Европа
Заострени контроли за влез во Австрија

Врз основа на построги мерки за влез во земјата, 1.415 лица се вратени од границата, изјави министерот за внатрешни работи на Австрија, Карл Нехамер.
Нехамер во изјавата посочи дека од саботата полицијата во соработка со армијата го контролира влезот на сите патници на границите на земјата. Така, во текот на саботата биле контролирани 57.351 лице, 11,5 проценти повеќе од претходниот ден.
„Граничните контроли се една од многуте мерки во борбата против пандемијата“, нагласи Нехамер.
Тој посочи дека во саботата, врз основа на указот за построги мерки за влез во земјата, биле вратени 1.415 лица, а за споредба, пред стапувањето во сила на новиот декрет врз основа на ковид-мерките биле вратени само 14 лица.
Според новите мерки, секој што влегува во Австрија мора да биде ставен во десетдневен карантин, со можност да го прекине со тестирање на свој трошок, но само по петдневна изолација. Пред влегувањето во сила на новата уредба, влегувањето во земјата без карантин беше можно со негативен ПЦР-тест, а оние што го немаа мораше да бидат ставени во карантин.
Во петокот полицијата на границите презеде над 250 пополнети обрасци за мерки за карантин, а во саботата имаше 1.355, што е зголемување од 440 проценти. За да има доволно полицајци на премините за божикните празници, како што најави, дополнителни 218 полицајци, кои штотуку ја завршиле обуката, биле префрлени во граничната служба.
на располагање е и полициската единица за странци „Пума“, а во случај на дополнителна потреба општинските сили ќе бидат пренасочени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Шведска ги запре плаќањата кон „Фајзер“

Шведската здравствена агенција објави дека ги запрела плаќањата кон компанијата „Фајзер“ и бара појаснување за количините на дози на вакцина против Ковид-19 во едно шишенце, пишува весникот „Дагенс Нихетер“.
Шведска побара објаснување откако „Фајзер“ објави дека секое шише содржи шест дози, а не пет, како што е договорено.
Официјален Стокхолм сега сака Европската комисија и „Фајзер“ да постигнат договор за тоа колку дози вакцина содржи едно шишенце.
„Дотогаш, ја известивме компанијата дека треба да почекаме со плаќањата додека не добиеме појаснување за тоа на што се однесуваат“, рече главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел.
Од канцеларијата на „Фајзер“ во Шведска одбија да ги коментираат наводите на шведскиот весник за „Ројтерс“, но на „Дагенс нихетер“ му беше кажано дека се наплатуваат шест дози по шишенце.
Европа
Бразилскиот вид на Ковид-19 пристигна во Италија, вирусолозите предупредуваат дека вакцината не е ефикасна против него

Болница во градот Варезе, во регионот на Ломбардија, лекува лице на кое му е дијагностициран првиот случај во Италија на бразилскиот вид на Ковид-19. За еден ден, во Италија имало 420 смртни случаи и 8.000 нови случаи на инфекција со Ковид-19, пишува агенцијата Анса.
„Доколку се зголеми бројот на лица заразени со бразилскиот вид на Ковид-19, потребно е веднаш да се воведе строг карантин, да се затвори сè, бидејќи вакцината што се користи во моментов не е ефикасна против таа варијанта на вирусот“, тврди вирусологот Андреа Крисанти, директор на микробиологија на Универзитетот во Падова.
Во Италија, граѓаните се вакцинираат само со вакцината на „Фајзер“, американски производител што ја намали испораката на договорените количини на лекот.Италијанската влада затоа покрена законски мерки против производителот на Фајзер-Бионтек, бидејќи намалувањето на испорачаните количини го компромитира владиниот план за масовно вакцинирање на населението.
Во меѓувреме, Европската Унија воведе ознака, темноцрвена, за деловите од земјите членки каде, според проценките, најголема е опасноста од ширење на инфекцијата.
Европа
Шпанците имаат потенцијално ефикасен лек во претклиничко лекување на коронавирусот

Шпанската фармацевтска компанија „Фрамамар“ соопшти дека во стручното списание „Наука“ е објавена рецензија во која се потврдува дека лекот „плитидепсин“ може да биде потенцијално ефикасен во претклиничко лекување на Ковид-19.
Врз основа на научно истражување спроведено во Њујорк, Сан Франциско и Париз, откриено е дека лекот помага да се намали ширењето на вирусот во телото на заразени животни и да се намали концентрацијата на вирусот во белите дробови на животните третирани со „плитидепсин“.
По денешното отворање на берзата, вредноста на акциите на „Фармамар“ скокна за 13 проценти, на 98,5 евра, пренесува „Ројтерс“.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот