Свет
Захарова: Колку повеќе Киев слабее на терен, толку повеќе сака да се вклучи во криминал
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, денеска изјави дека колку повеќе слабее позицијата на Киев на терен, толку повеќе расте желбата на режимот во Киев да се вклучи во криминални активности.
„Сè се случува токму како што рековме претходно: колку режимот во Киев станува послаб на бојното поле и покрај фактот што добива огромна финансиска и воена поддршка, толку повеќе се стреми да се одмазди со вклучување во криминални терористички активности“, рече Захарова, пренесува ТАСС.
Таа им изрази поддршка на жителите на Раменској, кои, како што наведе, биле изложени на „терористички напад од режимот на Киев“, пренесува „Танјуг“.
Во текот на ноќта руските системи за противвоздушна одбрана соборија 14 украински беспилотни летала над московските населби Подолск, Раменскоје, Либерци, Домодедово и Коломна.
Една жена загина, а три лица се повредени во напад со беспилотни летала на украинската армија во текот на ноќта врз Москва, соопшти гувернерот на Московската област, Андреј Воробјов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Господине Трамп, најдете си живот – Бајден лут поради коментарите на експретседателот за ураганот на Флорида
Американскиот претседател, Џо Бајден, одржа брифинг за новинарите за ураганот Милтон.
Тој рече дека обновата на погодената област ќе чини неколку милијарди долари и ќе трае долго.
Американскиот претседател се осврна и на коментарите на експретседателот на САД, Доналд Трамп, кој рече дека погодените од ураганот ќе добијат само 750 долари помош, нарекувајќи ги „бизарни“.
Запрашан дали разговарал со Трамп, Бајден одговори: „Се шегуваш?“, а потоа му понуди совет на републиканскиот претседателски кандидат.
„Господине Трамп, најдете си живот за себе. Помогнете им на овие луѓе“, изјави Бајден од Вашингтон.
Свет
Расте бројот на мртви од ураганот на Флорида
Бројот на загинати во ураганот на Флорида, САД, се искачи на 11 лица, јавува „Ен-би-си њуз“.
Последната жртва е возач на автомобил врз којшто паднало дрво во округот Цитрус.
Претходно, два смртни случаи беа пријавени во округот Пинелас, три во округот Волузија и пет во округот Сент Луси, од кои четири беа предизвикани од торнада.
Регион
Вучиќ го пречека Ердоган на аеродромот: „Добредојдовте во Србија, драг пријателe“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва на аеродромот Никола Тесла го пречека претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Според програмата на посетата, в петок во 11 часот ќе се одржи церемонија на пречек пред палатата „Србија“, по што ќе следи средба на двајцата претседатели, јавуваат српските медиуми.
Потоа ќе се одржи четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Република Србија и Република Турција, предводена од двајцата претседатели.
„Добредојдевте во Србија драг пријателe. Вашата возвратна посета е уште една можност за дополнително зајакнување на нашите пријателски односи и соработка. Верувам дека за време на вашиот престој во Белград ќе работиме заедно на подобрување на економските, културните и политичките врски меѓу нашите земји“, му порача претседателот Вучиќ на турскиот колега по пристигнувањето во Белград.
View this post on Instagram
Вучиќ и Ердоган ќе присуствуваат и на бизнис форум.