Свет
Еден загинат и 6 повредени при уривање рудник во Иран
Рудник се урна во градот Гилан Гарб во западната иранска провинцијата Керманшах при што едно лице загина, а уште се 6 повредени, од кои две се во многу критична состојба, соопштија официјални лица за вонредни состојби, пренесува иранската новинска агенција „Тасним“.
Настанот се случил денеска напладне, пренесува „Тасним“ повикувајќи се на Црвената полумесечина во Керманшах.
Гувернерот на Гилан Гарб, Курош Махмудијан, изјави за државната телевизија дека сите рудари заробени во рудникот се спасени и пренесени во медицинските центри во Гилан Гарб и Каср-е Ширин.
Рудникот Гилан-е-Гарб се смета за високо потенцијална област за јаглеводороди поради неговиот длабок потенцијал во форма на нафта и гас и природен битумен на површината, се вели во написот објавен на веб-страницата ResearchGate.
Според студијата објавена на веб-страницата, Гилан-е-Гарб се наоѓа во преклопниот појас во Загорос, чии источни делови се дел од седиментниот басен Лурестан и западниот дел на северниот седиментен басен Дезфул.
Во мај 2017 година, 42 лица загинаа во експлозија на рудник за јаглен во Земестанјурт во северната провинција Голастан. Околу 500 рудари работеа во рудникот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Од строго чуван затвор во Португалија побегнаа петмина затвореници
Петмина затвореници, меѓу кои еден Британец, Аргентинец и Грузиец, како и двајца Португалци, побегнаа од строго чуваниот затвор во Вале де Жудеуш, 30 км северно од Лисабон, соопштија португалските власти.
Според португалската затворска служба, мажите на возраст од 33 до 61 година побегнале вчера во 10:00 часот со помош однадвор, користејќи скали за да ја прескокнат затворската ограда. Полицијата веднаш била испратена за да ги пронајде бегалците, соопштија властите.
Двајцата Португалци служеле казни од 25 години за дела поврзани со трговија со дрога, кражби, грабежи и киднапирања. Останатите тројца исто така биле осудени за слични кривични дела.
Затворот Вале де Жудеуш е строго обезбеден и има капацитет од 560 затвореници.
Регион
Легендарниот рокер Бора Чорба погребан со хитот “Погледај дом свој анџеле“
Легендарниот рокер, фронтмен на групата „Рибља чорба“, Бора Ѓорѓевиќ (72) денес е погребан. Семејството, колегите, но и бројни пријатели и обожаватели се собраа на Градските гробишта во Чачак за да го кажат последното збогум и да се простат од него.
Хорот на гимназијата од Чачак по црковниот обред го испеа најголемиот хит на Бора „Погледај дом свој анџеле“, а овој момент расплака многумина и тоа беше најтажната сцена од гробиштата.
Рокерот Бора Ѓорѓевиќ (72) почина во средата на 4 септември во Љубљана по тешко боледување.Легендарниот рокер ќе почива во родниот Чачак, што му беше и последна желба.
Роден е на 1 ноември 1952 година.
Свет
Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж
Вселенското летало Старлајнер на Боинг слета без екипаж во пустината во Ново Мексико, со што заврши тримесечната пробна мисија отежната од технички проблеми.
Вселенското летало доцна синоќа самостојно го почна своето шестчасовно патување до Земјата, а астронаутите Буч Вилмор и Сани Вилијамс, првиот екипаж што леташе со Старлајнер, останаа на Меѓународната вселенска станица (МВС).
Беше одлучено Вилмор и Вилијамс да останат на МВЦ до февруари 2025 година, бидејќи Старлајнер се врати на Земјата користејќи маневри премногу опасни за екипажот.
Леталото повторно влезе во атмосферата на Земјата околу 5 часот утрово по средноевропско време, со орбитална брзина од приближно 27.400 километри на час.
Вилмор и Вилијамс ќе продолжат да спроведуваат научни експерименти додека се во вселената, а се очекува да се вратат на Земјата во февруари 2025 година со вселенско летало на компанијата СпејкИкс.