Свет
Ердоган: Турција не ќе може сама да се справи со нов бегалски бран од Сирија
Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, изјави дека неговата земја нема да може сама да се справи со уште еден бран сириски бегалци, пренесува ТАСС.
„Ако дојде уште еден нов бран сириски бегалци, Турција нема да може да се справи со тоа. Формулата за создавање безбедносни зони во Сирија, што ја предложивме на самиот почеток на сириската криза, е најпрактичниот начин да се вратат бегалците дома”, рече Ердоган за време на говорот во Истанбул.
Според Ердоган, престојот на бегалците на територијата на Турција не може да се смета како единствен начин за решавање на проблемот со сириските бегалци.
На почетокот на февруари Ердоган предложи создавање бегалски градови во Сирија, кои би се состоеле од куќи од контејнери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

