Контакт

Европа

Европска пратеничка прогласена за виновна поради малтретирање

Објавено пред

Португалската пратеничка во Европскиот парламент, Марија Жоао Родригез, беше прогласена за виновна за психичко малтретирање на нејзиниот помошник и ќе биде казнета, објави на пленарната седница Павел Теличка, потпретседател на ЕП.

dobivaj vesti na viber

„Откако ја прочита писмената изјава и ја слушна нејзината страна од приказната, претседателот на ЕП донесе одлука да ја казни Марија Жоао Родригез за нејзиното однесување кон акредитираниот помошник во парламентот, што се смета за психичко малтретирање”, рече Теличка.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Германски министри: Последен час е да се реши проблемот со недостигот на работници

Објавено пред

Борбата на Германија да го реши недостигот од милиони квалификувани работници може да ја чини земјата како една од водечките економии во светот, доколку владата не преземе чекори наскоро, изјави денеска министерот за труд, Хубертус Хајл.

dobivaj vesti na viber

„Ако сега не го решиме проблемот со недостигот на квалификувана работна сила, тоа ќе стане главна пречка за растот во Германија“, рече Хајл на конференција во Берлин.

„Секој ден е се поважно „сите луѓе кои сакаат да работат да почнат да работат, да добијат обука“, рече министерот за економија Роберт Хабек.

„На долг рок, ова ќе биде одлучувачкото прашање дали Германија расте и дали може да се зголеми или да се одржи просперитетот во земјата“, додаде тој.

Според него во моментов се слободни стотици илјади работни места. Треба да си слеп за да не видиш дека во иднина ќе има уште од ова“, предупреди министерот.

Министерот за труд Хабертус Хајл ги наведе стабилното снабдување со енергија, забрзаното планирање и обезбедувањето на квалификувана работна сила како најважни чекори за да се обезбеди германската економија да остане силна.

„И покрај сите разговори, ние сме всушност силна земја, но ни треба одреден напредок“, рече Хејл. Кога станува збор за обезбедување квалификувана работна сила, тој додаде дека „времето истекува“ за Германија.

До 2035 година, седум милиони квалификувани работници ќе заминат во пензија, рече Хеил, цитирајќи студија на Институтот за истражување за вработување. Тој нагласи дека 1,6 милиони млади луѓе на возраст од 20 до 29 години немаат почетна стручна обука.

Министерката за образование Бетина Старк-Ватцингер рече дека повеќе од 45.000 луѓе „го напуштаат училиштето без никакви квалификации“ секоја година.

Младите на конференцијата се пожалија на недостаток на пракса во образованието и рекоа дека посетувањето стручни училишта се уште се смета за инфериорно во однос на студирањето на универзитетите.

Прикажи повеќе...

Европа

Кремљ: Ако Франција испрати војници во Украина, директен конфликт со НАТО е неизбежен

Објавено пред

Кремљ реагираше на изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон дека испраќањето западни трупи на теренот во Украина не е „исклучено“ во иднина. На вчерашната конференција во Париз, Макрон потврди дека „во оваа фаза нема консензус“ во врска со одлуката, но дека „ништо не треба да се исклучи“.

dobivaj vesti na viber

„Самиот факт дека се разговара за можноста за испраќање одредени контингенти во Украина од земјите на НАТО е многу важен нов елемент“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарите на прашањето за изјавите на Макрон.

Тој се осврна и на ризикот од директен конфликт меѓу Русија и НАТО доколку членките на НАТО испратат свои војници да се борат во Украина.

„Во тој случај не би морале да зборуваме за веројатноста, туку за неизбежноста (на директен конфликт)“, рече Песков.

Шведска, Чешка и Полска се оградија од изјавите на Макрон. Во меѓувреме, Киев реагираше позитивно на коментарите на Макрон. Советникот на украинскиот претседател Михајло Подољак истакна дека дискусијата за потенцијалната интервенција на Западот во војната била добра.

„Ова покажува, прво, апсолутна свест за ризиците што ги носи Европа од милитаристичка, агресивна Русија“, истакна тој.

Прикажи повеќе...

Европа

Туск и Фијала: Полска и Чешка нема да испраќаат војници во Украина

Објавено пред

Полскиот премиер Доналд Туск денеска изјави дека земјата не размислува за испраќање војници во Украина.

dobivaj vesti na viber

Тој го изјави ова во Прага по средбата со чешкиот премиер Петр Фијала и додаде дека Полска е подготвена да учествува во секоја иницијатива што ќе ја доведе војната во Украина до крај, пренесува Ројтерс.

Фијала рече дека ниту Чешка нема да испрати воено засилување во Украина и дека Полска е подготвена да учествува во чешката иницијатива за обезбедување оружје за Украина од земји надвор од ЕУ, пренесува Ројтерс.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Македонските граѓани, сепак, ќе може да патуваат со личните карти со старото име во БиХ, информира Бојмацалиев

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, оствари телефонски разговор со министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ,...

Македонија2 часа

ДНК собраа 690.000 денари за лекување на Лео со лицитацијата на статуетката од „Златна бубамара“

Музичарите Панчо и Андреј објавија дека успеале да соберат 690.000 денари за лекувањето на Леонид, откога ја ставија на лицитација...

Македонија2 часа

ДИК потврди: Османи собра над 10 илјади потписи

Според последните податоци објавени на страната на Државната изборна комисија заклучно со вчерашниот ден, кандидатот на Демократската унија за интеграција,...

Македонија2 часа

(Видео) Јас можам да се туркам и на рацете: кочанчанец го продава својот инвалиден скутер, парите ќе ги намени за лекување на Лео

Кочаначанецот Благојчо Ѓоргиев реши да го проддаде својот скутер за хендикепирани и покрај здравствениот проблем, а парите, како што вели,...

Македонија3 часа

Убиството во Блаце можно е да е поврзано со пожарот во Чаир

Скопското обвинителство изврши увид на самото место во близина на Блаце, каде што вчера беше пронајдено безживотно тело на маж...

Македонија3 часа

Вчерашното убиство е продолжение на крвавата наркопресметка, силата на криминалните кланови е од Спасовски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Дали СДС си ги чита срамните соопштенија пред да ги пушти, или ја оставиле партијата на деца кои глумат партија....

Свет3 часа

Гутереш: Нуклеарна сенка над човештвото

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш денеска изјави дека нуклеарната сенка повторно се надвила над човештвото, додавајќи дека ризикот...

Македонија4 часа

СДСМ: Убиство и запалено кафуле во еден ден, Тошковски и кадрите на Мицкоски покажуваат голема некадарност во водењето на МВР

Убиство и запалено кафуле во Скопје само за неколку часа, велат од СДСМ. „Министерот и началникот на СВР Скопје, кадри...

Свет4 часа

Бајден: Израел се согласи на прекин на огнот за рамазан, ризикува да ја загуби поддршката од светот

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека Израел се согласил да ги прекине воените активности во Појасот Газа за време на...

Топ16 часа

Уште едно убиство во Македонија: 56-годишен маж застрелан во близина на патот кон Горно Блаце

Убиство се случи попладнево на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце. Според првичните информации од полицијата, убиениот бил најден...

Македонија17 часа

(Видео) Османи прв собра 10.000 потписи за претседател: „Веста ме најде во домашен амбиент“

Кандидатот за претседател од редовите на ДУИ и актуелен шеф на МНР, Бујар Османи,  преку видео порака објави дека собрал...

Македонија19 часа

Според грчкиот министер „преспанскиот“ за пасошите мора да се почитува, а меморандумите во Грција ќе бидат ратификувани кога ќе им дојде времето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, се осврна на Преспанскиот договор, одговарајќи на прашање на СИРИЗА за ратификување на трите...

Свет19 часа

Унгарија најпосле и’ дозволи на Шведска да влезе во НАТО

По речиси две години, Унгарија најпосле ја ратификуваше одлуката за влез на Шведска во НАТО. Одлуката денеска ја донесе унгарскиот...

Регион20 часа

Извештај на ЕБОР: На Западен Балкан ќе му бидат потребни помеѓу 40 и 70 години за да го достигне животниот стандард на ЕУ

Стандардот на живеење во Западен Балкан сè уште е значително понизок од оној во Европската унија и би можеле да...

Топ21 час

Ја малтретирале малолетната ќерка: кривична за двајцата родители од Скопје

На 24.2.2024 во Полициската станица Бит-пазар бил извршен службен разговор со Е. М. (42) и Ф. М. (37), двајцата од...

Македонија21 час

(Видео) Петковиќ: За извршителите и судиите што не ги бришат застарените долгови чаре се кривични пријави

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувањето против извршителите и судиите што не носат одлуки за бришење на...

Македонија21 час

Нема вина кај лекарите за случајот на Веапоска според вештачењето побарано од одбраната на обвинетите

Во Основниот суд во Струга продолжи расправата во судскиот процес против тројцата струшки лекари, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син, доктор...

Македонија23 часа

„Пред неколку години четвртина бурек со јогурт беше 50, сега е 120 денари“, Мицкоски со одговор до СДСМ за просечната плата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше на теренска посета на увид на градежни активности во општина Гази Баба, каде...

Економија23 часа

Се намалуваат цените на бензинот и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука...

Свет1 ден

(Видео) Хаос во Брисел: земјоделците палат гуми, пробиена полициската блокада

Земјоделците запалија купишта стари гуми во Брисел во знак на протест барајќи акција од ЕУ за прашањата од евтините цени...