Свет
Задолжителен корона-тест за сите Кинези што патуваат за Кинеската Нова година
Кина планира да воведе строги барања за тестирање на Ковид-19 за време на прославата на Кинеската Нова година кога се очекува да патуваат десетици милиони луѓе.
Во известувањето објавено на интернет кинеската Национална здравствена комисија наведува дека луѓето што од своите работни места ќе се вратат дома во руралните области од другите провинции за време на Кинеската Нова година ќе треба да направат негативен тест на Ковид-19 во рок од седум дена, пренесува „Ројтерс“.
Оние што работат со увезени замрзнати производи или работници во карантин, меѓу другите групи, исто така ќе треба да се тестираат, дури и ако останат во истата провинција, се вели во известувањето.
Во соопштението на официјалните претставници на НХЦ за време на вчерашната прес-конференција се сугерира дека сите што се враќаат дома ќе треба да покажат тест, а државната агенција „Ксинхуа“ потоа ги повика властите да ги разјаснат деталите што е можно побргу.
Вкупно 144 нови случаи се пријавени на 20 јануари во Кина, објави Националната здравствена комисија, што е еднакво на вкупниот број пријавени на 14 јануари и е еднаков на најголемиот број дневни инфекции од 1 март.
Властите бараат од луѓето да останат дома за време на новогодишните празници во февруари со цел да се спречи ново влошување на епидемиолошката состојба.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп нема да се кандидира за потпретседател на изборите за 3 години
Доналд Трамп нема да се кандидира за потпретседател на изборите за 3 години. Во последните недели, неговите поддржувачи шпекулираа дека неговиот сегашен потпретседателски кандидат, Џ.Д. Венс, би можел да биде номиниран за претседател во 2028 година, а потоа да се повлече во корист на второпласираниот кандидат на гласачкото ливче, Трамп.
На авионот „Ер Форс Уан“, американскиот шеф на државата изјави дека таков потег е дозволен, но дека тој нема да го преземе: „Не мислам дека на луѓето ќе им се допадне“
Според 22-от амандман на Уставот на САД, претседателот може да служи максимум два мандати. Сепак, капи со натпис „Трамп 2028“ беа видени на неодамнешни настани во Белата куќа.
Регион
Рама: Министерката создадена со вештачка интелигенција „ќе роди“ 83 дигитални помошници за парламентот
Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека нивната министерка создадена со помош на вештачка интелигенција, Диела, ќе „роди“ 83 дигитални помошници кои ќе работат како виртуелни асистенти на пратениците од Социјалистичката партија.
Според Рама, тие асистенти ќе ја подобрат ефикасноста и транспарентноста на парламентот, водејќи евиденција за седниците, подготвувајќи анализи и предлагајќи политики засновани на податоци.
Диела, која беше именувана во мај 2025 година, е првата виртуелна министерка во светот создадена со помош на вештачка интелигенција. Нејзината задача е да ја следи законитоста и транспарентноста на државните тендери и да спречи корупција, со користење алгоритми што одлучуваат без човечко влијание.
Рама ја опиша иницијативата како чекор кон „целосно транспарентна и безкорупциска“ администрација, а метафората за „трудна министерка“ симболично го претставува ширењето на вештачката интелигенција во повеќе сектори на управувањето во Тирана.
Свет
Орбан оди кај Трамп поради руската нафта
Унгарскиот премиер Виктор Орбан следната недела ќе отпатува во Вашингтон за да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп и да разговара за санкциите против руската нафтена индустрија, изјавил шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто.
Сијарто рече дека Унгарија оваа недела ќе ја анализира „правната и физичката последица“ од санкциите што САД ги воведоа против руските компании минатата недела, додавајќи дека Орбан ќе може лично да разговара со Трамп ако биде потребно.
Средбата треба да се одржи во втората половина на следната недела, но точниот датум не е познат.
Трамп претходно изјави дека Европа мора целосно да се откаже од руската нафта и гас и воведе санкции против „Росњефт“ и „Лукоил“, додека Орбан најави дека Унгарија ќе бара начини да ги заобиколи американските ограничувања.

