Контакт

Свет

Експлозија во Кабул во близина на пасошки центар

Објавено пред

Експлозија одекна денеска во близина на влезот на канцеларијата за пасоши во Кабул, изјави авганистански претставник.

Засега не е позната причината за експлозиите, ниту се знае дали има жртви, изјави за „Ројтерс“ неименуван претставник на Министерството за внатрешни работи.

Голем број Авганистанци изминативе неколку дена стоеја пред канцеларијата и се обидуваа да добијат пасоши откако службата продолжи со работа по неколкунеделен прекин.

Регион

Влез во Косово само со потврда за три вакцини, или две вакцини и негативен ПЦР тест

Објавено пред

За влез во Косово од денска граѓаните треба да приложат потврда за примени три вакцини, или две вакцини и ПЦР тест не постар од 48 часа, јавија косовските медиуми.

Косовската влада ги одобри новите мерки против ковид, со кои, меѓу другото, се предвидува воведување ограничувања на движењето од 22 до 5 часот наутро, наместо на полноќ како што беше досега.

Угостителските објекти можат да ги извршуваат своите активности од 17 до 21 часот, а музиката е дозволена до 20.30 часот.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Токио четврти ден по ред го соборува рекордот на новозаразени

Објавено пред

Токио забележа најголем дневен број на зараза со коронавирус четврти ден по ред, додека варијантата омикрон продолжува брзо да се шири.

Во главниот град на Јапонија се регистрирани 11.227 нови случаи на зараза, соопштија локалните власти, еден ден по повторното воведување на ограничувањата за движење и деловни активности, кои треба да траат до 13 февруари.

Стапката на зафатеност на болничките кревети во Токио се зголеми на 34,3 отсто. Зголемувањето на 50 отсто би ја оправдало вонредната состојба со построги ограничувања, рекоа локалните власти.

Префектурата Осака соопшти дека денеска има 7.375 заразени, што е рекорд втор ден по ред.

Прикажи повеќе...

Свет

Првата пратка на американско оружје пристигна во Украина

Објавено пред

Првата пратка оружје од американскиот пакет безбедносна поддршка за Украина во вредност од 200 милиони долари пристигна во Киев, соопшти американската амбасада.

Испораката дојде по посетата на американскиот државен секретар Антони Блинкен на Киев оваа недела поради загриженоста на Киев и неговите западни сојузници за десетици илјади руски војници на границата со Украина. Русија негира дека планира нова воена офанзива.

„Смртоносна безбедносна помош“

„Пакетот помош од 200 милиони американски долари беше одобрен од Вашингтон во декември. „САД ќе продолжат да обезбедуваат таква помош за поддршка на украинските вооружени сили во нивните тековни напори за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина од руската агресија“, наведе САД.

Во соопштението се додава дека пратката содржи „смртоносна безбедносна помош и муниција наменета за украинските бранители“. Украинскиот министер за одбрана им се заблагодари на САД за помошта.

„Како што претседателот Бајден му кажа на претседателот Путин, во случај на руска инвазија на Украина, Соединетите Држави ќе ѝ пружат помош на Украина и ќе ѝ испратат уште поголема одбрана“, се вели во соопштението на американската амбасада во Киев.

Украинскиот претседател му се заблагодари на Бајден за воената помош

Украинскиот претседател Володимир Зеленски напиша дека му е благодарен на американскиот претседател Џо Бајден за „невидената“ дипломатска и воена помош.

Соединетите Држави беа ангажирани во последниве недели во дипломатски активности со Русија за украинското прашање. Западните земји стравуваат дека Москва планира нов напад врз Украина, која ја нападна во 2014 година. Русија го негира ова, но вели дека може да преземе воена акција на неодредено време доколку не се исполнат безбедносните барања.

Паралелно, украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба рече дека разговарал со американскиот државен секретар Антони Блинкен за преговорите со Русија оваа недела.

„Добро е да се знае дека дипломатскиот пат со Русија останува активен“, напиша Кулеба на Твитер.

Русија вчера најсериозно му се закани на Западот

Русија вчера му се закани на Западот со „најтешките последици“ доколку продолжи да ја игнорира својата „легитимна загриженост“ за воените засилувања на САД и НАТО во Украина и на границите на Русија. Тој став му беше пренесен на Блинкен, кој во петокот во Женева се сретна со рускиот колега Сергеј Лавров.

„Антони Блинкен беше јасно информиран дека понатамошното игнорирање на легитимната загриженост на Русија, првенствено поради тоа што Соединетите Американски Држави и нивните сојузници во НАТО воено ја користат територијата на Украина, ќе има најсериозни последици во контекст на распоредување големи сили и средства на Алијансата во близина на нашите граници“, порача Москва.

На состанокот, Русија, исто така, инсистираше на „воспоставување директен дијалог“ меѓу Киев и проруските сепаратисти во источна Украина, каде што повеќе од 13.000 луѓе загинаа во војната во 2014 година.

Генералниот секретар на ОН: Сигурен сум дека нема да има инвазија, се надевам дека сум во право

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш синоќа изјави дека е „сигурен“ оти руската воена инвазија или упад во Украина „нема да се случи“ и изрази желба актуелната криза меѓу Русија и САД да се реши преку дипломатија.

„Не треба да има воена интервенција“, рече генералниот секретар на прес-конференција. „Сигурен сум дека тоа нема да се случи“, и „цврсто се надевам дека сум во право“, додаде тој. „Мислам дека дипломатијата е начин за решавање на проблемите“, рече Антонио Гутереш, предупредувајќи дека најлошото треба да се спречи.

Во средата, американскиот претседател Џо Бајден изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин, кој собра војска долж границата со Украина, не сака „војна од големи размери“. Но, „мислам дека ќе влезе“ во Украина на еден или друг начин, „нешто ќе треба да се направи“, додаде тој, без дополнителни детали.

Русија вели дека нема планови за воена интервенција во Украина, иако распоредила војници и оружје долж границите на двете земји.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Родители бараат укинување на задолжителното носење маски во училиштата

Иницијативата „Стоп за носењето маски во училиштата“ која обединува 12.000 родители, преку допис до медиумите тврди дека имаат поддршка од...

Македонија38 минути

Лирман: Важно е ЕУ, каде што припаѓа и Бугарија, да си го одржи ветувањето кон Северна Македонија и Албанија

Државната министерка во германското МНР, Ана Лирман ги поздрави позитивните сигнали од првата средба на македонскиот и бугарскиот премиер во...

Свет52 минути

Првата пратка на американско оружје пристигна во Украина

Првата пратка оружје од американскиот пакет безбедносна поддршка за Украина во вредност од 200 милиони долари пристигна во Киев, соопшти...

Македонија2 часа

Спасовски и МВР му дадоа македонски пасош на Звицер кој сакал да изврши атентат врз Вучиќ, oбвини ВМРО-ДПМНЕ

Скандал го тресе МВР по информациите на Европол дека е откриен заговор за атентат врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од...

Свет2 часа

СЗО: Повеќе од 340 милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирус

Бројот на регистрирани случаи на зараза со коронавирус во светот надмина 340 милиони луѓе, соопшти Светската здравствена организација. Според информациите,...

Македонија3 часа

Во притвор е спроведен возачот кој ја усмрти 24-годишната радовишанка на „Партизанска“

Судот доцна синоќа му одреди 30-дневен притвор на 22-годишниот Јордан Ѓ. кој со автомобил „цитроен Ц4“ ја усмрти 24-годишната радовишанка...

Македонија17 часа

Регистрирани 2.071 нов случај на Ковид-19 и 11 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на...

Македонија18 часа

Комисијата за заразни болести со препорака периодот за изолација да се намали на 7 дена

Намалување на периодот на изолција од 10 на 7 дена за ковид-позитивните пациенти е ставот што произлезе од денешната вонредна...

Македонија18 часа

Фон дер Лајен до Ковачевски: Лично сум подготвена да помогнам во процесот со Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски попладневно остварил телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која му го честитала...

Македонија20 часа

Опасност од одрон на карпа тешка 20 тони врз кањонот Матка – од ЦУК велат нема простор за паника

Центарот за управување со кризи доби известување од ЕВН за опасност од одрон на голема карпа над кањонот Матка. Директорот...

Регион21 час

Петков: Бугарија сама одлучува за својата одбрана

Бугарија сама ќе одлучува за плановите за одбрана во координација со партнерите од НАТО, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков....

Свет22 часа

Лавров по средбата со Блинкен: Следната недела од САД ќе добиеме писмени одговори

САД ќе ѝ дадат писмени одговори на Русија на барањата за безбедносни гаранции следната недела, изјави рускиот министер за надворешни работи,...

Македонија1 ден

Плевнелиев: Не сакаме да ги внесеме Тито и Сталин во ЕУ

Северна Македонија не ги спроведе потребните реформи за почеток на преговорите со Европската Унија. Македонските тајни служби се разгранок на...

Топ1 ден

Нова трагедија кај Струма: возач загина во сообраќајна несреќа со македонски камион

Возач на автомобил загина по сообраќајна несреќа што се случила со македонски камион на патот помеѓу Благоевград и граничниот премин...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ и натаму инсистира на предвремени избори, од СДСМ велат дека барањето е од пуста желба за власт

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и денеска порача дека е неопходно да се одржат предвремени парламентарни избори. Тие инсистираат на брзи избори, без...

Македонија1 ден

Снег и забрана за товарни возила на дел од патиштата

Утрово, поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за тешки товарни возила кај планинскиот премини Стража, патниот правец Деве...

Свет1 ден

Властите во Калифорнија предлагаат тинејџерите да се вакцинираат без согласност од родителите

Калифорнија треба да дозволи вакцинација на деца на возраст од 12 и повеќе години без согласност од родителите, предложи синоќа...

Македонија2 дена

Загина 24-годишна девојка – автомобил ја прегази на пешачки пред Сити мол

Загина 24-годишна девојка откако вечерва беше прегазена на пешачки премин во близина на Сити мол во Скопје. Девојката преминувала улица...

Економија2 дена

ЕСМ ќе управува со БЕГ заради континуирано обезбедување топлинска енергија

Владата донесе одлука за обезбедување дополнителни количини топлинска енергија во услови на кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија. „...

Свет2 дена

Бајден со нова закана кон Путин: Русија ќе плати висока цена

Американскиот претседател Бајден рече дека јасно му кажал на рускиот претседател Владимир Путин дека секое движење на руските воени сили...

Досие