Европа
Европските лидери за членството на Украина во ЕУ: Има несогласување, сега е невозможно да се даде кандидатски статус

Лидерите на ЕУ во моментов не можат да се договорат за доделување на Украина статус на кандидат за членство во ЕУ, изјави литванскиот претседател Гитанас Науседа пред почетокот на вториот ден од неформалниот европски самит во Франција.
– Подготвени сме да дадеме перспектива и да ја започнеме процедурата. Би сакал Украина веднаш да го добие кандидатскиот статус. Тоа беше максималната задача, но сега е невозможно да се добие, но ќе се вратиме на ова прашање – рече тој.
Премиерот на Словенија Јанез Јанша изјави дека меѓу лидерите на ЕУ има несогласување околу членството на Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Во експлозија тешко повреден руски градоначалник

Руската новинска агенција РИА Новости јавува дека Андриј Шевчик, кој Русија го назначи за градоначалник на Енергодар, е тешко повреден во експлозија и се наоѓа на интензивна нега.
Повеќе детали не се достапни, но претходно украинските локални власти соопштија дека Шевчик и неговите телохранители биле повредени во насочен и прецизен напад.
Енергодар е град и општина во северо-западниот дел на Запорожјевската област во Украина, моментно под контрола на руските вооружени сили.
*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан
Европа
Канада: Најмалку пет лица загинаа во силно невреме, речиси 900.000 домови останаа без струја

Најмалку пет лица загинаа, а речиси 900.000 домови во јужна Канада останаа без електрична енергија кога силно невреме во саботата ги погоди провинциите Онтарио и Квебек.
Четири лица загинале во Онтарио кога врз нив паднале дрвја, додека една жена загинала во Квебек кога брод се превртел во реката Отава, јавува Би-би-си.
За време на невремето кое траело повеќе од два часа биле соборени многу дрвја, оштетени куќи, а имало и нарушувања во oдвивањето на сообраќајот.
Европа
Лукашенко пристигна во Сочи на разговори со Путин

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, пристигна во Сочи на разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, соопшти денеска градоначалникот, Алексеј Копајгородски.
Путин и Лукашенко ќе се сретнат утре, пренесува „Известија“.
Кремљ претходно соопшти дека за време на разговорите на 23 мај, претседателите на Русија и Белорусија ќе разговараат за развојот на односите меѓу двете земји, со акцент на интеграциската соработка во рамки на Сојузот Русија и Белорусија, како и за меѓународни прашања.