Контакт

Европа

Евакуирани неколку судови во Словачка поради дојави за бомби

Објавено пред

Неколку судови се евакуирани во Словачка поради дојави за бомби. Во неколку судови во Братислава пристигнале дојави за поставени бомби, поради што веднаш биле испразнети зградите. Дојави пристигнале и во Министерството за правда и во зградата на Врховниот суд.

Европа

Пуџдемон: Пресудата за лидерите на Каталонија е свирепа

Објавено пред

Поранешниот лидер на регионалната влада на Каталонија, Карлос Пуџдемон, ја нарече „свирепа“ пресудата на Врховниот суд на Шпанија, со која каталонските водачи се осудени на затворски казни.

„Време е за реакција … за иднината на нашите синови и ќерки. За демократија. За Европа. За Каталонија“, напиша Пуџдемон на „Твитер“.

Пуџдемон го предводеше шпанскиот регион во време кога имаше обид за прогласување независност во 2017 година, за што им се суди на каталонските водачи, пренесува „Ројтерс“.

На Пуџдемон не му беше судено затоа што избега во Белгија, каде што живее во егзил.

Шпанскиот Врховен суд осуди деветмина поранешни каталонски политичари и активисти на затворски казни од 9 до 13 години поради нивната улога во неуспешното прогласување независност на Каталонија во 2017 година.

Прикажи повеќе...

Европа

Норберт Хофер: Австрија да го стопира доделувањето државјанство на Турците  

Објавено пред

Лидерот на Слободарска партија на Австрија (ФПО), Норберт Хофер верува дека Турција треба да сноси сериозни последици поради воената интервенција против Курдите.

„Турција ги напаѓа оние луѓе кои храбро се бореа против таканаречената Исламска држава, а светот не реагира. НАТО треба да ја исклучи Турција од воениот сојуз“, истакна Хофер.

Тој рече дека однесувањето, како што е она на Турција, мора да биде санкционирано.

Австрија, рече тој, исто така мора да реагира и да го стопира, како прва мерка, доделувањето државјанство на Турците.

Во изјавата, Хофер рече дека меѓународната заедница мора да ги прекине сите пратки со оружје во Турција.

„Воениот влез на Турција во Сирија не смее да биде дополнително охрабрен од натамошни пратки со оружје. Австрија ја прекина испораката на оружје уште во ноември 2016 година“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Европа

Уапсени петмина поврзани со службеникот што уби четворица колеги во париската полиција

Објавено пред

Во Франција уапсени се пет лица поврзани со мажот што месецов изврши смртоносен напад со нож во седиштето на полицијата во Париз, откри извор близок до истрагата и со тоа ги потврди претходните извештаи на тамошните медиуми.

Апсењата се случиле во париското предградие Вал д’Оиз.

Мајкл Харпон, 45-годишен информатичар, кој минал на тестовите за безбедност и стабилност на личноста, уби тројца полицајци и еден вработен во париска полициска станица на 3 октомври пред да биде застрелан од друг полицаец.

Харпон е роден на францускиот остров Мартиник и работел во полициското седиште неколку години. Тој пред 10 години го прифатил исламот како своја религија.

Минатата недела три извора блиски до полицијата открија дека француската полиција повторно отворила внатрешна истрага против висок полициски службеник под сомнение за фаворизирање на исламот.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ31 минута

Планинар падна од карпа, со хеликоптер пренесен во болница

Дваесет и шестгодишен планинар од Битола е тешко повреден, откако вчера качувајќи се по патека кон врвот на „Илинден“, се...

Топ50 минути

Истрага за случајот во Богданци: Се опијаниле па со стол сакал да го убие соседот

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 60-годишен жител на Богданци, поради постоење на основано сомневање...

Македонија59 минути

Катица Јанева се враќа во притворот во Шуто Оризари

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, денеска од болница ќе биде вратена во истражниот затвор во Шуто Оризари. Јанева, која е...

Македонија2 часа

Владата денешната седница ќе ја одржи во Битола

Владата својата редовна 159-та седница денеска ќе ја одржи во Битола, во зградата на Општина Битола. Со оваа прва седница...

Европа3 часа

Право и правда победи на изборите во Полска

Владејачката полска конзервативна партија Право и правда освои најголем број гласови на парламентарните избори и обезбеди мнозинство во парлментот, покажаа...

Европа3 часа

Орбан ја загуби Будимпешта, Карашони нов градоначалник

Унгарската опозиција победи на локалните избори во главниот град Будимпешта, нанесувајќи му го првиот пораз на премиерот Виктор Орбан од...

Спорт13 часа

Македонија не издржа во Варшава, Полска се пласираше на ЕУРО 2020 (Видео)

Македонската фудбалска репрезентација вечерва загуби во Варшава од Полска 2-0 (0-0) во рамките на осмото квалификациско коло за пласман на...

Македонија18 часа

Димитров патува за Брисел во пресрет на одлуката за почеток на преговорите со ЕУ

Министерот за надворешни работи Никола Димитров од 14 до 17 октомври ќе престојува во работна посета на Брисел кога се...

Топ19 часа

Во тешката сообраќајна несреќа кај Струмица загина 19-годишна девојка, возачот е во болница

Деветнаесетгодишна девојка од Струмица, со иницијали С.Т. го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 4...

Регион20 часа

„Дали сум оптимист? Не“, одговори Рама за почетокот на преговорите со ЕУ

Премиерот на Албанија, Еди Рама изјави дека не е оптимист за почеток на преговорите со Европската Унија. „Дали сум оптимист?...

Култура20 часа

(Видео) „Визија Скопје“ понуди поглед на плоштадот без фонтаната со воин на коњ

На плоштадот Македонија во Скопје викендов граѓаните имаа уникатна можност преку слики нацртани на тенка проѕирна пластика место на платно,...

Македонија23 часа

Шекеринска: „Бомбава“ само потврди која е огромната разлика меѓу нас и нив

„Малку се залетаа. И самите покажаа колку не сме исти“. Вака министерката за одбрана го коментира прислушуваниот разговор што беше...

Македонија24 часа

„Ел Чека“ објави нова бомба – Шекеринска и Бесими за гласањето на ДИК за локалните избори

На социјалната мрежа „Фејсбук“ се појави прислушуван разговор од локалните избори во 2013 година. Објавувачот на материјалот, Ел Чека, објаснува...

Европа1 ден

Протести на Курдите ширум Европа, во Грција запален постер со ликот на Ердоган

Десетици илјади Курди вчера демонстрираа низ цела Европа против турската воена офанзива во северна Сирија, а протести се одржаа во...

Македонија1 ден

Пожар во куќа кај Дом на градежници

Утрово избувна пожар во куќа, во близина на Домот на градежници во Скопје. На терен се испратени противпожарни возила, кои...

Свет1 ден

Разорен тајфун ја погоди Јапонија, најмалку 18 жртви

Најмалку 18 лица загинаа, а 13 се водат за исчезнати во тајфунот Хагибис што ја погоди Јапонија. Налетите на ветрот...

Македонија2 дена

Заев: Мицкоски мисли дека со продажба на уделот ќе ги сокрие трагите во хидроцентралите

Мицкоски мисли дека ако го продаде уделот во хидроцентралите, дека ќе ги затскрие трагите, истакна претседателот на СДСМ и премиер,...

Македонија2 дена

Се демонтира угостителскиот објект од покривот на ГТЦ

Согласно одлуката на Градоначалникот Петре Шилегов, денеска почна демонтажата на угостителскиот објект на кровот на ГТЦ. Со овие активности, велат...

Македонија2 дена

Заев очекува позитивна одлука за ЕУ, Мицкоски смета дека можно е да нема датум

Лидерите на двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски денеска испратија пораки за очекувањата во врска...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: По примерот на Мицкоски и Заев да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел

По примерот на Христијан Мицкоски и премиерот, Зоран Заев, да се отуѓи од 12 фирми во кои има удел. Ова...

Досие