Контакт

Европа

ЕП го одби предлогот Унгарецот Трочањи да биде нов комесар за проширување

Објавено пред

Европскиот парламент го отфрли предлогот на Урсула фон дер Лајен, Унгарецот Ласло Трочањи да биде нов еврокомесар за проширување и добрососедска политика, поради судир на интереси, пренесе „Танјуг“.

dobivaj vesti na viber

Комисијата гласаше и против романската кандидатка, Рована Плумб.

По ваквата одлука, се очекува реакција од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Негативната одлука за овие двајца кандидати теоретски значи дека тие нема да можат да бидат сослушани од Европскиот парламент и дека од двете земји треба да бидат предложени нови кандидати.

Меѓутоа, со оглед на тоа што ваквата процедура првпат се користи во ЕУ, нејасно е каква позиција ќе заземе претседателката Фон дер Лајен.

Трочањи и Плумб имаат конфликти на интереси кои не им овозможуваат да бидат европски комесари.

Ставот на Комисијата е дека не може да им бидат доделени други портфолија и дека овие двајца кандидати не се способни да ја извршуваат онаа функција.

Се очекува реакцијата на Европската комисија, но, доколку се почитуваат правилата, тогаш Ласло Трочањи и Рована Плумб не можат да ја вршат функцијата комесар.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Хаос во Франција: Демонстрантите палат контејнери, фрлаат камења по полицијата, а тие им возвратија со солзавец

Објавено пред

Групи маскирани демонстранти денеска протестираа против францускиот претседател Емануел Макрон и непопуларната пензиска реформа, палејќи корпи за отпадоци и фрлајќи камења врз полицијата во Париз, која одговори со солзавец.

dobivaj vesti na viber

Како што јави Ројтерс, судири меѓу демонстрантите и полицијата имало и на улиците на Рен, Бордо и Тулуз, додека во Нант биле запалени филијали на банки и автомобили.

Претходно денеска, француската влада го отфрли новото барање на синдикатите за суспендирање и преиспитување на нацрт-законот за пензија со кој ќе се зголеми старосната граница за пензионирање за две години од 62 на 64 години, што ги налути синдикалните лидери и работниците, кои рекоа дека владата мора да најде излез од криза.

Владата најави дека е „повеќе од подготвена“ да разговара со синдикатите, но за други теми и повтори дека нема да го менува ставот за пензиската реформа.

Милиони луѓе во Франција демонстрираа и штрајкуваат од средината на јануари за да се спротивстават на законот, а протестите се интензивираа откако владата употреби специјална моќ да го протурка законот во парламентот без гласање на пратениците.

Минатата недела во Париз, членовите на анархистичкиот „Црн блок“ кршеа излози, демолираа автобуски станици и ограбија ресторан на Мекдоналдс, а според Ројтерс, атмосферата на улиците потсетувала на немирите видени на протестите на „Жолтите елеци“ за време на Првиот мандат на Макрон,пренесе Телеграф.рс.

Прикажи повеќе...

Европа

Шкотска го доби првиот премиер муслиман

Објавено пред

Поддржувачот на независноста Хумза Јусаф денеска беше официјално потврден за премиер на Шкотска во локалниот парламент, со што стана првиот нејзин лидер кој е муслиман и доаѓа од имиграциско потекло.

dobivaj vesti na viber

Хумза Јусаф (37) денеска беше избран за претседател на Шкотската национална партија (СНП) што се залага за независност на партиските избори по ненадејната оставка минатиот месец на Никола Старџен, која ја извршуваше оваа функција осум години.

Хумза Јусаф, чии баба и дедо емигрирале во Глазгов од Пакистан пред 60 години, утре официјално ќе ја преземе функцијата и ќе положи заклетва во Врховниот суд на Шкотска.

„Ова е горд ден за мене и моето семејство, се надевам дека е горд ден и за Шкотска, бидејќи кажува многу за нашите вредности“, рече Јусаф веднаш по гласањето.

Хумза Јусаф ја презема власта во време кога се чини дека борбата за независност е во ќорсокак, оживувајќи ги поделбите во СНП и поттикнувајќи ги апетитите на конзервативците, на власт во Лондон, и на лабуристичката опозиција,пренесе Индекс.хр.

Прикажи повеќе...

Европа

Принцот Хари повторно удри по кралското семејство: Криеја од мене дека телефон ми е хакиран

Објавено пред

Принцот Хари за време на судењето изјави дека британското кралско семејство криело од него дека телефонот му бил хакиран бидејќи не сакале тој да поднесе обвинение.

dobivaj vesti na viber

Во изјавата за неговата тужба против Дејли Мејл, војводата од Сасекс рече дека бил принуден да се согласи со правилото наметнато од неговото семејство, кое било „никогаш да не се жали и никогаш да не објаснува“ во врска со односите со печатот.

“Во 2018 година станав свесен дека можам да поднесам тужба. Институцијата на кралското семејство криеше од мене информации за хакирањето на мојот телефон, а тоа ми стана јасно дури последниве години”, рекол принцот Хари, пренесува Скај Њуз.

Тој исто така рече дека сите членови на кралското семејство никогаш не разговарале заедно дали некој поднел обвинение.

„Секоја канцеларија во семејството е изолирана. Постои заблуда дека сите ние постојано комуницираме меѓу себе, но тоа не е точно“, рече тој,пренесе Телеграф.рс.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

(Видео) Пензионерката која го искара премиерот во маркет е активистка на ВМРО-ДПМНЕ

Пензионерката која го искара премиерот Димитар Ковачевски за високите замрзнати цени е Ацка Станишева, активистка на ВМРО-ДПМНЕ. Таа денес го...

Македонија8 часа

(Видео) Детали од пазарењето на премиерот, сдсмовка го чекаше кај брашното со вклучена камера

Со петнаесетина камери, премиерот Димитар Ковачевски беше пречекан во локален маркет во скопско Тафталиџе. Пред да почне со пазарење ги...

Свет11 часа

Убиените деца имале 9 години, напаѓачката била талентиран уметник и добар ученик

Вчера, три деца и тројца возрасни беа убиени во пукање во приватно основно христијанско училиште во Нешвил, на југот на...

Македонија12 часа

Славјанка Петровска секојдневно користи седативи и е опседната, рече Ковачки покажувајќи документ од психијатар

Пратеникот Драган Ковачки, денеска, на седницата за пратенички прашања рече дека поседува документ од специјалист психијатар, според кој министерката за...

Македонија14 часа

Сведоштво на татко: Син ми беше нападат во Капиштец од деца додека играше кошарка, деликвентите ѝ се познати на полицијата

Малолетно момче било нападнато во паркот „Капиштец“ во неделата додека играло кошарка. За случајот информира таткото на момчето, музичарот Петар...

Македонија14 часа

(Видео) Ковачевски се гледа поинаков од Груевски кога пазари во маркети пред камери

Премиерот Димитар Ковачевски, денес, на третото јавно пазарење избегна да каже колку ги плаќа луѓето што му смислуваат да оди...

Македонија15 часа

(Видео) Цените се до плафон, какво е ова поевтинување, го праша пензионерка Ковачевски

Најголемите пензии 4.000 денари, најмалите 900 денари, ве молам, кој може да преживее со 12.000 денари, беше прашањето на една...

Македонија15 часа

Забрана за работа 10 дена добија локалите „Интермецо“ и „Мош“

По зголемениот број пријави од граѓани за гласна музика од угостителски објекти и непочитување на работното време во ноќните часови,...

Македонија15 часа

(Видео) Ковачевски за Бектеши: Тој е по спортот, играл за „Влазерими“ како млад, а сега игра кај Груби во канцеларија

Поранешна ракометарка го застана премиерот Димитар Ковачевски на пазарењето пред камери утрово за да го поздрави. Му се претстави како...

Македонија16 часа

Сојузот на средношколците по договорот со МОН: Ќе се обезбедат банки со прашања за интерните испити

Државната матура ќе биде приспособена на состојбата во образованието и ќе биде олеснета за оваа генерација матуранти, која беше најмногу...

Европа16 часа

„Сè што можам да кажам е да се молиме“, Трамп за одлуката на Путин да распореди нуклеарно оружје во Белорусија

„Американците треба да се молат по одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да распореди нуклеарно оружје во Белорусија“, изјави поранешниот...

Европа17 часа

Кажале дека превезуваат керамички плочки – запленети над два тони кокаин во вредност од најмалку 20 милиони долари

Перуанските власти објавија дека полицијата во земјата запленила 2,3 тони кокаин во складиште во најголемиот залив во Перу, Ел Калао,...

Култура17 часа

Културните работници на протест пред Министерството за финансии – бараат повисоки плати

Денеска, во 10 часот, повторно пред просториите на Министерството за финансии, вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на...

Свет17 часа

Американците објавија импресивни податоци: Русите произведуваат повеќе тенкови отколку целиот свет заедно

Американските аналитичари признаа дека руската воена индустрија покажува неверојатни резултати. Заменик-претседателот на Советот за безбедност, Дмитриј Медведев, неодамна изјави дека...

Европа17 часа

Момче со нож избоде професорка во Бразил – се обидела да реши спор меѓу напаѓачот и уште еден ученик

13-годишен ученик од основно училиште со нож ги нападнал своите наставници во јавното училиште во Сао Пауло, Бразил, при што...

Европа17 часа

Бајден по трагедијата во Нешвил: „Мора да направиме повеќе за да го запреме насилството“

По нападот во училиште во градот Нешвил, Тенеси, во кое загинаа шест лица, меѓу кои три деца, американскиот претседател Џо...

Европа18 часа

Британски „Телеграф“: На руските регрути им се нуди бонус од 650 долари за секој поминат километар

На руските регрути им се нуди бонус од 650 долари (580 евра или 530 фунти) за секој поминат километар како...

Свет18 часа

(Видео) Поранешна ученичка уби шест лица во училиште во САД – објавени нови детали од нападот

Вчера, три деца и три возрасни лица беа убиени во пукање во приватно основно христијанско училиште во Нешвил, на југот...

Топ1 ден

Французин крадел во станови во Скопје, одреден му е притвор

31-годишен французин е во притвор откако бил уапсен за кражби во три стана во скопската општина Центар. Одреден му е...

Македонија1 ден

Старо ветување, нов министер: Лога вети дека за месец ќе заврши дискриминацијата на Јанкулоска и затвореничките

Старото ветување дека дискриминацијата на Гордана Јанкулоска и затвореничките во „Идризово“ ќе биде минато, го повтори и новиот министер за...