Свет
Емотивно видео на татко кој секоја недела танцува пред болницата каде што се лекува неговиот син
На социјалните мрежи се споделува емотивно видео од татко како танцува пред болницата каде што неговиот син се лекува од леукемија. Видеото е објавено на фејсбук-страницата на Медицинскиот центар за деца Кук во Тексас, а многумина корисници на социјалните мрежи се трогнати од гестот на таткото чиј 14-годишен син Ајден се лекува од акутна лимфоцитна леукемија, пишува „Метро“.
На Ајден му била дијагностицирана болеста на почетокот на пандемијата на коронавирус, што ја принуди болницата да ги ограничи посетителите за да ја намали можноста за заразување на децата чиешто здравје е веќе кревко.
Дозволено е само еден родител да влезе во болницата, па така 14-годишниот Ајден при терапијата го придружува неговата мајка Лори. Но, неговиот татко Чак не се откажува од развеселување на својот син и танцува под неговиот прозорец, пренесува „Кликс“.
Чак може да го види Ајден само од далечина. Во обид да донесе насмевка на лицето на неговиот син, Чак танцува на паркингот на болницата секоја недела.
И покрај болеста, Ајден танцува со него, но во неговата болничка соба, каде што се обидува да ги следи движењата на неговиот татко. Неговата мајка Лори вели дека тоа е само еден од начините на кој таткото и синот ја одржуваат својата врска низ овој тежок и предизвикувачки период низ кој поминува нивното семејство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Земјотрес од 4,9 степени во Мексико
Мексико денес беше погодено од земјотрес со јачина од 4,9 степени по Рихтер, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и на 45 километри од Акапулко. Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.
JUST IN: 4.9 magnitude earthquake struck Guerrero, Mexico, tremors felt across multiple cities pic.twitter.com/zTJzvWx0LC
— Rapid Report (@RapidReport2025) January 16, 2026
Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на ЕМСЦ потресот бил почувствуван силно, креветите се нишале, а луѓето се буделе, бидејќи земјотресот се случил кратко пред 1 часот наутро по локално време.
Свет
Автобус удри во зграда во центарот на Сеул
Патнички автобус удри во зграда во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, објави Ројтерс, повикувајќи се на локални извори.
Според јужнокорејската новинска агенција Јонхап, во инцидентот се повредени 11 лица, а двајца од повредените се во тешка состојба и се префрлени во болница.
Телевизиските снимки од местото на настанот покажаа голем автобус, а предниот дел заглавен во стаклената фасада на зграда. Се чини дека возилото поминало низ широк дел од пешачката зона пред да удри во зградата.
Полицијата соопшти дека во овој момент нема индикации дека возачот бил под дејство на алкохол, но дека планираат да спроведат тест за дрога додека трае истрагата за причината за несреќата.
Фото: ЕПА
Свет
Прекинот на интернетот во Иран трае веќе втора недела
Прекинот на интернетот во Иран влезе во втората недела, а според организацијата „Нет блокс“, режимот го блокирал пристапот до мрежата повеќе од 180 часа.
Иако можноста за повици во странство беше обновена претходно оваа недела, интернет услугите сè уште се недостапни.
Ваквата ситуација го отежнува, иако не и целосно невозможно, добивањето информации, слики и видеа од земјата во реално време. Во исто време, им помага на властите во Техеран во обидот да го контролираат наративот за протестите и немирите.
Фото: depositphotos

