Европа
Зеленски: Најмалку 46.000 украински војници загинаа од почетокот на инвазијата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека повеќе од 46.000 украински војници се убиени од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, додека десетици илјади се исчезнати или се во заробеништво.
Тој изјави за NBC News дека исчезнатите може да бидат или мртви или заробени.
Пред десет дена, на 6 февруари, Зеленски изјави дека 45.100 украински војници биле убиени, а околу 390.000 биле ранети. Воените аналитичари во Украина и на Запад веруваат дека реалните бројки се значително повисоки.
Зеленски изјави и дека 19.500 украински деца биле депортирани во Русија.
Русија не ги објавува сопствените жртви, но британското воено разузнавање во декември процени дека Русија во просек трпи 1.523 убиени и ранети војници дневно.
Зеленски тврди дека до 350.000 руски војници се убиени, додека други извори сугерираат дека бројот може да биде поголем.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Меѓу загинатите од нападот на Русија врз Украина е и петгодишно дете

Русија ноќта ја нападна Украина со 147 беспилотни летала, соопшти денеска украинското воздухопловство.
Беа нападнати неколку украински региони, а украинските сили за воздушна одбрана уништија 97 беспилотни летала.
Во напад со беспилотните летала на руските сили врз Киев во текот на ноќта загинаа три лица, меѓу кои и едно петгодишно дете, а десет беа повредени, објави градската воена управа на Киев во објава на Телеграм.
Уште 25 дронови не стигнаа до своите цели, се вели во соопштението на украинските воздухопловни сили на апликацијата за комуникација Телеграм.
Европа
(Видео) Зеленски: Украина врати повеќе од 4.300 војници од руско заробеништво

Украина успеала да врати вкупно 4.306 воени заробеници од руското заробеништво од почетокот на руската инвазија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Украинската влада работи со меѓународни партнери и организации за да ги врати своите граѓани дома. Само во 2024 година, 1.358 луѓе беа ослободени од руско заробеништво.
For over three years now, almost throughout this entire war, our Coordination Headquarters has been working—all the services that bring prisoners home. We have already successfully brought back more than four thousand people—4306. And we will bring them all back.
Now, when… pic.twitter.com/qUEw3oEcWJ
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 21, 2025
„Кога разговараме со американската страна и другите партнери за тоа како да се стави крај на војната, ослободувањето на затворениците е едно од првите прашања“, рече Зеленски.
Украинскиот претседател нагласи дека сите надлежни служби продолжуваат неуморно да работат на враќање на Украинците од руско заробеништво.
Европа
Киев ги отфрли руските обвинувања за воени злосторства во Курск

Украина ги отфрли обвинувањата на Москва дека нејзините сили извршиле воени злосторства во руската област Курск, нарекувајќи ги „целосно неосновани“.
„Руските обвинувања за злосторства и насилство наводно извршени од Украина во регионот Курск се целосно неосновани“, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Хеорхиј Тихи. „Украина секогаш се придржувала до меѓународното хуманитарно право, особено во однос на хуманиот третман на цивилите во конфликтните зони и не ги прекршила овие принципи“, додаде Тихи.
Тихи рече дека Москва „фабрикува докази“ за да може лажно да го обвини Киев, пренесува „Украинска правда“.
„Сето тоа е лага. Повеќето од локалното население и имотот во регионот Курск беа погодени токму од руските бомбардирања, вклучително и целните напади“, додаде тој.