Свет
Избран е државниот секретар на Трамп: тој е критичар на Кина и на Куба и силен поддржувач на Израел

Американскиот Сенат едногласно го потврди републиканскиот сенатор Марко Рубио, остар критичар на Кина и цврст поддржувач на Израел, за државен секретар на претседателот Доналд Трамп.
Сенатот го поддржа Рубио со 99-0 гласови, неколку дена откако долгогодишниот член на комисиите за надворешни односи и разузнавање на Сенатот го помина сослушувањето за потврда на Конгресот.
Рубио стана првиот од кандидатите за кабинетот на Трамп потврден од Сенатот, само неколку часа откако претседателот положи заклетва за втор мандат во Белата куќа.
Оваа недела се очекуваат и други гласања за номинираните на Трамп.
Рубио (53) е остар критичар на Кина и поддржувач на Израел. Синот на имигрантите од Куба, исто така, се залага за остри мерки против островот со кој владее комунизмот и неговите сојузници, особено владата на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
За време на сослушувањето во Конгресот, тој предупреди дека САД мора да го сменат курсот за да избегнат повеќе да се потпираат на Кина и вети силна надворешна политика фокусирана на американските интереси.
Рубио рече и дека американската политика треба да биде војната во Украина да заврши.
Тој рече дека постигнувањето договор за прекин на огнот ќе вклучи отстапки и од Москва и од Киев и посочи дека Украина ќе мора да се откаже од својата цел да ја врати целата територија што Русија ја зазеде во изминатата деценија.
Рубио е првиот човек со шпанско потекло кој служи како врвен дипломат во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Мислам дека ќе се случи припојување на Гренланд

Американскиот претседател, Доналд Трамп, вечерва ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.
Главна тема на средбата е војната во Украина и актуелната ситуација со предложениот едномесечен прекин на огнот, а средбата се одржува во Белата куќа зад затворени врати.
Пред почетокот, Трамп и Руте накратко се појавија пред новинарите. Претседателот рече дека „се надева оти Русија ќе постапи правилно“, а изјавата на Путин ја опиша како „ветувачка, но не и целосна“.
Сепак, особено внимание привлече изјавата на Трамп, пренесена од Ројтерс.
Тој и Руте беа пречекани со прашања за американските напори да го заземат Гренланд. И додека шефот на НАТО не сакаше да зборува за тоа, Трамп рече:
„Мислам дека припојувањето на Гренланд ќе се случи. Нашата администрација се занимава со Данска и Гренланд, ќе направиме договор. Ова е неопходно за меѓународната безбедност“, рече Трамп.
Свет
Трамп: Се надевам дека Русија ќе ја направи вистинската работа

Американскиот претседател Доналд Трамп во моментов и се обраќа на јавноста од Овалната соба. Тој денеска се среќава со генералниот секретар на НАТО Марк Руте.
Трамп на самиот почеток се осврна на изјавата на Путин дека „се согласува со предлогот за прекин на огнот за прекин на непријателствата, но дека треба да се тргне од фактот дека овој прекин на огнот мора да доведе до траен мир“.
„Изјавата на Путин ветува, но не е целосна. „Се надевам дека Русија ќе ја направи вистинската работа“, рече Трамп.
Американскиот претседател, исто така, изрази подготвеност да разговара со рускиот претседател за да обезбеди прекин на огнот.
Свет
Украинските војници на фронтот зборуваа за можноста за прекин на огнот: „Не верувам дека ќе се случи“

Додека Москва размислува за привремен прекин на огнот, нејзината воена машинерија продолжува да притиска на бојното поле. Дипломатските преговори можеби се бавни и тешки, но на бојното поле секој момент се мери со изгубени животи, јавува Би-Би-Си од првите редови на конфликтот.
Во воената болница во источна Украина ранетите постојано пристигнуваат во бранови. Овде, јасно е видлив јазот меѓу дипломатијата, која се одвива далеку од борбите, и суровата реалност на војната, каде човечките тела продолжуваат да се разнесуваат со бомби и куршуми.
Екипа на Би-Би-Си била сведок на евакуација на дваесетина украински војници кои се качувале во медицински опремен автобус до болницата во Днипро. Некои се лесно повредени и можат да одат, додека други се носат на носилки. Повеќето беа ранети од шрапнели, резултат на напади со беспилотни летала, оружје што сега доминира на бојното поле и влева најголем страв.
Меѓу ранетите е и 30-годишниот Максим, кој е хоспитализиран поради силни болки од повеќекратни повреди од шрапнели. Тој слушнал за предлогот за 30-дневен прекин на огнот, но се сомнева дека ќе се оствари.
„Го сметам Путин за убиец и убијците не се откажуваат лесно“, вели тој. Вова, војник од регионот околу Покровское, зборува за тоа како секојдневно одбиваат руски напади. „Не верувам во примирје“, додава тој.
Уште едем Максим, кој е ранет по втор пат, нема илузии. „Многу мои пријатели повеќе не се со нас“, вели тој. „Би сакал да верувам дека се ќе биде добро, но на Русија не може да и се верува.
Големиот медицински автобус што се користел за евакуација на ранетите му припаѓа на Украинскиот волонтерски медицински баталјон, познат како Хоспиталери. Секојдневно превезуваат десетици ранети војници.
Софија, 22-годишна студентка по медицина, со нив волонтира веќе 18 месеци. И таа е скептична за прекинот на огнот.
„Сакам да се случи, но не можам да верувам“, вели таа. Додека пристигнуваа вести за американско-украинските преговори за прекин на огнот, руските беспилотни летала летаа над нивната база, а украинската воздушна одбрана се обидуваше да ги собори.
Даниел, уште еден член на медицинскиот тим, пристигна од Шведска. Неговиот дедо се борел против Русите во Финска за време на Втората светска војна. „Историјата се повторува“, вели тој.
Кога првпат пристигнал во Украина, ги прашал ранетите што ќе прават по војната. Сега веќе не го поставува тоа прашање. „Никој не сака да одговори“, вели тој. „Тие не сакаат да бидат разочарани. Не се осмелуваат да се надеваат. Тука е како во паралелен универзум“, додава тој.