Европа
ЕП ќе гласа за економски санкции кон Турција

Европратениците денеска ќе гласаат за нацрт-резолуцијата со која се предвидуваат соодветни и целни економски мерки против Турција, откако вчера ја осудија турската иницијатива за формирање безбедносна зона во североисточна Сирија.
Нацрт-резолуцијата, која има поддршка од сите политички групи во Европскиот парламент, содржи осуда на турската иницијатива за формирање „безбедносна зона“ во североисточна Сирија и е основа за нови финансиски санкции кон Анкара. Во неа се бара суспензија на царинската унија на ЕУ и Турција, што би влијаело на трговската размена во вредност од 200 милијарди евра помеѓу земјите членки на ЕУ и Турција. Во нацрт-резолуцијата се отфрлаат иницијативите на Турција за формирање безбедносна зона и се бара воведување санкции за турски претставници, одговорни за наводно кршење на човековите права за време на турската офанзива во северна Сирија.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа ги укина санкциите кон Турција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
„Дојче веле“: Орбан сака да владее вечно

Унгарскиот парламент усвои измени на закони и на деловникот со кои практично се замолчува опозицијата, пишува „Дојче Веле“, додавајќи дека Виктор Орбан е подготвен на сè, само за да не ја изгуби власта.
Како што се наведува, на унгарскиот премиер очигледно ништо не му е поважно од останувањето на власт, па затоа на изборен пораз гледа како на лична навреда.
По 13 години на власт, фактот дека тој ги загуби локалните избори во многу важни градови, вклучувајќи ја и Будимпешта, е доказ дека системот на Орбан, кој на сите начини е насочен против опозицијата, не е непобедлив, констатира германската медиумска куќа.
„Сега тој го возвраќа ударот со цел дополнително да се осигура против губењето на власта на национално ниво. Деновиве парламентот усвои нови законски одредби, а планирани се и други. Тие се движат од ограничувања за формирање на пратенички групи, преку поголема контрола во културниот сектор, до понатамошно намалување на даночниот суверенитет на општините“, пишува ДВ.
Пред пет години, унгарскиот парламент го смени својот деловник и стана гласачка машинерија, додека опозицијата е само декорација, наведува ДВ и додава дека претседателот на парламентот Ласло Ковер не пропушта можност да ги прекори опозициските пратеници или новинарите кои известуваат за парламентарната работа.
Орбан постапуваше прилично умерено во последните неколку месеци и избегнуваше бранувања на политичката сцена, бидејќи целеше на тоа за свој човек да обезбеди место на функцијата европски комесар за проширување. Ова место и дава на Унгарија многу простор во нејзината политика кон Западен Балкан и поддршката на авторитарните лидери од регионот, оценува германскиот медиум.
Како што се наведува во текстот, од денот кога Оливер Вархели е именуван за комесар за проширување, Орбан повторно „пука рафално“ – против американскиот милијардер Сорос, против граѓанското општество и опозицијата, против „декадентниот“ Запад, што покажува дека не треба да се развиваат илузии за промени во неговиот начин на владеење.
Европа
Продолжува штрајкот во Франција: „Нема пауза за Божиќ, освен ако на владата не ѝ дојде паметот“

Жителите на Париз денеска може да користат само две линии од градското метро, бидејќи штрајкот на работниците поради пензиските реформи влезе во осмиот ден.
Тензии владеат во неколку региони во земјата, а полицијата утрово употреби солзавец за да ги растера демонстрантите во Нант, додека на протестите во Марсеј беа запалени возила, објави агенцијата АП.
Синдикатите цврсто ги отфрлија новите предлози на владата на претседателот Емануел Макрон, постепено да се спроведе план според кој најмладите работници во Франција, родени по 1974 година, би работеле до 64 години наместо до 62 со цел да дојдат до целосна пензија.
„Нема пауза за Божиќ, освен ако на владата не ѝ дојде паметот“, предупреди денеска Лорен Брун од синдикатот Конфедерација на трудот.
Отфрлањето на најновите предлози на владата, упатуваат на тоа дека работничките лидери се решени да штрајкуваат без ограничувања.
Иако парижаните се најмногу погодени, со оглед на тоа што највеќе се потпираат на јавниот превоз, јавноста има разбирање за демонстрациите.
Европа
Гласачко место во Шкотска преместенo поради сомнителна направа

Во Шкотска регистриран е инцидент пред почетокот на предвремените избори во Велика Британија. Во близина на гласачкото место Норт Ланкашир била пронајдена сомнителна направа. Полицијата како мерка на претпазливост врз неа извршила контролирана експлозија.
Направата била пронајдена на приземје од станбена зграда, во чија заедничка просторија било сместено избирачко место. Случајот бил регистриран околу 1 часот по полноќ, шест часа пред да се отворат избирачките места.
Избирачкото место потоа било пренесено во блиското основно училиште.
„Беше поставен кордон околу зградата, станарите од внатрешноста на кордонот беа евакуирани, а службите извршија контролирана експлозија како претпазливост. Во тек е истрага за да се утврди колку бил функционален уредот и сите околности поврзани со инцидентот“, соопшти полицијата.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми