Свет
ЕУ свика итен состанок за ситуацијата во Белорусија
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, изјави дека ќе свика итен состанок на Советот в среда поради ситуацијата во Белорусија.
„Народот во Белорусија има право да одлучи за својата иднина и слободно да избере свој лидер“, напиша Мишел на „Твитер“.
Тој додаде дека насилството против демонстрантите е неприфатливо и дека не може да биде дозволено.
На министерскиот состанок на ЕУ во петокот дадено е зелено светло за санкционирање на репресијата во Белорусија по спорните претседателски избори на кои повторно победи претседателот Александар Лукашенко.
Во Белорусија се одржуваат дневни протести веќе цела недела. Вчера беше одржан еден од најголемите опозициски протести во Минск, како и помал собир на приврзаниците на Лукашенко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.

