Свет
Ердоган: Ова во Газа не е војна, тоа е масакр
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган оцени дека израелската блокада и бомбардирањето на Газа како одмазда за нападот на палестинската милитантна група Хамас е непропорционален одговор и тоа е „масакр“. Со понудата на Анкара да посредува, Ердоган и неговиот министер за надворешни работи разговараа со регионалните сили и со САД.
Амбасадорот на Израел во Анкара рече дека е премногу рано да се зборува за посредување. „Ние сме отворено против убиствата на цивили на израелска територија. Исто така, никогаш не можеме да го прифатиме масакрот на беспомошните и невините во Газа со неселективно, постојано бомбардирање“, рече Ердоган на собирот на неговата партија.
Во обраќањето до владејачката партија во парламентот, Ердоган рече дека дури и војната има „морал“, но дека ескалацијата од викендот „многу сериозно“ ја има поткопано.
„Спречувањето на луѓето да ги задоволат своите најосновни потреби и бомбардирањето на домовите каде што живеат цивили – накратко, водење конфликт користејќи секакви срамни методи – не е војна, тоа е масакр“, рече тој, осврнувајќи се на исклучувањето на струјата и водата од страна на Израел, Газа и уништување на инфраструктурата.
Критикувајќи ги „несразмерните“ напади на Израел врз Газа, Ердоган во средата го повика светот да не зазема „слепо“ страна.
„Ги повикуваме земјите во Америка, Европа и другите региони да заземат став кон страната кој е фер, праведен и заснован на хуманитарен баланс“, кажа тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

