Контакт

Вести

За нападот во Квебек осомничен канадски студент

Објавено пред

Полицијата испитува еден од двајцата приведени по смртоносниот напад во џамијата во Квебек во неделата вечерта, а другото осомничено лице по сослушувањето е пуштено и полицијата го смета за очевидец, објавено е во понеделникот вечерта.

dobivaj vesti na viber

Канаѓанецот Александр Бисонет, се смета за единствениот извршител на терористичкиот напад во џамијата во Квебек, соопшти франкофоното радио Radio Canada, за кого некои медиуми пишуваат дека е француско-канадски студент.

Според овие информации, тој на универзитетот Лавал студира политички науки. Се додава оти истрагата претпоставува дека Бисонет е франкофон Канаѓанец, кој го прифатил исламот.

Според квебешката телевизија TVA и локалниот весник La Presse, 27-годишниот осомничен побегнал од местото на настанот со автомобил, а подоцна самиот се пријавил во полицијата и бил уапсен. Наводно во неговото возило биле најдени пиштол и автомат „калашников“.

Лицето кое полицијата сега го смета за очевидец е од мароканско потекло и во првиот момент неговото државјанство не било познато .Медиумите пишуваат дека станува збор за извесен Мохамед Кадри, на возраст меѓу 20 и 30 години, кој студирал на истиот универзитет како и осомничениот.

Полицијата сé уште не го објавува поединостите за уапсеното лице, ниту мотивите за неговиот напад.

Очевидци и припадници на полицијата во неделата вечера изјавија дека во џамијата за време на молитвата пукале две лица, но во понеделникот утрото полицијата извести дека за нападот е одговорно само едно лице.

Пукањето во џамијата во Квебек во текот на вечерната молитва во неделата е „терористички напад врз муслиманите“, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо.

Во тој напад убиени се шест лица, а вкупно се повредени и ранети 18 лица. Според последните информации од болницата во Квебек, пет од настраданите се задржани во болницата, а две се во критична состојба./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

Се зголемува бројот на убиени и повредени во терористичкиот напад во Турција

Бројот на убиени во денешниот терористички напад во Анкара се искачи на пет лица, соопшти турскиот министер за внатрешни работи....

Македонија14 часа

Мицкоски иницира проект за национална стратегија: „Ако сега не си помогнеме ќе бидеме зомби држава“

Денешниот празник да го славиме сите – и левата и десната страна. За Македонија да биде силна и напредна држава...

Македонија17 часа

(Видео) Кузеска: Давкова и ВМРО-ДПМНЕ ослободуваат криминалци и нарко босови

Опозициската СДСМ ги опиша како шокантни и скандалозни помилувањата на десет лица од страна на претседателката Сиљановска-Давкова. Партиската портпаролка, Богданка...

Топ17 часа

Застрелан маж во Арачиново – му рекле да излезе пред куќата, па му пукале во нога

Арачиновец бил повикан да излезе пред неговата куќа, а потоа бил застрелан. Четириесет и двегодишниот маж синоќа бил донесен на...

Македонија18 часа

Урсула фон дер Лајен ја почнува четиридневната посета на Западен Балкан, утре доаѓа во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ја почна четиридневната посета на Западен Балкан, при што ќе се...

Македонија19 часа

Сиљановска-Давкова помилува десет осуденици

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова помилува десет осуденици, a решенијата се објавени во Службен весник“. Според тоа, извршувањето на изречената казна...

Македонија19 часа

Да си ја чуваме татковината, оти друга немаме, порача Сиљановска во честитка по повод денешниот празник

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до граѓаните по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. „Почитувани сограѓани,...

Свет20 часа

Бајден: Нашата демократија е загрозена ако победи Трамп

Американскиот претседател Џо Бајден рече дека републиканецот Доналд Трамп е закана за демократијата и треба да биде „политички“ затворен. „Мораме...

Топ2 дена

Битолчанец си го чистел таванот и нашол бомби

Шеесетгодишен маж од Битола пријавил во полицијата дека вчера при чистење на таванот од својот дом, пронашол бомби. Се работи...

Македонија2 дена

Антикорупциската комисија отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на АНБ

Aнонимна претставка, во која се оспорува законитоста на именувањето на Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност...

Топ2 дена

Исчезна апарат за ехо дониран во кичевската болница, МВР го расчистува случајот

Вчера, во полицијата во Кичево било пријавено дека во Општата болница во градот недостига ехо-апарат. Се работи за апарат кој...

Македонија2 дена

Сто пациентки со карцином со приоритетни упати два месеца чекаат скен на коските, неопходен за да добијат терапија

На денешниот настан за поддршка на пациентите со карцином, „Појадок со онколошките пациенти“, здружението посветено на пациентите со рак и...

Топ2 дена

Малолетници тешко повредени при судир на мопед и патничко возило во Кочани

Вчера во 18.50 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Теодосија Паунов“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа...

Топ2 дена

Автобус на ЈСП удрил во 55-годишна жена во Скопско

Вчера во 08.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул„.7“ во село Батинци, скопско, автобус на ЈСП со...

Македонија2 дена

Исчезна стружанец, отишол да бере печурки

Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од Полициска станица Струга известиле дека има пријава на исчезнато лице од Струга, имено лицето...

Македонија2 дена

„Очигледно и на бугарската политика не ѝ недостига демагогија“: Георгиевски со реакција на бугарската министерка за Коридорот 8

Преку статус на социјалните мрежи, поранешниот премиер Љубчо Георгиевски реагираше за изјавата на бугарската министерка за транспорт, Красимира Стојанова дека...

Македонија2 дена

ДУИ на средби со граѓаните: потребно е единство за да се запре понижувањето што им се прави на Албанците и на другите заедници

Демократската Унија за Интеграција вчера го одржа 16-тиот состанок на претседателството на Генералниот совет (Централното претседателство). На оваа средба се...

Свет2 дена

Западот сака да го изолира Путин, тој денеска докажува дека, дефинитивно, не е сам, пишува Си-ен-ен

Скоро три години откако руската инвазија на Украина беше осудена од земјите ширум светот, рускиот претседател Владимир Путин организира самит...

Свет2 дена

(Видео) Израел: Хезболах крие 500 милиони долари во готовина и злато под болница во Бејрут

Израелските одбранбени сили (ИДФ) декласифицираа разузнавачки информации за финансиските центри на Хезболах. Израел ја прошири својата кампања против Хезболах во...

Свет2 дена

(Видео) Масакр во близина на Сиетл, петмина мртви, меѓу нив три деца, фатен убиецот

Пет лица се убиени во масакр во куќа во близина на Сиетл, а за убиствата е осомничено 15-годишно момче, соопштија...