Контакт

Свет

(видео) Еден уапсен по пукањето во Хале, ново пукање во Ландсберг

Објавено пред

Германската полицијата потврди дека едно лице е приведено по пукањето во Хале во кое загинаа две лица, а неколку други се повредени. Граната бил фрлена и на еврејските гробишта.

Тие не изнесуваат детали за уапсениот и за целта на нападот. Весниците „Билд“ и „Мителдојче цајтунг“ објавија дека пукањето се случило во близина на синагогата. Едно лице интервјуирано на телевизијата „НТВ“ изјави дека бил во продавница за донер кога видел маж со кацига и воена јакна, кој потоа испукал истрели во продавницата.

Подоцна и корисник на интернет објави фотографија од наводниот напаѓач со автоматско оружје во рацете и со воена јакна и шлем.

Приведен е маж, а повеќе детали за него полиција ќе соопшти подоцна. Постојат индиции за тројца сторители, но досега ова се непотврдени информации.

На интернет циркулира и наводна снимка од еден од напаѓачите, кој почнува да пука излегувајќи до автомобил, но автентичноста на снимката не е потврдена

Портпарол на полицијата изјави за ТВ-каналот „НТВ“, дека има две места на злосторство – продавницата за донер и синагогата. Макс Приворотски, претседател на еврејската заедница во Хале, изјавил за „Шпигел“ дека двајца напаѓачи се обиделе да влезат во синагогата, во која имало 70 до 80 луѓе. Соучесниците на напаѓачот подоцна, наводно, избегале со автомобил.

Полицијата предупреди на Твитер дека луѓето во околината треба да останат внимателни и увери дека работат на стабилизирање на ситуацијата. Тие најавија дека е зголемена безбедноста на синагогата во Дрезден и еврејските гробишта како заштитна мерка. Дрезден е на околу два часа од Хале. „Дојче бан“ ја затвори железничката станица во Хале по пукањето во синагогата.

Германскиот весник „Билд“ објави дека истрели се слушнале и на околу 15 километри од Хале во Ландсберг, а информацијата е потврдена и од полициски извор. Полицијата побарала и од жителите во Ландсберг да останат во своите домови. Не е познато дали се поврзани овие два инциденти.

Свет

Криминална група ограбувалa домови на познати фудбалери во Шпанија

Објавено пред

Пет лица се уапсени поради сомневање за вмешаност во низа грабежи на познати фудбалери во Шпанија. Во рамки на операцијата „Оп Хабитат Риниа“, шпанската цивилна гарда во блиска соработка со албанската полиција и Европол, уапси пет лица поради нивна наводна вмешаност во низа грабежи во домови на познати фудбалери во Шпанија.

Се претпоставува дека криминалната група ги следела активностите на фудбалерите преку нивните социјални мрежи, за да знае кога треба да делува. Во некои случаи членовите на семејството се наоѓале во домовите кога криминалната група упаѓала.

Шпанските власти заплениле накит, луксузни автомобили и илјади евраво готовина за кои се верува дека им припаѓаар на фудбалери и нивни семејства.

Пронајдени се и неколку предмети, кои имаат сентиментална вредност, вклучително и медалја од Лигата на шампионите, која е украдена од куќата на везниот играч на Атлетико Мадрид.

Прикажи повеќе...

Свет

Нетанјаху го врати мандатот по неуспехот да формира влада

Објавено пред

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го извести претседателот Рувен Ривлин дека му го враќа мандатот бидејќи не успеал да формира влада. Ривлин му довери мандат на Нетанјаху да формира влада по парламентарните избори на 17 септември.

„Кога го добив мандатот, работев неуморно да формирам широка влада со национално единство. Тоа го сака народот“, порача Нетанјаху преку видеоснимка на „Фејсбук“.

Тој додаде дека напорите да го доведе Ганц на преговарачка маса и да спречи уште едни избори не вродиле со плода зашто лидерот на сојузот на партиите на центарот „Сино бело“ постојано го одбивал тоа.

Претседателот Ривлин соопшти дека планира да го задолжи Ганц, поранешниот началник на Генералштабот, да се обиде да формира владејачка коалиција. На располагање ќе има 28 дена.

Прикажи повеќе...

Регион

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Објавено пред

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување со одлуката на францускиот претседател, Емануел Макрон, да го блокира почетокот на претпристапните преговори на Северна Македонија и Албанија.

Како што пренесува БГНЕС, учесниците извикуваат „Бугарија и Македонија под едно небо!“, „’Не’ на лицемерството, ‘да’ на Македонија“.

„Сведоци сме за заживување на француско-српската унија, која последниве години беше запоставена и има цел да ја блокира европската иднина на Македонија“, изјави познатиот балкански специјалист и публицист Иван Николов.

Тие повикаа на бескомпромисна и постојана поддршка за европското членство на Македонија бидејќи во спротивно поддршката од надворешни националисти ќе го дестабилизира целиот регион.

Учесниците на собирот го повикаа Макрон да ја преиспита својата одлука и да биде во висина на големите француски државници, како Де Гол и Ширак, и да не ги загрозува стабилноста и безбедноста на Балканот. Тие истакнаа дека„ова е прв протест во Европа за членство на една држава во ЕУ.

Во писмото до Маркон, кое му го доставија на претставник на француската амбасада, организаторите на собирот го повикаа францускиот претседател да не дозволи Република Северна Македонија да биде извор на политички хаос.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Едногласно ја преименувавме коалицијата во „Обнова на Македонија“

По средбата со коалициските партнери, Мицкоски рече дека едногласно се договориле да го сменат името на коалицијата во „Обнова на...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски на средба со коалициските партнери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во седиштето на партијата е на средба со своите коалициски партнери. Состанокот следува по...

Регион4 часа

Протест пред француската амбасада во Бугарија против одлуката на Макрон за Северна Македонија

Десетици интелектуалци, јавни личности и граѓани се собраа вечерва пред француската амбасада во Софија за да го искажат своето несогласување...

Свет4 часа

Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за брегзит

Барањето на британската влада пратениците да гласаат со „да“ или „не“ за договорот за брегзит, што го постигна премиерот Борис...

Македонија6 часа

Конте: Преговорите за проширување на Балканот треба да почнат во ноември

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, порача дека Рим ќе предложи Европската Унија повторно во ноември да ги почне преговорите за проширување...

Топ7 часа

Млад скопјанец се фрлил од вториот кат на зграда

Во Полициската станица Центар во вечерните часови на 20 октомври било пријавено дека на скопскиот булевар Кирил и Методиј едно...

Македонија9 часа

(Видео) Симовски: Нема попис во април, ќе се пролонгира

Април е непогоден термин за пописот и треба да се пролонгира, вели Апостол Симовски, директор на Државниот завод за статистика,...

Економија10 часа

Бензините поевтинуваат, цената на дизелот останува иста

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат, додека цената на дизелот останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажната цена...

Македонија10 часа

Столтенберг телефонски разговараше со Заев: Со нетрпение ја очекувам Северна Македонија во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, на својот твитер-профил денеска напиша дека имал добар телефонски разговор со премиерот Зоран Заев...

Топ11 час

Возило удри во две девојки – возачот прво побегнал, па потоа сам се пријавил во полиција

Две девојки се повредени во Скопје, кога возило удрило во нив на булеварот Кочо Рацин во Скопје. Возачот најпрво побегнал,...

Македонија12 часа

(Видео) Татко му на Боки 13: Не сум Сталоне па да тепам луѓе за една минута

Поради отсуство на скопската обвинителка Имран Османи, утрово во кривичниот суд беше одложено судењето за татко му на Боки 13,...

Свет13 часа

Студенти во Индија носат кутии на главите за време на испит за да нема измами

Индиските студенти носат кутии на главите за време на испитот за да спречат измама. Вакви фотографии се појавија во јавноста...

Европа13 часа

Aко планот на Џонсон не помине, ЕУ ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година

Европската Унија ќе го одложи брегзит до февруари 2020 година, ако британскиот премиер Борис Џонсон не добие поддршка за неговиот...

Македонија14 часа

Земјотрес во Албанија, почувствуван во западните делови од нашата земја

Земјотрес со јачина од 3,1 степен синоќа ја погоди Албанија, а потресот бил почувствуван во западните делови на нашата земја,...

Свет14 часа

10 илјади полицајци на улиците на Чиле, приведени 1.462 демонстранти

По итен состанок доцна во неделата претседателот на Чиле, Себастијан Пињера, ја бранеше својата одлука да воведе вонредна состојба и...

Свет15 часа

(Видео) Ескалираше бранот насилство во Чиле, петмина загинаа во запалена фабрика

Пет лица загинаа откако фабрика за облека беше запалена од ограбувачи во близина на главниот град на Чиле, Сантијаго, среде...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: По 3 јануари имаме техничка влада и нова реалност

Имаме нова реалност. На 3 јануари имаме нов технички премиер, а по изборите и нова влада, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Предвремени избори на 12 април

Дванаесетти април идната година е датумот на кој ќе се одржат предвремените избори, изјави претседателот на СДСМ и премиер, Зоран...

Македонија1 ден

Пендаровски: Имаме државен консензус за ЕУ, не размислуваме за алтернатива

Имаме јасен државен консензус, а тоа е дека Република Северна Македонија треба што поскоро да ги почне преговорите со Европската...

Топ1 ден

Стружанец пијан паднал од балкон и починал

Педесет и осумгодишен стружанец доцна синоќа починал по пад од незаграден балкон во неговиот дом. МВР соопшти дека мажот бил...

Досие