Свет
Епидемија на ебола во Конго, над 30 починати
Во источен Конго починале 33 лица, за кои се претпоставува дека биле заболени од ебола, соопшти министерството за здравство на оваа држава. Засега потврдени се 13 случаи на оваа хемороагична треска, вклучително и три смртни случаи, се наведува во соопштението. Исто така се додава дека сомнителни случаи се отркиени во провинцијата Северен Киву и Итури, пренесе Ројтерс.
Последното избивање на епидемија се случи една недела откако владата во Конго прогласи крај на епидемија во северозападиот дел на земјата, каде починаа исто така 33 лица.
Засега се идентификувани 879 лица кои имале контакт со пациенти заболени од ебола, соопшти министерството и додало дека следењето на тие контакти е тешко во тој дел од земјата поради движењето на населението и присуството на воени трупи.
Како и во западниот дел на Конго, здравствеаните власти планираат да испорачаат вакцини од производителот „Мерк“, кои помагаат во спречување на ширењето на вирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

