Контакт

Европа

Експлозија во рудник во Чешка, расте бројот на загинати и повредени

Објавено пред

Најмалку пет рудари загинаа, а десетина беа повредени во експлозија на метан во рудник во североисточниот дел на Чешка, објави портпаролот на компанијата што управува со рудникот, Иво Челеховски.

Осум други, како што додаде тој, се водат за исчезнати по несреќата. Спасувачките екипи веднаш по несреќата излегле на терен. Се трага по исчезнатите.

Експлозијата се случила во дел од рудникот на 800 метри под земјата.

Европа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Објавено пред

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во Берлин го пречекуваше украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Меркел стоеше веднаш до Зеленски изложена на сонце додека воениот оркестар ги свиреше химните на Германија и Украина кога одеднаш почна да се тресе.

Сепак, според АП, по интонирањето на химната, Меркел изгледала подобро, а потоа бргу минала по црвениот килим со Зеленски и влегла во зградата во која се наоѓа нејзината канцеларија.

Пред влезот таа застанала да се поздрави со воениот оркестар.

Канцеларката подоцна на прес-конференција рече дека се чувствува добро.

„Оттогаш се напив најмалку три чаши вода, кои очигледно ми требаа, а сега сум многу подобро“, рече Меркел.

Таа еден час по состанокот со Зеленски, на заедничката прес-конференција изјави дека разговарале за билатералните прашања и мировниот процес во Минск.

Прикажи повеќе...

Европа

Чешката опозиција ќе гласа за недоверба во премиерот

Објавено пред

Чешките опозициски партии рекоа дека ќе гласаат за недоверба во владата на чешкиот премиер Андреј Бабиш поради наводни судири на интереси, иако немаат доволно гласови за тоа.

Петте партии ќе го поднесат барањето за специјална седница на парламентот во петок, објавија партиските водачи на прес-конференцијата одржана во вторникот.

„Оваа влада, со овој премиер, го оцрни угледот на Република Чешка и дома и во странство, па затоа сметаме дека овој чекор е морален и политички гест“, рече Марек Виборни, претседател на Христијанските демократи.

Бабиш ги негираше обвинувањата, нарекувајќи ги политички маневар.

Европската комисија претходно утврди дека Бабиш е во судир на интереси поради неговата деловна империја, а земјата би може да загуби дел од финансирањето од ЕУ како резултат на тоа.

Бабиш, исто така, се соочува со обвиненија за можно мешање во кривичен случај во кој полицијата препорача да се започне судење на премиерот за субвенција од ЕУ во висина од 2 милиони евра за фарма и конференциски центар.

Со поддршка на Комунистичката партија, малцинската влада на Бабиш контролира 108 гласови во долниот дом на парламентот од 200 члена. За да усвои гласање за недоверба, опозицијата треба да има 101 глас.

Претседателот на долниот дом може да свика гласање за недоверба откако ќе добие официјално барање. Сè уште не е предложен датум за истото.

Прикажи повеќе...

Европа

Европскиот суд пресуди дека германските патарини за туристи се дискриминирачки

Објавено пред

Планираната германска патарина за автомобили ги дискриминира странските возачи и го крши законот на Европската Унија, рече највисокиот суд на ЕУ во вторникот.

Европскиот суд за правда ја поддржа жалбата од Австрија, која смета дека економскиот товар од патарина паѓа исклучиво на возачите од земјите на ЕУ, освен Германија.

Пресудата значи дека Германија не може да ја воведе патарината што требаше да стапи во сила во октомври 2020 година, а која беше изгласана во 2015 година со закон, со кој се утврди наплатата за патничките автомобили што ги користеа автопатиштата во земјата.

Оние со автомобили регистрирани во Германија би платиле годишна такса од речиси 130 евра, но тие би добиле соодветно намалување на данокот на моторни возила.

Возачите што живеат на друго место исто така би плаќале за возење на германски автопати повторно до најмногу 130 евра годишно. Тоа ги загрижи австриските возачи бидејќи најбрзата маршрута исток-запад низ Австрија вклучува кратенка низ Германија наречена германски агол.

Австрија има сличен годишен приход – но без даночни олеснувања за локалните возачи – што може да ги иритираат Германците што одат во Австрија на одмор или преминуваат низ земјата на пат кон Италија.

Австрија, поддржана од Холандија, се пожали дека даночното олеснување за германските жители ефективно би значело дека само странските возачи ги плаќаат патирините.

Судот се согласи во вторникот велејќи дека планираниот систем претставува индиректна дискриминација врз основа на националноста.

„Верувам дека оваа одлука на ЕСП навистина е добар ден за Европската Унија… и дека тоа е исто така знак, јасен сигнал во корист на праведноста“, изјави австрискиот министер за транспорт, Андреас Рајхард.

Германија, поддржана од Данска, тврди дека наплаќањето на патарината е во согласност со транспортната политика на ЕУ и принципот дека корисниците и загадувачите треба да ги платат трошоците за користење на автопатите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија27 минути

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет57 минути

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ3 часа

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија3 часа

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа5 часа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија7 часа

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија8 часа

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет8 часа

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион8 часа

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија10 часа

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт10 часа

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет11 час

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет11 час

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија12 часа

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија12 часа

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина...

Hitech14 часа

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Крвав четврток1 ден

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија1 ден

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија1 ден

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија1 ден

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Досие