Европа
Европа брзо испрати сигнали по руската понуда на 100 милиони вакцини

По понудата на Москва да му помогне на официјален Брисел, кој е на тенок мраз поради ограничените количини на вакцинаци против коронавирус, пристигнуваат сигнали од ЕУ.
Денеска од Москва пристигна понуда од компанијата што стои зад руската вакцина против коронавирус, да испрати во ЕУ 100 милиони дози вакцина „спутник V“ во текот на вториот квартал од годинава.
По понудата од Москва, одговори германскиот институт „Пол Ерлих“, од каде беше објавено дека веќе се во контакт со Русија во врска со регистрацијата на вакцината во Европската Унија, пренесе „Спутник“.
Брисел веќе со денови има огромни проблеми при вакцинирање на жителите на Унијата, поради доцнењето на претходно договорените испораки на вакцини од западните производители, од кои деновиве е посебно актулен случајот со „Астразенека“.
Иако и натаму не е соопштен официјален став за конечна одлука на Европската комисија, познавачите коментираат дека ралноста не дозволува одолговлекување на ситуацијата.
Поради застојот во испораката на вакцините, две земји, членки на ЕУ, полека почнуваат да размислуваат за свртување кон други пазари за набавка – Русија, но и Кина.
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, одамна го искажа својот став, што го потврди и денес. Тој рече дека неговата земја може да потпише договор за набавка на кинески вакцини денеска или утре, додека руската „спутник V“ е веќе набавена, минатата недела.
Сега и Хрватска влегува во приказната за набавка на руската вакцина во земјите на ЕУ. Според регионалните медиуми, официјален Загреб размислува за набавка на руската вакцина, поради доцнењето на веќе направените нарачки од други производители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Истражување: Британскиот сој на вирусот 64 отсто ги зголемува шансите заразените да завршат во болница

Луѓето инфицирани со позаразната варијанта на коронавирусот, која првпат беше откриена во Велика Британија, имаат поголем ризик од хоспитализација, покажа студија на данскиот Институт „Серум“.
Од 2.155 лица заразени со варијантата Б117, 128 се хоспитализирани, што е 64 проценти повеќе од заразените со другите варијанти, се вели во студијата.
Резултатот од данската студија е сличен на истражувањето спроведено на почетокот на овој месец во Велика Британија, додава Институтот во соопштението.
Варијантата Б117 стана доминантна во Данска минатата недела и претставува речиси две третини од сите нови инфекции во земјата, а на почетокот од годината оваа мутација на вирусот претставуваше само 5 проценти од сите случаи.
Европа
Експертите најавуваат комбинирана вакцина против грип и Ковид-19 во блиска иднина

Во блиска иднина може да се направи комбинирана вакцина против грип и ковид, изјави денеска водечката британска специјалистка по вирологија, Венди Баркли.
Баркли е раководителка на одделот за заразни болести при Кралскиот колеџ во Лондон, а денеска им порача на пратениците дека најверојатното сценарио е оти ќе биде можно комбинирање на вакцината против сезонски грип со вакцината против Ковид-19, објави Си-ен-ен.
„Верувам дека в година навистина ќе видиме повеќе напредок во епидемиологијата во однос на тоа како може да се запрат новите видови на коронавирусот, односно колку бргу тие може да мутираат и да нè натераат да ги модифицираме вакцините. Исто така, ќе знаеме колку траат сегашните вакцини, па затоа ќе биде јасно и колку долго ќе биде потребно за да се направат поефикасни“, рече Баркли.
Европа
Чешка со 15.000 нови случаи, Бабиш вели: „Нè чекаат пеколни денови“

Чешка мора да ги заостри мерките за борба против пандемијата и да спречи катастрофа во болниците, рече денеска чешкиот премиер Андреј Бабиш, а Полска најави дека повторно ќе воведе строги ограничувања на североистокот на земјата.
Чешка во вторникот пријави повеќе од 15.000 нови инфекции со коронавирус, најмногу по 6 јануари, и има најбрзо ширење на инфекцијата во Европа, со стапка на нови инфекции на жител повеќе од шест пати поголема од Германија во последните две недели.
Бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19, кои се наоѓаат во тешка состојба, се искачи на рекордни 1.389, така што во земјата со 10,7 милиони жители веќе алармантно се намалува бројот на слободни болнички кревети.
Некои клиники мораа да ги префрлаат пациентите во други болници, а министерот за здравство предупреди дека во следните недели нема да има повеќе места во болниците. Владата размислува да побара од Германија да ѝ помогне во грижата за некои пациенти.
Земјата пријави вкупно 1,18 милион заразени и 19.682 смртни случаја од почетокот на пандемијата.
Бабиш рече дека ситуацијата е сериозна. „Нè чекаат пеколни денови“, нагласи тој на прес-конференција.
Владата во текот на денот треба да разгледа можни нови мерки. Бабиш рече дека Министерството за здравство ќе предложи ограничувања, но не сакаше да навлегува во детали.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер