Контакт

Европа

ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија уште шест месеци

Објавено пред

Европската Унија денеска ги продолжи санкциите против Русија уште шест месеци.

dobivaj vesti na viber

Санкциите што се однесуваат на забрани за патувања и замрзнување имот на речиси 150 лица и 38 компании ќе бидат продолжени до 15 септември, соопшти Европскиот совет, а пренесува новинската агенција „Ројтерс“.

„Процената на ситуацијата не оправда промени во режимот на санкциите“, се наведува во соопштението на Советот.

Лицата кон кои се насочени санкциите се обвинети за акции што го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина“, стои во соопштението.

ЕУ пред три години воведе санкции за Русија кога жителите на Крим гласаа на референдумот за спојување на полуостровот со Руската Федерација.

 

Европа

(Видео) Во Индија нападната шпанска блогерска двојка: „Седум луѓе ме силуваа“

Објавено пред

Шпанската блогерска двојка Винсенте и Фернанда, кои биле на патување со мотор низ Индија, на социјалните мрежи објавија дека група мажи ги нападнале, ги ограбиле и ја силувале Фернанда.

dobivaj vesti na viber

Тие на 1 март објавија видео на кое се гледаат со модринки и отоци на лицето, додека и двајцата изгледаат потресени. Тие за шпанските медиуми изјавија дека биле нападнати во областа Думка во индиската држава Џарканд, популарна туристичка дестинација.

Таму застанале на пат кон Непал да се одморат и поставиле шатор во близина на пазарот Хансдиха. Откако заспале, тврдат, седум млади момчиња упаднале во шаторот и ги нападнале.

„Седум мажи ме силуваа. Не тепаа и ограбија иако не зедоа многу работи бидејќи нивната намера беше да ме силуваат“, рекла Фернанда на шпански на видеото, додавајќи дека им се заканувале дека ќе ги убијат.

„Не совладаа. Ми ставија нож на вратот и ми рекоа дека ќе ме убијат“, вели Винсенте во едно од видеата. „Фернанда беше силувана. Седум од нив. Седум луѓе“, додаде тој.

Устата ми е скршена, но Фернанда помина полошо од мене. Ме удрија со кацига по глава“, вели Винсенте во едно од видеата кои подоцна беа избришани од социјалните мрежи.

Полицијата во Думка им соопштила на новинарите дека шпанската двојка била пренесена на лекување во локалната болница. „Двојката зборуваше мешан шпански и англиски јазик, па патролниот тим на почетокот не ги разбра. Но, тие изгледаа видно повредени, па беа однесени на лекување“, изјавија од полицијата, додавајќи дека потоа им го спомнале наводното силување на лекарите.

Полицијата подоцна додала дека уапсила четворица мажи, а се уште трага по уште тројца. Нивниот идентитет се уште не е познат, но се знае дека се трага бидејќи ја претепале Фернанда. Силувањето не се споменува.

Би-би-си ја контактираше и бразилската амбасада во Индија, која соопшти дека Фернанда, која има двојно бразилско-шпанско државјанство, и Винсенте биле жртви на сериозен напад. Од амбасадата изјавија за Би-би-си дека ја контактирале жената преку локалните службеници, како и преку шпанската амбасада, бидејќи парот користел шпански пасоши за да влезе во Индија.

Винсенте и Фернанда се познати на социјалните мрежи по нивниот канал Vuelta Al Mundo En Moto (Околу светот на мотор) и поминале низ повеќе од 60 земји откако го започнаа своето патување околу светот од Барселона пред пет години.

Со своите мотоцикли поминале 170.000 километри. Тие се амбасадори на мотоциклите КЛМ, а имаат над 122.000 следбеници на Инстаграм, каде што ги документираат своите патувања.

Прикажи повеќе...

Европа

Експлозија на мост во Самара во Русија

Објавено пред

Железничкиот мост во близина на рускиот град Самара го потресе експлозија, јави новинската агенција РИА, повикувајќи се на итните служби.

dobivaj vesti na viber

Сместен на реката Волга во југозападна Русија, регионот Самара е еден од центрите на тешката индустрија во земјата.

Инцидентот бил предизвикан од експлозивна направа, пренесува ТАСС. Во последниве месеци, Русија пријави серија напади врз нејзината индустриска и логистичка инфраструктура за кои ја обвини Украина.

Нема извештаи за жртви, а сообраќајот преку мостот е во прекин, соопшти Руската железница.

Прикажи повеќе...

Европа

Крадецот на торбата со УСБ за Олимписките игри во Париз е осуден на седум месеци затвор

Објавено пред

Човекот кој во понеделникот вечерта украл торба од вработен во градското собрание на Париз, во која, како што пишуваа француските медиуми, имало безбедносни планови за обезбедување на Олимпијадата во Париз, е осуден на седум месеци затвор, објавија локалните правосудни извори.

dobivaj vesti na viber

Во воз на железничката станица во Париз, Гаре ду Норд, беше украдена торба со компјутер и два УСБ, која му припаѓалала на инженер вработен во париското градско собрание – 56-годишен маж кој ја ставил во багажниот простор над седиштето на возот.

Крадецот е маж роден 2001 година, а пред судот во француската престолнина се појави во петокот.

Кражбата предизвика загриженост откако полициски извор откри што имало внатре во чантата.

Но, париското обвинителство подоцна објави дека УСБ-то „содржел само информации за јавниот превоз во Париз за време на Олимписките игри, а не чувствителни безбедносни информации“, како што првично беше објавено.

Осомничениот и е од претходно познат на полицијата за кражби во јавен превоз.

Градскиот функционер ќе биде сослушан и затоа што треба да се утврди дали со носењето на УСБ-то ги прекршил правилата за внатрешна безбедност, се вели во соопштението за печатот од градското собрание на Париз.

За време на Олимписките игри во периодот од 26 јули до 11 август секојдневно ќе дежураат околу 35.000 лица од обезбедувањето, меѓу кои и две илјади агенти.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Притвор за мажот што палеше казино во Битола: истурил бензин врз шест слот-машини

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 35-годишен жител на селото Долно Оризари, кој е осомничен за кривично дело предизвикување...

Македонија3 часа

СДСМ: Пендаровски е победнички кандидат со јасна европска визија

Стево Пендаровски е победнички кандидат кој ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата, велат утрово...

Македонија3 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ користи шофер и возило за партиски активности

Бојан Маричиќ како вицепремиер за евроинтеграции да каже што е европски во злоупотребата на државно возило и шофер за партиски...

Свет3 часа

САД, Египет и Катар повикаа на прекин на огнот во Газа, Нетанјаху ги објави барањата

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, повторно го повика Хамас да направи отстапки пред понатамошните преговори за нов прекин на огнот и...

Македонија3 часа

Седуммина кандидати обезбедија место на гласачкото ливче за претседател на државата

Досега седум кандидати успеаа да го обезбедат своето место на изборите за претседател на државата, со последниот пресек на ДИК...

Македонија14 часа

СДСМ ја официјализираше кандидатурата на Пендаровски: „На граѓаните им треба претседател со јасна европска визија“

СДСМ на 27-миот Конгрес, попладнево ја официјализираше кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на државата. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски,...

Македонија17 часа

И Ванковска му одговори на Мицкоски; „Јас сум опозиција на сите“

Се зезнал! Ванковска е опозиција на сите од прв до последен! Опозиција на овој гнил систем и естаблишмент, на овој...

Македонија17 часа

Јакимовски до Мицкоски: Не сум се кандидирал за некому да попречам, јас не прифаќам споредни улоги

Досега никогаш во мојата долга кариера не сум се кандидирал за да му попречам на било кого. Јас и посакувам...

Македонија20 часа

Мицкоски: Улогата на Јакимовски и Ванковска со кандидатурата е да го ослабнат потенцијалот на Давкова

Јасна е улогата на Билјана Ванковска и Стевчо Јакимовски. Тие практично ја имаат улогата на опозиција на опозицијата во оваа...

Македонија20 часа

Мицкоски: До 14 часот се собрани над 22.000 потписи за идната претседателка на Македонија, Силјановска Давкова

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека до 14 часот се собрани над 22.000 потписи за пратеничката и професорка, Гордана...

Македонија23 часа

Пендаровски објави: Собрани се 10.000 потписи за неполни пет часа

Актуелниот претседател, Стево Пендаровски, кој се кандидира за втор мандат на претседателските избори објави дека за помалку од пет часа успеал...

Топ23 часа

МВР со детали за сообраќајката кај Штип: загина 66-годишник, сопатничката тешко повредена, вториот возач е приведен

Шеесет и шестгодишен маж загина во сообраќајката што се случи вчера попладнето на патот Велес-Штип. Според информациите од полицијата, во...

Македонија1 ден

Почна потпишувањето за кандидатурата на Силјановска-Давкова, ВМРО-ДПМНЕ очекува да бидат собрани за еден ден

Денеска се собирааат потписите за кандидатурата на професорката Силјановска Давкова за пртседател на државата. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека кандидатурата на...

Свет1 ден

Зеленски: Доцнењето на испораката на оружје за Украина доведува до загуба на животи

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, изјави дека доцнењето со испораката на оружје и системи за противвоздушна одбрана во Украина доведува до...

Регион1 ден

Сектолог за можното значење на симболите на ѕидовите на куќата во Нови Сад: „Дај Боже да грешам“

Цртежи од задгробниот живот од египетската митологија биле пронајдени на ѕидовите од куќата во Петроварадин каде се пронајдени безживотните тела...

Свет1 ден

Кремљ: Соборени 38 украински беспилотни летала над Крим

Руските системи за противвоздушна одбрана уништија 38 беспилотни летала лансирани од Украина над полуостровот Крим, објави државната новинска агенција РИА,...

Македонија1 ден

СДСМ денес на конгрес се очекува да ја официјализира поддршката за втор мандат на Пендаровски

СДСМ денес  во 18 часот ќе одржи конгрес на кој се очекува да ја официјализира поддршката за втор мандат на...

Регион2 дена

Ужас во Нови Сад: Деца на возраст од 1 и 3 години најдени мртви во домот, постои сомнеж дека родителите ги убиле

Полицијата пронашла тела на две деца на возраст од 1 и 3 години, кои според првичните информации биле убиени од...

Македонија2 дена

(Видео) Силјановска-Давкова е претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, повика на обединување

ВМРО-ДПМНЕ на денешната конвенција потврди дека пратеничката и професорка Гордана Силјановска-Давкова ќе биде претседателскиот кандидат на партијата на претстојите претседателски...

Македонија2 дена

Османи во Анталија: Регионот е ранлив, време е за брза и одлучна акција на Европската Унија

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на Анталија дипломатскиот форум, во Република Турција, каде имаше обраќање на панелот насловен...