Свет
Експерт за хемиско оружје: Да бидеме внимателни за наводите за руски хемиски напад

Експерт за хемиско оружје повикува на претпазливост кога станува збор за наводите дека во нападот на Мариупол било употребено хемиско оружје. Тој посочува дека има малку информации за тоа што се случило.
Ден Казета од Royal United Services Institute рече дека е тешко да се процени целата ситуација од далечина, особено кога голем дел од неа се потпира на извештаи од втора или трета рака наместо на докази од местото на настанот.
„Симптомите што наводно ги имаат украинските војници, како отежнато дишење, не ни кажуваат многу“, рече тој.
„Информациите што ги имаме се дека луѓето имале вртоглавица. Она што го немаме се знаци и симптоми (и каква било медицинска дијагностика), кои го стеснуваат фокусот на истражувањето на хемикалиите“, додаде.
Казета изнесе теорија дека симптомите кај војниците може да се должат на борби во индустриска област, каде што има многу фабрики и доаѓа до пожари и експлозии. Тој исто така рече дека Мариупол моментно е токсичен сам по себе.
„Погледнете ја поголемата слика. Мариупол во моментот е голема отровна јама. Некако треба да претпоставиме дека еден мал дрон е трагично нездрав од остатокот од околината“, рече тој.
Додаде дека е можен хемиски напад, но можно е и тоа да е резултат на палење некој индустриски материјал.
Тој рече дека наводите за хемиски напад исто така бараат претпазливост поради тековната информативна војна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бугарија нема да отстапи од ветото без согласност на парламентот

Го потврдивме ветувањето дека темата за Северна Македонија задолжително ќе помине преку Народното собрание, изјави портпаролката во кабинетот на премиерот Кирил Петков, Лена Бориславова по завршувањето на вонредниот коалициски состанок.
„Коалицијата ќе дејствува обединето, но оставете експертите да работат и да најдат најдобар начин да ја претстават бугарската позиција и да ја заштитат“, рече таа додавајќи дека за нив е важно да го бранат својот став.
„Ова нема да биде влада која ќе го предаде националниот интерес. Кога ќе имаме одлука и извештај на МНР кое известува за напредокот на бугарската позиција, ќе имаме предлог до Народното собрание. Во оваа фаза не сме таму“, додаде Бориславова, пренесе „Бтв.бг“.
Станислав Балабанов од Има таков народ рече дека секоја партија се согласила дека патеката по која Бугарија треба да оди е една во овој случај.
„Се надеваме во иднина на позитивни акции од Скопје“, рече Балабанов.
Европа
Кипар од 1 јуни ќе ги укине сите мерки за корона

Кипар ќе ги укине сите ограничувања за коронавирусот од 1 јуни, соопштија денеска властите во Никозија.
Нема да бидат потребни повеќе сертификати или тестови за вакцинација, а владата одлучи да ја укине обврската за носење маски за лице во сите затворени простори, освен во болниците, домовите за стари лица и другите затворени медицински установи, од 1 јуни, пренесува АП.
Европа
Кадиров: Полска може да биде следна

Лидерот на руската јужна провинција Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е поддржан од Кремљ, објави видео во кое предупредува дека Полска би можела да биде следна по Украина, пренесува Бета.
Во видеото што го објави на својата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена работа“.
Полска, која граничи со Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина и испраќа оружје и друга помош и досега прими милиони украински бегалци.
Кадиров потоа го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите понудени од рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се пофали со наводните настапи на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина, пренесе „Бета“.