Свет
Дури 7 пати го прекршил карантинот во рок од 3 дена, добил огромна парична казна

Жител на Тајван е казнет со 35.000 долари откако повеќе пати ја прекршил мерката за домашен карантин поради Ковида-19.
Неименуван човек, од Таичунг во Тајван, бил во домашен карантин во станбената зграда во која живее, откако се вратил од службено патување во Кина, и го прекршил најмалку седум пати, пишуваат локалните медиуми, а пренесува Си-ен-ен.
Градоначалникот на Таичунг ја проценил постапката како сериозно прекршување и додал дека човекот „мора да биде казнет со строга казна“.
Според извештаите во медиумите, човекот ја напуштил својата станбена зграда седум пати за само три дена карантин за да оди на шопинг, да го поправа автомобилот и уште многу нешта, и наводно се судрил со еден од неговите соседи кој се обидел да го спречи во кршење на мерката, наведува Си-ен-ен.
Локалните власти во Таичунг потврдија дека човекот се вратил дома од патот на 21 јануари, а прописите на Тајван бараат 14-дневен карантин како задолжителна мерка против Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Париз би можел да се затвори на три недели

Француските власти размислуваат за тринеделно затворање на Париз со цел да се потисне ширењето на коронавирусот.
Првиот заменик-градоначалник на Париз, Емануел Грегоар, објави дека до француската влада ќе достави план со кој се пропишува превентивно тринеделно затворање на главниот град, со цел подоцна да се создадат услови за повторно отворање на сите места, вклучително и барови, ресторани и театри.
Како и во остатокот од земјата, во Париз е во сила ноќен полициски час од 15 декември, а рестораните и културните институции, како и на други места во Франција, се затворени со недели за да се спречи ширењето на инфекцијата.
Францускиот премиер Жан Кастекс претходно изјави дека владата ќе воведе мерки, вклучително и затворање за време на викендот во Париз и уште 19 други региони од почетокот на март, доколку епидемијата со коронавирусот продолжи да се шири.
Европа
Меркел: Вакцините на „Астразенека“ се безбедни, но јас нема да се вакцинирам со неа

Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, германската канцеларка Ангела Меркел призна дека луѓето ја одбиваат вакцината на „Астразенека“ затоа што се загрижени за ефективноста и безбедноста на вакцината, што пак е последица на лошиот публицитет.
„Има проблем со прифаќањето на вакцината на ‘Астразенека’. Тоа е сигурна вакцина, безбедна и ефикасна. Одобрена од ЕМА, а во Германија се препорачува за лица под 65 години. Сите релевантни органи ни велат дека ова е вакцина на која можеме да и веруваме. Во време кога нема доволно вакцини, не можеме да избереме со што ќе се вакцинираме“, рече Меркел во едно интервју.
На прашањето дали самата ќе биде вакцинирана со „АстраЗенека“, Меркел одговори: „Имам 66 години и не спаѓам во групата на која и беше препорачано да се вакцинира со ‘Астразенека’“.
Европа
Голема полициска акција во Германија, уапсени десничари поврзани со трговија со дрога

Германската полиција утрово изврши неколку претреси и уапси осум лица поврзани со крајно десничарска мрежа осомничена за трговија со дрога и перење пари.
Повеќе од 500 полицајци, вклучително и припадници на специјални единици, извршиле претрес во 27 станови и продавници во повеќе германски држави, јавува германската агенција ДПА.
Уапсените се на возраст меѓу 24 и 55 години, соопшти полицијата, додавајќи дека сè уште трагаат по докази како што се луксузни автомобили.
Осомничените се поврзани со две различни неонацистички групи кои наводно се одговорни за трговија со дрога, а исто така се вклучени во нелегална трговија со оружје.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер