Европа
ЕМА: Потребни се две дози вакцина против делта-сојот

Потребни се две дози на вакцина за заштита од делта-варијанта на коронавирусот, соопшти Европската агенција за лекови (ЕМА).
ЕМА ги повика земјите членки на ЕУ да ги забрзаат програмите за вакцинација, додека многу заразната варијанта делта забрзано се шири низ целиот свет.
„Потребни се две дози вакцина против Ковид-19 за соодветна заштита од варијантата делта“, се вели во соопштението на ЕМА.
Европскиот регулатор препорачува употреба на две дози фајзер/бионтек, модерна или астразенека.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Медведев: На крајот нема да има ниту Украина, ниту Зеленски

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, смета дека одложувањето на претседателските избори во Украина може да биде поврзано со фактот дека на виделина би можеле да излезат нови случаи на неверојатна кражба, а Зеленски сака самостојно да управува со сите пари.
„Конечно паднаа маските. „Радата“ ги откажа претседателските избори. Зашто додека војната трае до последниот Украинец – нема избори, има само Зеленски. И обратно, изборите за нив се неславен крај, бидејќи е веројатна појавата на конкуренти, што е крајно опасно во услови на неуспешна „контра-офанзива“ со голем број жртви; ќе се откријат нови случаи на безобразна кражба; Странските спонзори ќе почнат да си ги ставаат јајцата во различни корпи, а тој ќе сака сам да управува со сите пари“, напиша Медведев на Телеграм.
Медведев нагласи дека на крајот таква „Украина“ нема да има „претседател“, ниту таков „претседател“ ќе има „Украина“.
Парламентарните избори требаше да се одржат на крајот на октомври, но нивното одржување беше невозможно, бидејќи од февруари минатата година во земјава беше воведена воена состојба и неколку пати беше продолжена.
Според уставот, претседателските избори во Украина треба да се одржат во пролетта 2024 година, но во украинските медиуми веќе подолго време се зборува за можноста за нивно откажување или одложување. Според процедурата, властите треба да распишат избори три месеци однапред, односно до крајот на декември.
Европа
Сијарто со Лавров: Ја продолжуваме соработката со Русија без оглед на притисокот

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто, денеска изјави дека неговата земја ќе продолжи да соработува со Русија без оглед на надворешниот притисок и посочи дека шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров го уверил дека испораката на гас се одвива според планот, и така и ќе остане, пренесува Спутник.
Сијарто и Лавров разговараа на маргините на министерскиот состанок на ОБСЕ во Скопје.
„Будимпешта својата надворешна политика ја гради врз основа на националните интереси и не прифаќа притисок однадвор“, рече Сијарто и додаде дека соработката со Русија во енергетскиот сектор ќе продолжи како и досега.
„Во однос на испораките на природен гас и нафта, Лавров ме увери дека Русија и руските компании целосно ги исполнуваат и почитуваат договорите што ги имаме. Сите испораки се одвиваат според планот и така ќе останат“, изјави Сијарто.
Европа
Унгарски функционер до американскиот амбасадор: Помина времето кога вашите обвинувања за антисемитизам беа сфатени сериозно

Унгарскиот државен секретар за јавна дипломатија Золтан Ковач денеска изјави дека неговата земја има нулта толеранција за антисемитизмот.
„Не само што Евреите не се напаѓаат на улиците на Унгарија. Еврејскиот живот доживува ренесанса во Унгарија“, напиша Ковач на социјалната мрежа Х.
Ковач реагираше на критиките на американскиот амбасадор во Будимпешта, Дејвид Пресман, велејќи дека поминало времето кога неговите обвинувања за антисемитизам биле сфатени сериозно.
Тој го праша американскиот дипломат што се случува во САД.
„Никој не може сериозно да го сфати вашиот обид да не научите“, рече Ковач.