Европа
Жена и дете ранети на училиште во Германија

Жена и дете се ранети денеска во се уште необјаснет инцидент во основно училиште во градот Еслинген во југозападна Германија, соопшти тамошната полиција.
Полицијата соопшти дека се уште трага по осомничениот извршител на нападот во град во близина на Штутгарт, а во потрагата бил користен и хеликоптер, пренесува АП.
Засега не е јасно дали жртвите се повредени во училиште или надвор, а не е утврден ниту мотивот за нападот.
Германскиот весник „Билд“ објави дека напаѓачот бил маж вооружен со нож, но полицијата засега не ја потврдила таа информација, наведува АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски со лоши вести: Ако паднат Северодоњецк и Лисичанск, Украина ќе се приближи кон страшен крај

Претседателот на Украина – Володимир Зеленски изјави дека битката за двата клучни градови во регионот Донбас – Северодоњецк и Лисичанск се приближува кон страшен крај.
Според информациите на украинските медиуми, војниците кои ги бранат ови два града се предаваат во се поголем број. Постојат индиции дека руската војска ги освојува овие градови и наскоро ќе го стави Донбас под своја контрола.
Украински војници се предаваат преку целата линија на фронтот во близина на Лисичанск и Северодоњецк, соопштил денеска офицер на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) – Андреј Марочко, пренесува руската новинска агенција „ТАСС“.
Зеленски, пак, вели дека „битката влегува во некој вид на страшен крај“.
Странските медиуми јавуваат дека „борбите се претворија во војна до исцрпување, а и двете страни претрпеа големи загуби“.
Европа
Столтенберг: Не можам да гарантирам кога Шведска и Финска ќе влезат во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека не може со сигурност да каже кога Шведска и Финска ќе станат полноправни членки на алијансата.
Според него, причината е што не е сигурен дали овој воен сојуз ќе успее да ја убеди Турција, која се противи на членството на Финска и Шведска, да се премисли.
Двете нордиски земји официјално ја поднесоа својата апликација за членство во НАТО во мај, но тој процес беше веднаш блокиран од Турција, која бара Шведска и Финска да престанат да обезбедуваат заштита на Курдската народна партија, која Анкара ја смета за терористичка, но и да се укине ембаргото за оружје наметнато на Турција.
На прашањето дали има впечаток дека целата алијанса е сега заложник на Турција, Столтенберг одговори:
„Имаме систем заснован на консензус и така се носат одлуките во НАТО. Секогаш е така, една или неколку членки не се согласуваат со нешто и потоа тоа го надминуваме“, рече Столтенберг.
Според него, Стокхолм и Хелсинки дури неодамна аплицирале за членство.
„Сè уште целта ми е тие да станат членки на НАТО. Но, тоа не можам да го гарантирам, но можам да кажам дека тоа е мојата цел“, додаде тој.
Првиот човек на НАТО рече и дека Турција е важна членка на алијансата, која одигра клучна улога во борбата против тероризмот, а која има и важна геополитичка позиција во Црното Море, како и на границата со Ирак и Сирија.
„Значи, кога ќе изразат некаква загриженост, треба да седнеме и да разговараме за тоа и тоа е токму она што го правиме. А потоа, се надевам, ќе најдеме решение Шведска и Финска да станат членки на НАТО“, заклучи Столтенберг.
Европа
Борисов: Ако ја срушиме Владата на Северна Македонија, тогаш Петков му е сојузник на Путин на Балканот

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, ја повика владата итно да ги достави до парламентот ажурирањето на буџетот и францускиот предлог за Северна Македонија, пишуваат медиумите во Бугарија.
„Денеска, очекувавме одлуката на ГЕРБ да ѝ се даде зелено светло на РСМ да влезе во пленарната сала без шеги и трикови. Ова е од витално значење за Западен Балкан“, рече поранешниот премиер од седиштето на ГЕРБ.
„Од утрово ги слушаме обвинувањата на премиерот. Како партија, знаеме дека ова е најдобро за Бугарија и за Северна Македонија“, рече Борисов повикувајќи ги властите: „Ги молам да го стават во салата и да го соберат успехот на целиот Европски совет“.
Лидерот на ГЕРБ, како што пишуваат медиумите, признал дека во протоколот што треба да се потпише има работи што треба да се разјаснат, но „идните генерации ќе знаат дека Бугарија не е причината за суспензијата на Северна Македонија и Албанија во ЕУ“, рекол Борисов.
„Денеска е историски ден за Европа и светот бидејќи има можност Украина, Молдавија, Северна Македонија, Албанија и Грузија со разни статуси да влезат во Унијата и да ја направат посилна. Ние сме убедени Европејци и тоа е најправилното нешто што треба да се направи“, бил категоричен Борисов.
Тој, според тамошните медиуми, не го криел гневот провоциран од зборовите на Кирил Петков дека денеска не може да се почне процесот.
„Да не ја рушиме Владата на Северна Македонија и да не правиме штета. Ако тоа се случи, вие, господине Петков, сте му сојузник на Путин на Балканот! Затоа, ве молиме, нарачајте вашата партија да придонесе, да биде лидер, ние ќе ја поддржиме. Денеска ќе одите со донесена одлука и сите ќе ви аплаудираат“, му порачал тој на премиерот.