Контакт

Вести

Израелската полиција гo испитува Нетанјаху за примање подароци

Објавено пред

Полициски иследници започнале во понеделникот да го испитуваат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во неговата службена резиденција во Ерусалим поради сомневање дека примал дарови од деловни луѓе што како јавен службеник не го смеел, објавија израелските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Испитувањето го одобрил државниот обвинител Авихаи Манделблит, кој по прелиминарната истрага заклучил дека има доволно основа за покренување кривична истрага, објави дневниот весник Haaretz.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху во обраќањето пред пратениците од неговата владејачка партија Ликуд изјави дека оние кои се надеваат на негово паѓање од власта „ќе мора да почекаат со славењето и дека не треба да брзаат“. „Веќе реков и кажувам повторно: нема да има ништо, бидејќи и нема ништо“, им порача на противниците.

Израелските весници пишуваат дека истрагата се однесува на подароци во вредност од стотици илјади долари кои Нетанјаху наводно ги добил од израелски и од странски деловни луѓе.

Според телевизијата Channel 2, ова е еден од двата случаи покренати против Нетанјаху. Деталите за другиот не се познати.

Шеесет и седумгодишниот Нетанјаху на власт со прекини е од 1996 година. Во моментов го извршува четвртиот мандат на чело на израелската влада.

Со сопругата Сара преброди во текот на годините повеќе скандал, вклучително и последните истраги за злоупотреби на државни пари за семејни прослави и работи на семејната резиденција. Ги негираа сите обвиненија.

Нетанјаху не е првиот израелски премиер против кого е покрената истрага. Ехуд Олмерт, кој на функцијата беше од 2006 до 2009 година, отслужува 18-месечна затворска казна откако во 2014 година беше осуден за земање мито. Поранешниот премиер Ариел Шарон беше под истрага во 2003 и 2004 година за обвиненија за мито и корупција, заедно со двајца негови синови. Во2006 година неговиот син Омри беше осуден за корупција и мина извесен период во затвор./крај/мф/сн

Вести

Бодликава жица, зовриена атмоссфера, блокирани општини – Србите четврти ден протестираат на северот на Косово

Објавено пред

Четврти ден КФОР ги контролира зградите на четири општини на северот на Косово. Вработените во локалните самоуправи не можат да одат во канцелариите, а Србите и за денеска најавуваат мирен протест, пишува РТС.

dobivaj vesti na viber

Командантот на КФОР, генерал-мајор Анџело Микеле Ристуца, коментирајќи ја интервенцијата на КФОР на северот на Република Косово, изјави дека ризикот е поврзан со тоа што премиерот Албин Курти, одлучил да продолжи со инаугурација на градоначалници во четири општини на север и покрај протестите на Србите и сомнежите на меѓународната заедница, пишува РТС.

Тој во интервју за италијанскиот весник „Република“ вели дека ситуацијата во Звечан, како и насекаде, е крајно нестабилна и може нагло да се промени за многу краток временски период.

„Тврдоглавоста на албанските локални власти да не постапуваат во согласност со укажувањата добиени од западните партнери, укажувања кои служат за олеснување на дијалогот, особено во светло на напредокот постигнат со договорите во Брисел и Охрид, во голема мера го ослабна балансот кој го имаше“, рече Ристуца.

Работници на општина Звечан утринава дошле пред зградата во 7 часот каде во книгата за евиденција на работното време се потпишале дека се уште се присутни на своите работни места, пишува Косово онлајн.

Општинската зграда е опкружена со бодликава жица и кордон на КФОР.

Како што јавува репортерот на Косово онлајн, ноќта во Звечан поминала мирно, а таква е моменталната состојба.

Покрај општинските работници, пред бодликавата жица и металната ограда поставена од војниците на КФОР полека се собираат и други граѓани, каде денеска ќе го продолжат својот мирен протест барајќи исполнување на нивните барања.

Прикажи повеќе...

Вести

Серија експлозии во Киев, две деца загинаа: Путин го нападна главниот град на Украина четири пати оваа недела, но никогаш толку брутално како ноќеска

Објавено пред

Во воздушен напад врз главниот град на Украина рано наутро загинаа три лица, меѓу кои две деца, објавија градоначалникот Виталиј Кличко и воените власти.

dobivaj vesti na viber

„Три лица загинаа, а четворица се ранети во областа Дешњан. Две деца се меѓу загинатите во областа Деснијан“, објави градската воена управа на Киев на Телеграм.

Едно од убиените деца било на возраст меѓу 5 и 6 години, додека другото на возраст од 12 или 13 години, се вели во соопштението. Фотографиите објавени од воените власти покажуваат дека спасувачките тимови им помагаат на луѓето, како и оштетените згради.

Бројот на жртвите го потврди и градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко.

„Според првите информации добиени од спасувачките екипи, тројца загинати, меѓу кои и две деца“, објави Кличко на Телеграм, кој подоцна изјави дека во градот се случила „серија експлозии“ и дека спасувачите се на местото на настанот и помагаат. да го изгаснат огнот.

Прикажи повеќе...

Вести

Гром уби 26-годишен Британец додека пливал на Родос, Грција, неговата девојка го снимила

Објавено пред

Британски турист загина откако го удри гром додека неговата девојка, од плажата, го снимала како плива со СУП даска во морето во Грција, јавуваат грчките медиуми.

dobivaj vesti na viber

26-годишниот маж трагично загина денес околу пладне близу брегот во областа Агиа Агати на Родос.

47-годишен локален фудбалер, Бразилец, Вандер Мачадо, се обидел да го спаси Британецот. Во изјава за грчкиот медиум „Родиаки“ тој истакна дека штом сфатил што се случило, го фрлил мобилниот телефон и скокнал во морето со облека на себе, пливајќи да стигне до Британецот.

„Штом му се приближив, видов дека е со лицето надолу во водата и лицето му беше црно. Веднаш знаев дека секоја секунда се брои и почнав да го влечам на земја. Се плашев дека и јас ќе настрадам од истото, бидејќи сè уште врнеше. Но, не застанав. Кога го извлеков почнав да му давам прва помош, да го масирам и се друго што знаев. Човекот сè уште беше жив, му го слушав срцето и имаше пулс“, изјави Мачадо.

Неговата преплашена девојка заедно со други посетители на плажата почнала да бара помош откако забележала дека има некаков проблем, а Мачадо се нашол во близина.

„Трагедијата почна да се одвива нешто по 1:30 попладне, среде невремето кое избувна. 26-годишниот млад човек беше во морето со СУП даска (за веслање). Потоа гром падна на мало растојание од местото каде што се наоѓаше и видовме дека е повреден, удрен од громот“, изјави Мачадо за „Родиаки“.

Спасувачите пристигнале набргу и ги извршиле сите процедури за реанимација за да го одржат во живот.

„За жал, малку подоцна дознав дека не успеал“, изјави Мачадо.

Британецот бил однесен во здравствениот центар Архангелос, каде службите за итна помош ја продолжиле битката на спасувачите да го одржат жив. Избезумено се обидувале да го реанимираат, но за жал не можел да се спаси.

Во моментот на трагичната несреќа, во областа во близина на грчкиот остров имало лоши временски услови и силни грмотевици.

За инцидентот е информирано Централното пристаниште на Родос, чии службеници ќе спроведат истрага за трагичниот инцидент.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Уапсен скопјанец за убиството на Жила во Чаршија, се поврзува со запалениот автомобил искористен за бегството

Скопјанец е уапсен за двојното убиство во скопската Чаршија во „Шиша бар“ кое се случи пред три месеци, дознава „Макфакс“....

Свет40 минути

Зеленски му постави ултиматум на НАТО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да се појави на самитот на НАТО во Литванија во јули освен ако Алијансата не...

Македонија1 час

(Видео) Со полиција се затрупува градилиштето зад Универзална, кое проголта дел од улицата „9 Мај“

Со полициска асистенција, градоначалникот Горан Герасимовски и службите на Општина Центар отидоа да интервенираат на градилиштето зад Универзална сала, кое...

Македонија2 часа

Стапуваат во сила три договори од берлинскиот процес

Во Македонија, Албанија и Косово стапуваат на сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година, во рамките на Берлинскиот...

Македонија2 часа

Родителите од градинката „Детска радост“: Директорката трошела државни пари за луксузен мебел, најавуваме отпор

Родителите на децата во градинката „Детска радост“ најавуваат отпор против директорката Анета Петровска која беше разрешена од градоначаникот на Гази Баба,...

Вести3 часа

Бодликава жица, зовриена атмоссфера, блокирани општини – Србите четврти ден протестираат на северот на Косово

Четврти ден КФОР ги контролира зградите на четири општини на северот на Косово. Вработените во локалните самоуправи не можат да...

Вести3 часа

Серија експлозии во Киев, две деца загинаа: Путин го нападна главниот град на Украина четири пати оваа недела, но никогаш толку брутално како ноќеска

Во воздушен напад врз главниот град на Украина рано наутро загинаа три лица, меѓу кои две деца, објавија градоначалникот Виталиј...

Топ14 часа

(Видео) Пет лица повредени, двајца потешко – епилог од несреќата на автопатот Тетово-Скопје

Пет лица се повредени во несреќата кај тетовски Групчин, велат од МВР за „Макфакс“. Според информациите од терен, две лица...

Топ16 часа

(Видео) Еден загинат, повеќе повредени во тешката сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Еден загинат и повеќе повредени лица е билансот од тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Ботун, на патот Охрид-Кичево....

Топ16 часа

Ја удирал вонбрачната партнерка со тупаници и клоци по главата и телото, скопјанец осомничен за семејно насилство

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжено...

Топ18 часа

Уапсен старец од Скопје кој допирал малолетничката во автобус

Старец од Скопје, допирал малолетничка во автобус, информира МВР. Имено, вчера во 12.45 часот на подрачје на Кисела Вода, полициски...

Македонија21 час

Фон дер Лaјен: Уставните измени се во корист на Северна Македонија и регионот, ЕУ дава поддршка

Премиерот Димитар Ковачевски се сретна со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лaјен, во Братислава, каде што учествуваат на...

Македонија23 часа

(Видео) Адвокатот зборуваше за повредите на Пендиков, болниот се смееше зад грб на прашањата

Додека адвокатот Стефан Карамишевски зборуваше за повредите на Христијан Пендиков, болниот зад грб се смееше на новинарските прашања. Карамишевски не...

Македонија24 часа

Министерот за здравство без магичен стап: Тоа нема да се случи преку ноќ, но се стремиме да ги изградиме болниците

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, во ново јавно појавување одново се жалеше од состојбите во секторот со кој раководи. Пред...

Македонија1 ден

Почина Драги Христов, познат како Драги Шпага

Драги Христов, кого сите го познаваа по прекарот Драги Шпага, почина на 52 години по кусо и тешко боледување. На...

Македонија1 ден

(Видео) Пендиков веќе не се плаши, пред новинарите се пожали, на сè не одговара: Не е убаво да ве пцујат

Христијан Пендиков застана пред македонските новинари, но адвокатот Стефан Карамишевски не му дозволи да одговара на прашања што не се...

Македонија1 ден

Кратка драма на судењето за Пендиков: судијата не даде одлагање, адвокатите на обвинетиот си излегоа од судницата за да го запрат судењето

Нов доказ предложен од охридското Обвинителство против обвинетиот Илија Спасевски е доставен до судот во случајот со натепувањето на Христијан...

Свет1 ден

Медведев: Лондон де факто војува со Русија, британските власти се легитимна воена цел

Лондон практично води необјавена војна против Москва, што значи дека секој британски функционер може да се смета за легитимна воена...

Македонија1 ден

По потпишувањето на договорот, Груби почна да носи патики што чинат колку една македонска плата, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Артан Груби е човек без срам. Очигледно стандардот на облекување на Артан Груби порасна со потпишувањето на договорот за коридорите...

Регион1 ден

(Видео) И денеска масовно собирање граѓани во Звечан, КФОР постави бодликава жица

И утрово се собраа граѓани пред општината Звечан. Постојано се зголемува нивниот број. Исто така, голем е и бројот на...