Контакт

Европа

Ердоган: Немаме аспирации кон туѓото, но своето не го даваме

Објавено пред

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека Турција нема аспирации кон туѓи права, територии, мориња и природни ресурси, но дека нема да дозволи некој да има претензии кон неговата земја.

„Ние ги браниме правата и интересите на нашиот народ и држава, како и пријателите во и надвор од нашите граници, на копно, вода, во воздухот и насекаде. Без двоумење отидовме и покажавме решителност и сила каде и да се појави закана за нашата земја, од Ирак и Сирија до Либија и Егејското Море. Ги надминавме и сите економски трикови што ни ги подметнуваа и им покажавме на луѓето дека сме со нив“, рече Ердоган.

Германските медиуми неделава пишуваа дека е можен е конфликт во Егејското Море, откако Анкара објави дека ќе го испрати истражувачкиот брод „Орук Реис“ во близина на грчкиот остров Кастелоризо, што е на само три километри од турското копно.

Турција сака да ги испита потенцијалните подводни наоѓалишта на природен гас и нафта во таа област.

Сепак, Грција ја смета оваа морска зона како своја територија на која има ексклузивно право да го истражува и експлоатира морското дно.

Покрај ова, неделава се одржаа протести низ цела Грција поради одлуката на Турција да ја претвори „Аја Софија“ во џамија.

Турција неодамна го поништи 86-годишниот статус на поранешнта византиска катедрала „Аја Софија“ како музеј и од петокот објектот беше отворен за муслиманска богослужба.

Европа

Расте бројот на тешко заболени од коронавирус во Франција

Објавено пред

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во одделите за интензивна нега во Франција денеска се искачи на 384, што е повеќе отколку во петокот кога имаше 371 заразен, соопштија здравствените власти.

Ова е вторпат во изминатите седум дена бројот да се зголеми кога се намали за последните 16 недели. Според „Ројтерс“, бројот на пациенти во француските болници се намалил од 5.298 во петокот на 5.198, колку што има денеска.

Француските власти исто така објавија дека уште 29 лица починале од петокот, со што бројот на починати порасна на 30.249.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Италија 239 новозаразени лица во последните 24 часа

Објавено пред

Во Италија, во последните 24 часа се регистрирани 239 нови случаи на коронавирус, осум лица починаа и сите се од регионот Ломбардија, која во врвот на пандемијата, беше епицентар на заразата.

Тестирани се 43.269 лица, а вкупно 6.916.765 лица се тестирани од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Во моментов, на целата територија има 12.456 позитивни лица.

Владиниот техничко-научен комитет тврди дека епидемиолошката состојба е под контрола, а само Ломбардија регистрира смртни случаи. Од граѓаните се бара да ги почитуваат мерките за заштита, да носат маски, да одржуваат физичка дистанца и мерки за лична хигиена.

Прикажи повеќе...

Европа

Oд карантин во Шпанија побегнале 59 мигранти

Објавено пред

Група од 59 мигранти избегала од карантин во спортска сала во Шпанија, откако било утврдено дека тие биле во контакт со лица заразени од ковид-19.

Властите објавија дека на мигрантите им бил пропишан карантин од 14 дена во спортска сала кај градот Картагена, пишува „Ла Вердад“.

Полицијата досега успеала да пронајде и да врати 15 избегани мигранти.

Тие пристигнале во Шпанија со брод минатата недела преку Медитеранот во поголема група.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

(Видео) Конститутивната седница се одржува со зајакнати мерки за заштита од коронавирус

Конститутивната седница на новиот парламентарен состав се одржува под зајакнати мерки за заштита од коронавирус. Пратениците веќе почнаа да пристигнуваат...

Свет32 минути

Следната година Русите ќе ја тестираат вакцината против коронавирус врз деца

Националниот истражувачки центар „Гамалеи“ во Русија планира да започне со тестирање на вакцината против коронавирус врз деца во јануари-февруари следната...

Регион56 минути

Грчките премини „Дојрани“ и „Ники“ ќе се отворат по 15 август

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека грчките гранични премини „Дојрани“ и „Ники“ ќе бидат целосно затворени за сообраќај до 15.08.2020...

Топ1 час

Прегазена жена во Охрид

Деветнаесетгодишен скопјанец со „мерцедес“ на ул.„Сирма Војвода“ во Охрид удрил во пешакот М.Т.(58) од Охрид. Жената била префрлена за укажување...

Свет3 часа

Гутереш: Коронавирусот ќе уништи генерации поради затворањето на училиштата

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди дека светот се соочува со генерациска катастрофа поради затворањето на училиштата во...

Свет3 часа

СЗО ќе распореди меѓународен тим експерти во Вухан

Светската здравствена организација соопшти дека тимот што го истражува потеклото на пандемијата на коронавирусот ја завршил својата мисија во Кина...

Европа4 часа

Расте бројот на тешко заболени од коронавирус во Франција

Бројот на пациенти заразени со коронавирус во одделите за интензивна нега во Франција денеска се искачи на 384, што е...

Македонија15 часа

Привремено е прекината потрагата по момчето кое се удави во Преспанското езеро

Потрагата по момчето кое исчезна во водите на Преспанското езеро е привремено прекината поради временските услови. Како што информираат од...

Регион16 часа

Преглед на состојбата во регионот: Во Албанија почина уште еден лекар, во Србија пад на бројот на новозаразени

Преглед на состојбата со коронавирусот во регионот во изминатото деноноќие. Уште еден лекар почина во Албанија од коронавирус Во болницата...

Македонија17 часа

Поранешни вработени во СЈО бараат од Пендаровски да им се извини: „Обвинителството не беше една личност“

Поранешни вработени во Специјалното јавно обвинителство реагираа на говорот на претседателот Стево Пендаровски во Пелинце. Тие велат дека СЈО не...

Топ19 часа

Лекар од Итната помош физички нападнат од татко на починато лице

Taтко на момче кое починало во сообраќајна несреќа, нападнал лекар од Итната медицинска помош. Лекарот бил на интервенција по претходно...

Македонија19 часа

Досега 500 лица починаа од коронавирус во Македонија

Бројот на починати од коронавирус во земјава достигна 500 лица, откако денеска беа потврдени 3 нови смртни случаи. Тројцата починати...

Македонија20 часа

Гостивар со најмногу новозаразени во изминатото деноноќие

Гостивар е на врвот на листата со најмногу новозаразени од коронавирус во земјава во изминатите 24 часа. Според податоците на...

Свет21 час

СЗО: Mајките да ги дојат своите деца и кога имаат ковид-19

Светската здравствена организација денеска предупреди дека наспроти големите надежи за пронаоѓање на вакцина, можеби никогаш нема да има чудотворено решение...

Македонија22 часа

Нови 74 заболени и тројца починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 689 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на...

Свет23 часа

Германските ученици се вратија во училишните клупи во екот на пандемијата

Десетици илјади училишни деца денеска се вратија во училиштата во северна Германија. Мекленбург-Западна Померанија е првата од 16 германски држави...

Македонија23 часа

Џафери: Добро се чувствувам, јас ќе ја водам седницата

Претседателот на Собранието, Тала Џафери изјави дека утре тој ќе ја води конститутивната седница. Џафери денеска ја напушта Клиниката за...

Свет1 ден

Руски доктор: Пандемијата личи на проба за биолошка војна

Ситуацијата со пандемијата на коронавирус личи на проба за биолошка војна, изјави рускиот детски хирург, Леонид Рошаљ, пренесе „Спутник“. „...

Свет1 ден

Мелбурн ги затвора речиси сите продавници и фабрики за да го спречи вирусот

Вториот по големина австралиски град Мелбурн, во кој веќе на сила е ноќен полициски час, најави нови ограничувања за индустријата,...

Свет1 ден

Латинска Америка најтешко погоден регион во светот, има речиси пет милиони заразени

Аргентина вчера надмина 200.000 случаи на ковида-19, Колумбија поставува дневен рекорд, а во Латинска Америка се рушат црните рекорди со...

Досие