Европа
ЕУ ги договори мерките за патување во услови на епидемија
Членките на Европската Унија постигнаа напредок во координирањето на заедничкиот пристап кон мерките за ограничување на патувањето во време на пандемија, а Европскиот совет денеска усвои препорака за координиран пристап кон ограничувањата на слободното движење, како превенција од ширењето на коронавирусот.
Сите мерки со кои се ограничува слободното движење поради заштита на јавното здравје мора да бидат пропорционални и недискриминирачки и мора да се укинат веднаш штом епидемиолошката состојба го дозволи тоа, се наведува во препораките.
Земјите членки на неделно ниво треба да обезбедат достапни информации до Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), во однос на следниве критериуми:
– бројот на новопријавени случаи на 100.000 жители во последните 14 дена
– бројот на спроведени тестови во текот на изминатата недела на 100.000 жители (стапка на тестирање) и
– процентот на позитивни тестови спроведени во изминатата недела (стапка на позитивни тестови).
Врз основа на овие информации, ECDC треба да објавува неделни мапи на земјите членки на ЕУ со поединечно означени региони со цел да им помогне на властите при донесувањето на одлуки.
Областите треба да бидат означени со следниве бои:
– зелена ако стапката на пријавени случаи од 14 дена е помала од 25, а стапката на позитивни тестови е помала од 4%
– портокалова, ако стапката на пријавени случаи од 14 дена е помала од 50, но стапката на позитивни тестови е 4% или повеќе, или ако стапката на пријавени случаи за 14 дена се движи од 25 до 150, но стапката на позитивни тестови е помала од 4%
– црвена ако стапката на пријавени случаи од 14 дена е 50 или повеќе, а стапката на позитивни тестови е 4% или повеќе, или ако стапката на пријавени случаи за 14 дена е поголема од 150 и
– сива ако нема доволно информации или ако стапката на тестирање е 300 или помалку.
Земјите-членки не треба да го ограничуваат слободното движење на лицата кои патуваат од или до зелени области.
Доколку размислуваат за воведување ограничувања, земјите-членки треба да ги почитуваат разликите во епидемиолошката состојба помеѓу портокаловите и црвените области и да дејствуваат пропорционално. Тие исто така треба да ја земат предвид епидемиолошката состојба на територијата на нивната држава.
Земјите-членки, во принцип, не треба да одбиваат влез на лица кои патуваат од други земји-членки. Земјите-членки кои сметаат дека е потребно да се воведат ограничувања може да бараат од лицата кои патуваат од незелени подрачја да подлежат на:
– карантин
– тестирање по пристигнувањето
Земјите-членки исто така може да бараат од лицата кои влегуваат на нивната територија да достават обрасци за лоцирање на патници. Треба да се развие заеднички европски обрзец за лоцирање на патници, за можна заедничка употреба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Нова снимка од моментот кога дрон погоди база на Кипар
Беспилотно летало стигна до британската воздухопловна база на островот Кипар, изјави на брифинг портпаролот на владата Константинос Летимбиотис.
🇨🇾🚨Confirmed. Iran attacked Cyprus overnight
A drone reached the British airbase on the island, government spokesperson Konstantinos Letymbiotis said at a briefing.
There were no casualties, and only “minor damage” was reported.
The video shows the moment of the strike. pic.twitter.com/tzflBdcvGp
— NEXTA (@nexta_tv) March 2, 2026
Нема жртви, а пријавени се само „мали штети“. Видеото го прикажува моментот на нападот.
Британското Министерство за одбрана објави дека ги преместува семејствата од воздухопловната база на РАФ Акротири на Кипар, откако таа беше цел на сомнителен ирански напад со беспилотни летала синоќа.
Европа
(Видео) Украински дронови погодија клучно руско пристаниште, гори нафтен терминал
Експлозии го потресоа руското црноморско пристаниште Новоросијск во текот на ноќта, а снимките што ги споделија локалните жители покажуваат голем пожар на пристанишниот терминал. Градоначалникот Андреј Кравченко потврди напад со украински дрон и оштетување на неколку згради.
Новоросијск е клучно руско пристаниште за извоз на нафта и дом на поголемиот дел од руската Црноморска флота, која беше преместена таму откако украинските напади ги направија поморските бази во окупираниот Крим небезбедни.
Независниот руски медиум Астра, повикувајќи се на локални извори, објави пожар на нафтен терминал во Новоросијск. „Нафтен терминал во Новоросијск се запали, веројатно како резултат на напад со дрон“, соопшти Астра. Една од снимките што ги сподели Астра ги покажува жителите како трчаат за да се засолнат додека експлозиите одекнуваат низ градот.
Европа
(Видео) Експлозија во британска база во Акротири, Кипар, се сомневаат на напад со дрон
Британското Министерство за одбрана соопшти дека реагира на „напад со беспилотни летала“ врз неговата воена база на Кипар. Експлозијата се случи во базата на Кралските воздухопловни сили во Акротири на полноќ по локално време, но немаше жртви.
„Заштитата на нашите сили во регионот е на највисоко ниво и базата реагираше за да ги заштити нашите луѓе“, изјави портпарол на министерството за CNN. „Ситуацијата е активна и дополнителни информации ќе бидат дадени навремено“.
Regarding the incident that occurred shortly after midnight at the Akrotiri Base, information received through various channels indicates that it involved an unmanned drone, which caused limited damage.
The competent authorities immediately activated the prescribed security…
— Λετυμπιώτης Κων/νος (@letymbiotis) March 2, 2026
Портпаролот на кипарската влада, Константинос Летимбиотис, објави на социјалните мрежи дека во нападот „употребен е беспилотен авион кој предизвикал ограничена штета“. Ниту Велика Британија, ниту Кипар не кажаа за кого веруваат дека можеби стои зад нападот.
🚨 Cyprus media politis shared this video of alerts sounding on the Island pic.twitter.com/hwrswGlf00
— Powerline™ (@PowerlineUk) March 1, 2026
Инцидентот се случува откако Велика Британија ги засили своите воени бази на Кипар со напредни одбранбени мерки за поддршка на безбедноста и стабилноста на Блискиот Исток. Мерките вклучуваат радар, системи против беспилотни летала, борбени авиони Ф-35 и копнена воздушна одбрана.
Секоја потврда за напад врз британска воена база би можела да биде особено значајна бидејќи според Член 5 на НАТО, нападот врз една членка се смета за напад врз сите. Сепак, за другите членки на НАТО да се приклучат на конфликтот, нападнатата земја би морала формално да го повика Член 5.

