Европа
Европарламент: Преку вакцините годишно се спречуваат 2,5 милиони смртни случаи
Опаѓањето на јавната доверба во вакцините е голем предизвик кој веќе влијае на здравјето, предупредија членовите на Европскиот парламент во резолуцијата усвоена денеска на пленарната седница во Стразбур.
Епидемиолошките податоци од земјите членки на ЕУ покажуваат значителни недостатоци во степенот на прифаќање на вакцините, односно стапка на недоволна вакцинација, се предупредува во резолуцијата.
Зголемениот отпор кон вакцинацијата од страна на луѓето доведе до зачестена појава на сипаници, а поради тоа зголемени се и смртните случаи во неколку европски земји.
Пратениците истакнаа дека вакцините во денешно време се подложени на ригорозни тестирања, со повеќе фази на испитувања. Исто така европскиот парламент ја повика Комисијата да продолжи да ја зајакнува својата поддршка за националните системи за вакцинација со цел да се зголеми свеста кај јавноста.
Европарламентарците повикаа и на дијалог со граѓанското општество со цел да се потиснат нерелевантните, погрешни и научно неприфатени информации за вакцинацијата.
ЕП побара и поголема транспарентност во производството на вакцини и во финансирањето на независните истражувања за можните несакани ефекти од вакцината, со цел да се придонесе за враќање на довербата во програмите за вакцинација.
Според објавените податоци, благодарение на вакцинацијата, на годишно ниво се спречуваат околу 2,5 милиони смртни случаи во светот, а се намалуваат и трошоците за лекување на одредени болести, вклучувајќи ги и третманите со антибиотици.
„Од 2008 до 2015 година во Европа имало 215 илјади случаи на болести кои можат да се спречат со вакцинација, притоа не сметајќи го грипот. Ова за жал, не е чудно доколку се знае дека скептицизмот кон вакцинација во Европа е меѓу највисоките во светот. Здравствената заштита е во одделна надлежност на земјите на ЕУ, но кажете им го тоа на вирусите и бактериите. Тие уживаат слобода во движењето во рамките на ЕУ и шенгенот за нив не значи ништо. Токму затоа ЕУ треба повеќе да се ангажира во врска со ова прашање“, оцени хрватската европарламентарка Билјана Борзан, чии амандмани беа вклучени во резолуцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

