Свет
ЕМА го брани својот пристап за одобрување на вакцината против коронавирус
Европската агенција за лекови (ЕМА) го брани својот пристап за одобрување на вакцината против коронавирус, велејќи дека тоа е најсоодветен можен начин, додека Велика Британија веќе даде зелено светло за вакцината што ја развија американската компанија „Фајзер“ заедно со германскиот „Бионтек“.
ЕМА треба да се состане најдоцна до 29 декември за да одлучи дали ќе даде условно одобрение за оваа вакцина.
Од британска страна, неколку членови на владата оценија дека излегувањето од ЕУ ѝ овозможи на земјата да го забрза одобрувањето на вакцината пред нејзините европски соседи со тоа што ќе се ослободи од вообичаените прописи.
Во периодот на транзиција до 31 декември Велика Британија технички подлежи на регулативите на ЕУ, вклучително и за лекови, но новата вакцина ја одобри врз основа на вонредни мерки.
„ЕМА проценува дека условното одобрување на употребата на вакцината е регулаторен механизам кој најмногу одговара во справувањето со вонредната состојба предизвикана од сегашната пандемија“, велат од Европската агенција за „Франс прес“.
Во итни случаи во јавното здравство, лабораториите можат да побараат условно одобрување за значително забрзување на процесот што обично трае неколку години.
Според европското регулаторно тело, ова значи солидна и контролирана рамка за проучување на лабораториските податоци и важните клинички испитувања пред да биде донесена каква било одлука.
„Овие се неопходни елементи за да се обезбеди високо ниво на заштита на граѓаните за време на масовна кампања за вакцинација“, додаваат од Европската агенција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Тешка сообраќајка меѓу два училишни автобуси: повредени деца во француски регион
Осум тинејџери се хоспитализирани откако два училишни автобуси се судрија во Лузарш во регионот Вал д’Оаз.
До судирот дошло околу 17:00 часот кога две возила превезувале вкупно 32 основци и средношколци, јавува весникот Паризјен.
Според првите информации, возачот на автобусот закочил или забавил, што го изненадило возачот кој го следел и потоа удрил во задниот дел на првиот автобус.
Вкупно 20 ученици се полесно повредени.
Осуммина биле итно пренесени во болница, особено жалејќи се на болки во вратот.
Полицијата отвори истрага за инцидентот, пренесуваат медиумите во регионот.
Регион
Борисов ја повлекува кандидатурата за премиер
Лидерот на централно-десничарската бугарска партија ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов, ја повлече својата кандидатура за премиер на Бугарија и одлучи да го врати мандатот за формирање влада.
„Не сакам повеќе да се занимавам со оваа земја. Ќе го вратам мандатот штом го добијам“, изјави Борисов на прес-конференцијата.
Борисов ја донесе одлуката по неуспешните преговори за коалиција по парламентарните избори во октомври, на кои ГЕРБ освои најмногу гласови, но без доволно мнозинство за самостојно да формира влада.
Минатата недела Борисов и понуди на коалицијата „Продолжување на промените – Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) поддршка за кандидатурата на Атанас Атанасов за претседател на парламентот, под услов да формираат заедничка влада со него како премиер, но тој предлог беше одбиен.
Парламентот се уште е блокиран, а пропаднаа и обидите за избор на претседател на Собранието.
Свет
Русите објавија фотографии: „Ова се американски АТАКМС во Русија, подготвуваме одговор“
Министерството за одбрана на Русија тврди дека Украина истрелала неколку американски ракети со долг дострел АТАКМС кон Русија во изминатите неколку дена.
Москва најавува одговор.
„Според потврдени податоци, во последните три дена украинските вооружени сили извршиле два напади со западно оружје со долг дострел на цели во Курската област“, соопшти Министерството за одбрана.
Во саботата, според Русите, Украина истрелала пет АТАКМС во областа Лотарјовка, 37 километри северозападно од Курск, гаѓајќи го противвоздушниот систем С-400.
„Две од нив ја погодија својата цел“, се вели во соопштението, додавајќи дека системот е оштетен, а луѓето се повредени.
Вчера, Украина, исто така, „изврши уште еден напад со осум АТАКМС на аеродромот Курск-Восточни“, се вели во соопштението. Едниот сигнал до цента, две лица се повредени, а инфраструктурата е оштетена.
„Руското Министерство за одбрана ја следи ситуацијата и подготвува одговори“, се вели во соопштението.
Министерството објави и фотографии од остатоци од ракетите АТАКМС во Русија, но нивната автентичност не е потврдена.