Европа
Европската агенција за лекови очекува во јануари да почне дистрибуцијата на вакцината за Ковид-19
Европската агенција за лекови (ЕМА) предвидува дека ќе даде одобрение за првата вакцина против коронавирус до крајот на годината, со очекуван почеток на дистрибуција во јануари, изјави директорот на агенцијата.
„Доколку податоците се солидни, тие би можеле да дадат зелено светло за првата вакцина до крајот на годината и да почнат со дистрибуција во јануари“, рече Гвидо Раси, директор на Европската агенција за лекови, во интервју објавено во италијанскиот весник „Ил Соле 24 Оре“.
Таа институција е надлежна за одобрување и контрола на лековите во ЕУ. Последното зелено светло, дадено од Европската комисија, ќе им овозможи на лабораториите да почнат со продажба на своите лекови низ цела ЕУ.
„Ако вакцината биде пуштена на пазарот во јануари, нејзините први ефекти врз ширењето на вирусот ќе бидат видливи за пет, шест месеци, во суштина следното лето“, рече тој.
„Очигледно, нема да биде можно да се вакцинира целиот свет, но ќе почнеме со најизложените категории, како што се старите лица и вработените во здравствената заштита, кои ќе започнат да ги блокираат преносните мостови“, додаде тој.
Тој процени дека треба да се вакцинира повеќе од половина од европската популација за да може да се случи намалување на пандемијата, за што се потребни најмалку 500 милиони дози во Европа.
„Ќе треба најмалку една година за сите да бидат вакцинирани и ако сè се одвива добро, на крајот на 2021 година ќе имаме доволно вакцини“, рече Раси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украинците првпат објавија фотографии: Ова е новата ракета на Путин
Објавени се фотографии од остатоците од новата експериментална руска ракета, која беше пробно лансирана во четвртокот погодувајќи фабрика во Украина.
Украинските власти во четвртокот известија дека фабрика во централниот украински град Днепар била погодена од балистичка ракета со среден дострел. Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека лансиорањето на експерименталната ракета „Орешник“ е одговор на употребата на американски и британски ракети, кои се способни да погодат подлабоко во руска територија.
Украинската безбедносна служба вчера на новинарите им ги покажа остатоците од новата експериментална балистичка ракета. Ракетата наречена „Орешник“ (на руски значи лешник), наводно е базирана на интерконтиненталната балистичка ракета „РС-26“, „Рубеж“, и може да носи нуклеарни или конвенционални бојни глави.
Остатоците, кои сè уште не се детаљно анализирани, открија јагленосани остатоци и уништени компоненти. Според безбедносните службеници, деловите им биле прикажани на медиумите пред истражителите да ги извлечат на непозната локација во Украина.
Европа
Се состануваат министрите за одбрана на Германија, Франција, Полска, Италија и Велика Британија
Министрите за одбрана на Германија, Франција, Полска, Италија и Обединетото Кралство денеска во Берлин разговараат за мерките за зајакнување на безбедноста и одбраната во Европа.
Руското истрелување на нова ракета со среден дострел кон Украина, за која се смета дека има импликации за цела Европа, најверојатно ќе биде главна тема на разговор.
Германецот Борис Писториус, Французинот Себастиен Лекорну, Британецот Џон Хили, Полјакот Владислав Косињак-Камиш и Италијанецот Гвидо Кросето исто така се состануваат пред враќањето на критичарот на НАТО, Доналд Трамп на функцијата претседател на САД.
Трамп, кој треба да биде инаугуриран на 20 јануари, побара од Европа да инвестира значително повеќе пари во сопствената безбедност и се очекува да ја намали воената помош за Украина.
По неодамнешното одобрение од Вашингтон, Украина почна да ги користи ракетите ATACMS од САД и британските крстосувачки ракети Storm Shadow за гаѓање воени локации во Русија.
Рускиот претседател Владимир Путин потоа нареди ракетен напад врз украинскиот град Днепар, кој има повеќе од еден милион жители, со нова ракета со среден дострел во четвртокот наутро.
Тој рече дека новата ракета Орешник е единствена и ќе оди во масовно производство. Москва вели дека проектилот лета со хиперсонична брзина, што го оневозможува пресретнувањето на противвоздушните системи. Експертите претпоставуваат дека проектилот технички би можел да биде опремен со нуклеарни боеви глави.
Европа
(Видео) Пожар во фабрика за воена опрема во Русија
Украински беспилотни летала ја нападнаа фабриката „Тајфун“, дел од рускиот воено-индустриски комплекс, во градот Калуга објави Андриј Коваленко, раководител на Центарот за борба против дезинформации на Советот за национална безбедност и одбрана.
Коваленко вели дека фабриката произведува комуникациски системи, електронска разузнавачка и радарска опрема и прави компоненти за системи за надзор и наведување за воена опрема.
In Kaluga, the Typhoon factory, which is part of the russian military-industrial complex TsPD, was also attacked
This plant is engaged in:
— Development and production of radio-electronic equipment
— Production of components for surveillance and control systems installed on… pic.twitter.com/m35xdilDsk
— Jürgen Nauditt 🇩🇪🇺🇦 (@jurgen_nauditt) November 25, 2024
„Тајфун“, исто така, произведува делови за системи за противвоздушна одбрана, авиони и ракетни системи и одржува опрема за руската војска.
Фабриката произведува и специјализирана опрема потребна за интеграција на различни воени системи.
Руските канали на Телеграм пишуваат дека беспилотните летала биле соборени во Калуга ноќта меѓу 24 и 25 ноември. Гувернерот на руската област Калуга изјави дека остатоците од едно од беспилотните летала паднале на подрачјето на индустриско претпријатие и предизвикале пожар.