Свет
Зошто арапските лидери ја мрaзат Ал Џезеира?

За Ал Џезира судирот на Катар со земјите од Заливот е прашање на нејзиниот опстанок. За Катар, оваа телевизиска станица е важна за да ги пренесува неговите политички ставови. Зошто дел од арапскиот свет сака затворање на Ал Џезира?
Ал Џезира наголемо го рекламираше своето интервју со Осама бин Ладен воп 1999 година. Не дозволи да ја поколебаат меѓународните предупредувања, бидејќи тој беше на списокот на најбараните криминалци на ФБИ и за неговото апсење беше ветена награда од пет милиони долари. Така,кога Ал Џезира го објави интервјуто со Бин Ладен, милиони Арапи се собраа пред малите екрани за да слушнат што има да каже најбараниот терорист.
Голема гледаност, скандали, контроверзи – ова е концептот на Ал Џезира. Но, таа не само што сака да стигне до што поголем број гледачи, туку исто така сака да ги пренесе политичките ставови на Катар. Се разбира, во тој концепт се вклопува и интервјуто со Бин Ладен. Тој, претходно веќе зборуваше за некои телевизиски станици, но никогаш порано со некоја од арапските земји. Лути на тоа интервју беа особено земјите од Персискиот Залив, пред се Саудиска Арабија. Всушност, Бин Ладен во неколку наврати го критикуваше кралското семејство и се закани со терористички напади во земјата.
Саудиското кралско семејство не можеше да му го прости на Катар ова интервју. Дури и пред интервјуто, Саудиска Арабија се обиде да ја попречи работата на Ал Џезира,но по неговото објавување Саудијците одлучија дека треба да ја спречат телевизијата на секој можен начин.
Спорот меѓу Саудиска Арабија и Катар за Ал Џезира, кој кулминираше со најновите барање за затворање на станицата, не се резултат само на заканите со терористички напади од страна на Бин Ладен. Во принцип саудиските медиуми гаат патерналистички однос кон публиката, а Катар им дава на гледачите можност да оформат свое мислење. Од ова правило е ослободена само политиката на Катар. За него Ал Џезира не објавува критични прилози.
Но, во сите други тематски прилози Ал Џезира воспостави нови стандарди во арапскиот свет. Така, таа беше прв арапски медиум што емитуваше седница на израелскиот Кнесет, неговите новинарите по 11 септември 2001 година известуваа во живо од Авганистан, каде што се трагаше по Бин Ладен, опширно информираше за американскиот напад врз Ирак во 2003 година, но, исто така, редовно праќа новинари во појасот Газа, каде што повторно се во конфликт палестинскиот Хамас и Израел. Ал Џезира истовремено воведе сосема поинаква форма на политичко ток-шоу. Неговите новинари отворено ги прашуваат арапските политичари и најдиректно, што до сега беше непознато во арапските медиуми.
Но, тимот во Катар со отворена и плуралистичка програма следи и сопствени цели: на тој начин овој Емират сака да привлече внимание на себе, а во исто време да ја убеди публиката во арапскиот свет во своите позиции. Инаку, Катар е голема американска воздухопловна база и одамна е посветен на нормализирање на односите со Израел. Ниту едниот, ниту другиот потег не наидоа на одобрување во делови од арапскиот свет. Значи Катар и нуди на јавноста програма во согласност со нејзините вкусови и интереси, а во исто време ја оправдува својата политика.
Разликите помеѓу Катар и неговите соседи станаа очигледни за време на протестите за време на т.н.. Арапската пролет. Ал Џезира за нив известуваше во детали, а со тоа можеби ги охрабруваше. Во исто време, овие протести Саудиска Арабија и нејзините сојузници ги доживеаја како закана за нивниот политички систем. Сепак, програмскиот директор на Ал Џезира на англиски, ги негира обвиненијата за пристрасност.
“Ние немаме обврски кон ниту една група, идеологија или влада. Ние нудиме голем број на точки на гледање. Нашите новинарите ќе продолжат да го прават тоа, но ние се надеваме дека другите медиуми ќе го поддржат нашиот повик за одбрана на слободата на печатот“, изјави тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Рајанер“ го зголемува дозволениот бесплатен рачен багаж

„Рајанер“ ќе ја зголеми максималната големина на багажот што може да се носи во авион бесплатно и да се складира под седиштето за 20 проценти, откако Европската Унија презентираше предлог за нови закони што би дозволиле поголеми димензии.
Нискобуџетната авиокомпанија моментално им дозволува на патниците да земат бесплатен рачен багаж што се вклопува под седиштето, како што е чанта или мал ранец. Максималната големина сега се зголемува од 40x25x20 см на 40x30x20 см.
Иако станува збор за зголемување само од 5 сантиметри во ширина, ова значи дека волуменот на торбата се зголемува од 20 на 24 литри.
И покрај зголемувањето, „Рајанер“ сè уште заостанува зад својот главен конкурент „ИзиЏет“, кој дозволува багаж со димензии 45x36x20 см (32 литри), додека „ВизЕр“ веќе дозволува багаж со димензии 40x30x20 см.
„Рајанер“ изјави дека новите правила ќе бидат имплементирани во наредните недели.
Минатата недела, европратениците предложија патниците да имаат право на багаж со димензии од најмалку 40x30x15 см, како и дополнителен багаж со димензии до 100 см и тежина до 7 кг, без дополнителни трошоци со нивниот авионски билет.
Свет
САД воведоа нови санкции врз Иран и Хезболах

Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции врз Иран и неговиот либански сојузник Хезболах, насочени кон високи функционери и мрежи кои помагаат да се избегнат санкциите на САД поврзани со продажбата и транспортот на иранска нафта.
Министерството за финансии соопшти дека неговата Канцеларија за контрола на странски средства „презема мерки против мрежите кои колективно транспортирале и купувале иранска нафта вредна повеќе милијарди долари, од кои дел им користеле на силите Кудс на Иранскиот корпус на револуционерната гарда (IRGC-QF), кој е прогласен за странска терористичка организација“.
Санкциите се насочени и кон бродовите вклучени во транспортот на нафта.
Министерот за финансии Скот Бесент изјави: „Министерството ќе продолжи да воведува мерки против изворите на приходи на Техеран и да го зголемува економскиот притисок за да го наруши (неговиот) пристап до финансиските ресурси што им овозможуваат на неговите дестабилизирачки активности“.
Санкции беа воведени и против неколку високи функционери и еден субјект поврзан со Хезболах поради помагање во избегнувањето на санкциите.
Овој потег ја нагласува посветеноста на попречување на напорите на Хезболах да ги избегне санкциите, според одделот.
Целта на санкциите беше и да се поддржат напорите на новата либанска влада да го ограничи влијанието на терористичката група, особено затоа што актери како финансиските институции на Хезболах продолжуваат да ја поткопуваат веќе кревката економија на Либан, соопшти одделот.
Свет
Путин разговараше со Трамп: „Нема да се откажам од своите цели во Украина“

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, разговараа по телефон речиси еден час за војната во Украина, при што двајцата изразија подготвеност да бараат решение преку преговори, објави советникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.
За време на разговорот, Трамп повторно го отворил прашањето за брзо завршување на војната во Украина, но Путин јасно ставил до знаење дека Русија нема да отстапи од своите цели, вклучително и, како што рекол, отстранување на причините што довеле до конфликтот.
„Нашиот претседател нагласи дека Русија ќе ги постигне целите што си ги поставила, а тоа е да ги елиминира познатите причини што доведоа до сегашната конфронтација“, рече Ушаков.
Путин му ги презентирал на Трамп и деталите за неодамнешниот договор со Украина за размена на затвореници и загинати војници и ја изразил подготвеноста на Москва да продолжи со преговорите со Киев.
Ушаков нагласи дека рускиот став е дека мировните преговори за Украина мора да се водат исклучиво меѓу Москва и Киев, без трети страни.