Свет
Запревме голем украински напад, им загинаа 350 војници, тврди Шојгу
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска соопшти дека руските сили во текот на ноќта одбиле обид за напад на украинските сили да ја пробијат линијата на фронтот во областа Запорожје.
Според новинската агенција Интерфакс, Шојгу рекол дека четири одделни украински напади долж фронтот биле запрени и дека киевските сили биле принудени да се повлечат со големи загуби.
Тој изјави дека украинските војници изгубиле до 350 луѓе, 11 борбени возила на пешадија и 30 тенкови за два часа борби.
„Извидувачките сили го открија непријателот навремено, извршија превентивни артилериски и авијациски напади и употребија противтенковско оружје“, рече Шојгу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Објавено е кога Камала Харис ќе го признае поразот и што друго ќе содржи нејзиното обраќање
Американскaта потпретседателка, Камала Харис, вечерва треба да одржи говор во Вашингтон по поразот на претседателските избори од Доналд Трамп.
Харис треба да се појави во Вашингтон во 22 часот по средноевропско време, каде што нејзините поддржувачи се собраа синоќа за да ја прослават победата што не се случи. Харис сакаше да стане првата жена претседател на САД, но со поразот во клучните држави Северна Каролина, Џорџија, Пенсилванија и Висконсин, таа обезбеди враќање на Трамп во Белата куќа.
Според Си-Ен-Ен, Харис ќе побара од нејзините поддржувачи ширум земјата да ги прифатат резултатите од претседателските избори за време на обраќањето, велат нејзините помошници.Ќе ја поканат целата земја да работи заедно на изнаоѓање заеднички допирни точки и цели.
Харис се обидела да стапи во контакт со новоизбраниот претседател Доналд Трамп, изјавија нејзините соработници за Си-Ен-Ен, но сè уште не било успешно. Нејзината намера, велат нејзините помошници, е да разговара со него пред нејзиниот говор.
Потпретседателката работи на нејзиниот говор со нејзиниот главен говорник Адам Франкел и други советници. Тие очекуваат таа да им се заблагодари на своите поддржувачи и да понуди порака наменета за помладите гласачи до кои често допирала за време на кампањата.
Свет
Џеф Безос: Големи честитки до Трамп, извонреден политички камбек
Џеф Безос, мултимилијардер и основач на Амазон и сопственик на Вашингтон пост, испрати големи честитки до Доналд Трамп за неговиот, како што рече, извонреден политички камбек и одлучувачка победа.
„Ниту една нација нема поголема можност“, напиша Безос, еден од најбогатите луѓе во светот, во објавата на „Икс“, додавајќи дека му посакува на Трамп „многу успех во водењето и обединувањето на Америка што сите ја сакаме“.
Безос се соочи со жестоки критики во последните неколку недели откако неговиот весник, познатиот Вашингтон пост, го спречи својот уреднички тим да објави поддршка за Камала Харис. Одлуката да не се поддржи Харис го потресе весникот и доведе до немири во редакцијата, уреднички оставки и загуба на стотици илјади претплатници.
Свет
Кина му честита на Трамп
Кинеското Министерство за надворешни работи му ја честита победата на Доналд Трамп.
„Го почитуваме изборот на американскиот народ и му честитаме на г-дин Трамп за изборната победа“, се наведува во соопштението.
Кинескиот лидер Кси Џинпинг се уште не се огласи јавно за резултатите од изборите.