Европа
Зеленски: Русија го користи гладот како оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето пред ирскиот парламент преку видеоврска истакна дека Русија го користи гладот како оружје во обидите да освои територии во Украина.
Според Би-би-си, Зеленски им рекол на членовите на ирскиот парламент дека руските проектили „ги уништуваат сите работи што се клучни за опстанокот на животот“.
Тој посочи дека руските сили ги блокирале сите украински поморски пристаништа и бродови со храна за извоз.
Украина е еден од најголемите светски производители во областа на земјоделството и храната, а Зеленски предупреди дека потезите на Русија ќе доведат до недостиг и зголемување на цените на храната, што ќе влијае на милиони гладни луѓе ширум светот.
„За нив (Русите) гладот е оружје против нас обичните луѓе и тие го користат како средство за доминација“, додаде украинскиот претседател.
Зеленски побара од ирските политички лидери да го искористат своето влијание и да ги убедат другите земји од Европската Унија да воведат уште построги санкции со цел да се запре инвазијата на Путин.
За денеска е најавен состанок на ЕУ на кој ќе се разговара за нови санкции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Кипар од 1 јуни ќе ги укине сите мерки за корона

Кипар ќе ги укине сите ограничувања за коронавирусот од 1 јуни, соопштија денеска властите во Никозија.
Нема да бидат потребни повеќе сертификати или тестови за вакцинација, а владата одлучи да ја укине обврската за носење маски за лице во сите затворени простори, освен во болниците, домовите за стари лица и другите затворени медицински установи, од 1 јуни, пренесува АП.
Европа
Кадиров: Полска може да биде следна

Лидерот на руската јужна провинција Чеченија, Рамзан Кадиров, кој е поддржан од Кремљ, објави видео во кое предупредува дека Полска би можела да биде следна по Украина, пренесува Бета.
Во видеото што го објави на својата страница на Телеграм, Кадиров рече дека Украина е „завршена работа“.
Полска, која граничи со Украина, од почетокот на руската инвазија на Украина и испраќа оружје и друга помош и досега прими милиони украински бегалци.
Кадиров потоа го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски „конечно да се вразуми“ и да ги прифати условите понудени од рускиот претседател Владимир Путин.
Кадиров постојано ги користеше социјалните мрежи за да се пофали со наводните настапи на чеченските борци против украинските војници и да дава други непотврдени изјави за војната во Украина, пренесе „Бета“.
Европа
Кулеба: Пристигнува уште тешко оружје од САД

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска по телефонскиот разговор со американскиот државен секретар Ентони Блинкен соопшти дека во Украина пристигнува уште тешко оружје.
Тешкото оружје е на врвот на агендата на Киев и ни доаѓаат повеќе испораки“, напиша Кулеба на Твитер.
Досега Вашингтон одбиваше да испорача напредни повеќекратни ракетни системи со долг дострел на Украина поради страв дека тие би можеле да бидат искористени за напад на руска територија, што би го ескалирало конфликтот, пренесе „Танјуг“.