Контакт

Европа

Изборите во Баварија носат непредвидливи последици по канцеларката Меркел

Објавено пред

Граѓаните на германската покраина Баварија денес гласаат на избори.

Ова се избори на кои се очекува дека досега доминантната конзервативна Христијанско-социјална унија (ЦСУ) ќе доживее неуспех, чии последици се непредвидливи по Владата на германската канцеларка Ангела Меркел, оценува агенцијата АП.

Американската агенција наведува дека околу 9,5 милиони луѓе имаат право да ја изберат идната власт во Минхен, каде што ЦСУ како важен, но често непријатен партнер на Меркел, 51 година во изминатите 56, имаше апсолутно мнозинство.

Анкетите покажуваат дека ЦСУ овојпат ќе го загуби мнозинството во голема мера, толку многу што ова може да биде и најлошиот изборен резултат, по оној од 1950. година.

Според АП, партијата ЦСУ, која зазема тврд став кон миграцијата, губи поддршка и од левичарските и од десно ориентираните гласачи, додека партијата на Зелените ги собира гласовите на либералните гласачи, а најголемиот конкурент на ЦСУ, ултрадесната Алтернатива за Германија (АФД), се надева на места во парламентот.

Како што „Дојче Веле“ пренесе во саботата, доколку падне локалната власт на демохристијаните и Зелените, канцеларката Меркел ја очекува бурна политичка есен.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Членките на ЕУ поделени за предлогот на Франција

Објавено пред

Земјите членки на Европската Унија се поделени за предлогот на Франција, некои од нив изразиле поддршка, а други се воздржани за идеите на Париз.

Претседавачката со Советот на ЕУ, финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, изјавила дека министрите на Унијата на состанокот во Брисел разговарале општо за политиката за проширување и за европската перспектива на Западен Балкан. Иако немало конкретна расправа за францускиот предлог за реформи во процесот на проширување, некои земји членки изразиле поддршка, а други резерва кон идеите на Париз, велат од Советот, пренесува „Танјуг“.

„Не донесовме заклучоци, но идејата е да се испрати јасна порака за нашата посветеност кон политиката за проширување за земјите од Западен Балкан. Сите ја поддржуваме европската перспектива на регионот“, рекла таа.

Тупураинен на крајот на состанокот нагласила дека денешната министерска расправа е почеток на разговорите за следните чекори во политиката за проширување, кои ќе бидат на дневен ред дури на состанокот на лидерите на ЕУ следната пролет.

Таа рекла дека на состанокот ниту се разговарало ниту се гласало за францускиот предлог иако биле сослушани размислувањата на Париз.

„Го слушнавме францускиот предлог и имаше земји што го поздравија и беа позитивни, но имаше и земји што изразија загриженост и внимателност. На крајот, Европската комисија ќе биде таа што ќе даде предлози врз основа на кои ќе се разговара во Советот“, рекла Тупураинен.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Австрија прогласена највисока опасност од лавини

Објавено пред

Обилните дождови и снегот создаваат проблеми во Австрија. Најлошо е во Јужен Тирол и Корушка. Во долините, обилните дождови предизвикаа излевање на реките и езерата, а евакуирани се жителите во најзагрозените области, пренесува „Дневник.хр“

Во планинските делови, обилниот снег отсекол неколку села, нема струја, а телефонските врски се прекинати. Прогласена е и највисока опасност од лавини.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Шпанската полиција откри плантажи со марихуана, следејќи Албанци кои краделе цигари

Објавено пред

Шест лица се уапсени и запленети се 16.000 стебла марихуана со вкупна тежина од 3,5 тони за време на рација на шпанската полиција во североисточниот регион Арагон.

Две големи плантажи со марихуана биле откриени откако полицијата неколку месеци следела група албански државјани кои краделе цигари од автомати поставени во кафулињата и на бензиски станици во овој регион, пишива британски „Гардијан“.

Како што пренесоа локалните медиуми, до двете плантажи се стигнувало само пеш преку тешко прооден пат.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа37 минути

Членките на ЕУ поделени за предлогот на Франција

Земјите членки на Европската Унија се поделени за предлогот на Франција, некои од нив изразиле поддршка, а други се воздржани...

Македонија2 часа

(Видео) Катица Јанева спроведена во домашен притвор

Поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, од затворот во Шуто Оризари беше спроведена во домашен притвор во стан во Скопје кога...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Најавеното покачување на пензиите е лажно ветување на Заев

Владата на СДСМ и Зоран Заев не ги зголемија пензиите 700 денари, туку, напротив, ги намалија 400 денари, изјави на...

Свет5 часа

Шведска ја прекина истрагата за силување против Асанж

Шведското обвинителство ја отфрли истрагата поради обвинение за силување против основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, покренато уште во 2010 година....

Македонија5 часа

Екоактивистите ќе протестираат итно да се одземе концесијата од „Еуромакс ресурсис“

Се ближи датумот кога оваа влада нема да може да донесува и спроведува одлуки, а Министерството за економија сè уште...

Македонија7 часа

(Видео) Дуковски: На Боки 13 не му работи бубрегот и мокри крв

Адвокатот на обвинетиот Бојан Јовановски, Сашко Дуковски, на наменска прес-конференција за јавноста рече дека е загрижен поради здравствената состојба на...

Топ7 часа

(Видео) Во камион пронајдени над 100 килограми марихуана, приведен маж од Валандовско

Граничната полиција на преминот Табановце ноќеска во камион со приколка со бугарски регистарски ознаки пронајде 100 килограми марихуана. Приведен е...

Македонија8 часа

Тупураинен: ЕУ нема да му го сврти грбот на Балканот

Претседавачката со Советот на ЕУ, финската министерка за европски прашања, Тити Тупураинен, порача дека министрите на ЕУ од денешниот состанок...

Македонија9 часа

Дисциплинска за адвокатот Даути зашто бараше да бидат преведени сите списи на албански во ТНТ

Адвокатската комора со допис го известила судот дека повела дисциплинска постапка пред дисциплински обвинител за адвокатот на обвинетата во ТНТ...

Топ9 часа

Дрога и муниција пронајдени во куќа на 25-годишник во Ѓорче Петров

Полицијата уапси двајца скопјани на возраст од 25 и 32 години при извршен претрес во дом во населбата Ѓорче Петров....

Интервју/Дебата11 час

(Интервју) Италијанскиот амбасадор Ромео: Ќе сториме сè за да ја поправиме историската грешка за вашата држава

На денешниот редовен Совет за општи работи во Брисел, на кој по иницијатива на Италија ќе се расправа за прашањата...

Економија11 час

САД одново ги одложија санкциите за „Хуавеј“

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја одложи забраната за продажба на американски производи на кинеската компанија „Хуавеj“ за уште...

Европа12 часа

Во Советот на ЕУ дискусија за реформата за проширување

На состанокот на Советот за општи работи денеска во Брисел, министрите на ЕУ ќе разговараат за ситуацијата во областа на...

Свет1 ден

Три лица убиени во пукање во супермаркет во САД

Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркетот „Волмарт“ во Данкан, Оклахома, објавија американските медиуми. Од локалната полиција наведоа...

Македонија1 ден

Османи се сретна со Тимоние: „Процесот на интегрирање во ЕУ не е запрен“

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска оствари средба со францускиот амбасадор во земјата, Кристијан Тимоние, на која главна...

Економија1 ден

Бензините поевтинуваат

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина денар, додека цената на дизелот ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија...

Македонија1 ден

(Видео) Таткото на Боки 13 осуден на шест месеци затвор

Миле Јовановски, таткото на Бојан Јовановски, познат како Боки 13, е осуден на казна затвор во траење од шест месеци,...

Македонија1 ден

Серија земјотреси ја погодија Битола

Вчера и денеска регистрирани се серија земјотреси со епицентри во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин во Грција, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Економија1 ден

(Видео) Финансии дава 33.000 евра за маркетинг-стратегија за „МојДДВ,#МојаНаграда“

Министерството за финансии одвои половина милион евра за награди за скенирање сметки во рамки на акцијата „Мој ДДВ“. Предвидени се...

Македонија1 ден

Завршни зборови во „Тврдина 2“, в среда втора пресуда за Горан Грујевски

Во кривичниот суд во Скопје в среда судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ треба да ја изрече по вторпат пресудата за ексначалникот на...

Досие