека премиерот Хенри во тоа време бил во хотелот „Монтана“ во главниот град на Хаити.
Претседателот на Хаити беше убиен на 7 јуни во вооружен напад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

