Свет
Израел изврши нови воздушни напади врз Либан
Во израелски воздушен напад целосно е уништена џамија во либанско село на десет километри од границата со Израел, кој неодамна го засили бомбардирањето во регионот, објави официјалната либанска агенција.
„Околу 3 часот и 45 минути изутрината, непријателска летала изврши воздушен напад врз античката џамија во центарот на селото Кфар Тебнит, целосно е уништена“, објави АНИ.
„Оваа вековна џамија беше симбол затоа што семејствата се собираа на нејзиниот плоштад за да слават различни прилики“, рече градоначалникот на Кфар Тебнита, Фуад Јасин за АФП.
Црвениот крст, во меѓувреме, соопшти дека неколку негови спасувачи биле повредени во неделата во напад на куќа во јужен Либан, каде што биле испратени во координација со мисијата на ОН која делува како тампон меѓу Израел и Либан.
Израелската армија потоа започна копнена офанзива во јужен Либан на 30 септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Малолетник планирал да направи масакр на Божик во Германија
Полицијата во средата вечерта привела 17-годишник во Елмшорн, под сомнение дека планирал да изврши терористички напад за време на божиќниот базар и да убие луѓе со камион.
Медиумите јавуваат дека станувало збор за тинејџер со германско-турско потекло. Полицијата ги проследила неговите комуникации и констатирала вознемирувачки информации, по што бил лоциран и уапсен.
Според информациите на Билд, се смета дека зад малолетникот стојат исламисти.
Предупредување дека може да има напад дојде до германските разузнавачи од американски колеги.
„Можеме да потврдиме дека водиме истрага, а поради сомнение дека уапсениот планирал да изврши кривично дело, со цел да предизвика смрт на поголем број лица“, соопштило обвинителството.
Регион
Вучевиќ: Разговорот на Вучиќ со Трамп е добар знак за нашата земја
Српскиот премиер Милош Вучиќ изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ бил меѓу првите лидери кои разговарале со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и дека тоа е добар знак за Србија.
Вучиќ изјавил дека ова е добра вест за земјата и дека бил задоволен од разговорот на кој присуствувал и Илон Маск.
„Претпоставувам дека тоа е добар знак за Србија. Претпоставувам дека тоа е нешто со што треба да се гордееме, добра вест“, изјави Вучевиќ.
Милош Вучевиќ изјави и дека најважно во овој момент е државните органи да утврдат зошто и како се урнала настрешницата на железничката станица во Нови Сад, што го очекуваат и семејствата на загинатите во таа огромна трагедија и најави дека обвинителството може во следните два-три дена да излезе со првите информации.
Свет
Патник без билет нападнал кондуктер на воз во Италија
Патник без билет во локален воз нападнал кондуктер во близина на Арека во Тоскана, соопшти денеска железничката компанија ТФТ.
Тоа е последен во серијата напади врз персоналот на јавниот транспорт низ Италија, вклучувајќи го и случајот со кондуктер кој беше избоден минатата недела во близина на Џенова, пренесува АНСА.
Напаѓачот прво го удрил кондуктерот во главата, а потоа го испрскал со бибер спреј, се вели во соопштението на компанијата TFT.