Контакт

Свет

Жена се разнесе среде главниот град на Тунис

Објавено пред

Жена се разнесе во центарот на главниот град на Тунис, пренесува Министерството за внатрешни работи на Тунис.

Според портпаролот на Министерството, цел на екплозијата било едно полициско возило на авенијата Хабиб Бургиба.

„Бомбашот загина во експлозијата, а во неа беа повредени и девет лица, од кои осуммина полицајци“, изјави портпаролот за агенцијата „Анадолија“.

Засега ниедна терористичка група не презеде одговорност за нападот.

По експлозијата, безбедносните единици формираа кордон околу областа каде што се случи нападот.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Урсула Фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Објавено пред

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула Фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на Жан-Клод Јункер.

За неа гласале 383 пратеници, додека 327 биле против, а 22 воздржани. Само едно ливче било неважечко.

За да стане претседателка на Комисијата, Фон дер Лејен требаше да добие поддршка од апсолутно мнозинство пратеници, односно најмалку 374 гласа. Гласањето беше тајно.

Фон дер Лејен во говор пред Европскиот парламент пред гласањето ги истакна климатските промени како главен проблем со кој се соочува Европа.

„Најголем предизвик во овој момент е нашата планета да остане здрава, тоа е најголема одговорност на нашето време“, рече таа и додаде дека сака Европа да стане прв континент со нулта стапка на емисија на ЦО2 до 2050 година.

По долготрајните преговори во Европскиот Совет, европските лидери на почетокот на месецов ја предложија Фон дер Лејен за претседателка на ЕК.

Таа од 2005 до 2009 беше германска министерка за семејство, од 2009 до 2013 министерка за труд, а во 2013 година стана министерка за одбрана.

Прикажи повеќе...

Свет

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Објавено пред

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите пораки на „Твитер“ во кои тој напаѓа четири демократски конгресменки предизвика бес и кај неговите републиканци, кои сè уште не се изјасниле за тоа.

„Тие пораки не беа расистички. Во мене нема ни трошка расизам“, изјави Трамп повикувајќи ги републиканците да не паднат во замката на демократските противници.

Трамп вчера жестоко вербално нападна четири конгресменки, обвинувајќи ги дека ги сакаат непријателите на Америка и им порача да ги напуштат САД ако не се среќни таму.

„Оваа група од четири лица постојано се жали“, изјави Трамп во Белата куќа, алудирајќи на Александрија Оказио-Кортез од Њујорк, Илхан Омар од Минесота, Рашида Тлаиб од Мичиген и Ajaна Пресли од Масачусетс.

„Овие луѓе ја мразат нашата земја, шират жестока омраза. Ако не сте среќни тука, можете да си одите“, додаде Трамп.

Тој кажа дека тие конгресменки може да се вратат од каде што дошле, со што предизвика критики кај демократите кои овие изјави ги оценија како расистички и ксенофобични.

Оказио-Кортез по потекло е од Порторико, Омар дошла во САД како бегалка од Сомалија, додека Тлаиб е прва Американска со палестинско потекло која влегла во Конгресот. Пресли е прва црномурна Американка која е избрана да го претставува Масачусетс во Конгресот.

Прикажи повеќе...

Европа

Рекорден број на смртни случаи од дрога во Шкотска

Објавено пред

Бројот на смртни случаи од дрога во Шкотска пораснал за 27 отсто во 2018 година, кога се забележани рекордни 1.187 смртни случаи како последица од консумирање наркотици, покажа извештајот на шкотскиот Завод за статистика.

Консумирање хероин, морфиум, метадон, кодеин, земање на еден или повеќе видови опојни средства се наведени како причина за смрт кај 1.021 лице или кај 86 проценти од вкупниот број смртни случаи како последица од земање дрога.

Стапката на смртност е трипати повисока отколку за цела Велика Британија и највисока на ниво на цела Европска Унија.

Според податоците на Заводот за статистика, најголем дел од починатите се мажи – 72%, лица на возраст од 35-44 години. Најголем дел од починатите се во Глазгов, 33%.

„Овие податоци се шокантни. Неопходно е оваа трагедија да се третира како прашање на јавното здравје и подготвени сме да преземеме иновативни и смели мерки“, изјави шкотскиот министер за здравство, Џо Фицпатрик.

„Овие статистички податоци не одговараат на едно од најбогатите општества во Европа“, коментира Розан Макласки, шефица на здружението Addaction, кое се бори против зависноста од дрога.

„Треба да престанеме кривично да ги гониме луѓето кои користат дроги и да ги поврземе со службите за лекување. Поддржувам заеднички простории за наркозависниците“, додала таа.

Повеќе шкотски политичари се заложија за одредување простории за консумирање дрога со лекарски надзор, но во таква мерка не верува британската конзервативна влада, која ја одредува политиката во врска со дрогата.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа34 минути

Урсула Фон дер Лејен е нова претседателка на Европската комисија

Европскиот парламент официјално ја избра германската демохристијанка Урсула Фон дер Лејен за нова претседателка на Европската комисија, на местото на...

Свет45 минути

Трамп: Во мене нема ни трошка расизам

Претседателот на САД, Доналд Трамп, жестоко се бранеше дека не е расист по вербалниот напад на четири конгресменки. Но, неговите...

Македонија3 часа

Владата одобри 9 милиони денари за замена на системот за греење во студентскиот дом „Кузман“

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување средства од буџетот за 2019 година во висина од девет милиони денари...

Европа5 часа

Западна Грција ја погодија поплави

Властите во неделата евакуираа десетици граѓани од поплавените домови во западна Грција, само неколку дена по загинувањето седум лица во...

Македонија5 часа

(Видео) Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното...

Македонија5 часа

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Спорт5 часа

Надал во финалето навивал за Ѓоковиќ

Рафаел Надал навивал за Новак Ѓоковиќ против Роџер Федерер во финалето на Вимблдон, им открил на шпанските медиуми Тони Надал....

Македонија6 часа

(Видео) Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија7 часа

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија9 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет9 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет10 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион10 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет11 час

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија12 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа12 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија20 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија21 час

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија22 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија22 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Досие