Европа
Зеленски: Џонсон помага повеќе од другите лидери

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, даде интервју за магазинот „Економист“, во кое изјави зошто е важно да се запре рускиот лидер Владимир Путин.
Во интервјуто Зеленски ги пофали британскиот премиер Борис Џонсон и Велика Британија за нивната реакција на руската инвазија. Украинскиот претседател изјави дека Велика Британија, дефинитивно, е на украинската страна.
„Да бидам искрен, Џонсон е лидер што помага повеќе“, рече Зеленски кога новинар на „Економист“ му рече дека британскиот премиер сака да испрати оружје повеќе од францускиот претседател Емануел Макрон.
Новинарот на „Економист“ му рекол на Зеленски дека можеби ќе го цитира Винстон Черчил, но дека тој не е Черчил и дека борбените планови им ги остава на украинските генерали.
„Луѓето се лидери“, изјави Зеленски за „Економист“.
Boris Johnson helping Ukraine more thanks to British public pressure, Zelensky says https://t.co/OHDQfaKnCg
— The Independent (@Independent) March 28, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Во експлозија тешко повреден руски градоначалник

Руската новинска агенција РИА Новости јавува дека Андриј Шевчик, кој Русија го назначи за градоначалник на Енергодар, е тешко повреден во експлозија и се наоѓа на интензивна нега.
Повеќе детали не се достапни, но претходно украинските локални власти соопштија дека Шевчик и неговите телохранители биле повредени во насочен и прецизен напад.
Енергодар е град и општина во северо-западниот дел на Запорожјевската област во Украина, моментно под контрола на руските вооружени сили.
*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан
Европа
Канада: Најмалку пет лица загинаа во силно невреме, речиси 900.000 домови останаа без струја

Најмалку пет лица загинаа, а речиси 900.000 домови во јужна Канада останаа без електрична енергија кога силно невреме во саботата ги погоди провинциите Онтарио и Квебек.
Четири лица загинале во Онтарио кога врз нив паднале дрвја, додека една жена загинала во Квебек кога брод се превртел во реката Отава, јавува Би-би-си.
За време на невремето кое траело повеќе од два часа биле соборени многу дрвја, оштетени куќи, а имало и нарушувања во oдвивањето на сообраќајот.
Европа
Лукашенко пристигна во Сочи на разговори со Путин

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, пристигна во Сочи на разговор со рускиот претседател, Владимир Путин, соопшти денеска градоначалникот, Алексеј Копајгородски.
Путин и Лукашенко ќе се сретнат утре, пренесува „Известија“.
Кремљ претходно соопшти дека за време на разговорите на 23 мај, претседателите на Русија и Белорусија ќе разговараат за развојот на односите меѓу двете земји, со акцент на интеграциската соработка во рамки на Сојузот Русија и Белорусија, како и за меѓународни прашања.