Свет
Израел одобри следење на мобилните телефони на лица заразени со коронавирус до јануари 2021 година
Израелскиот парламент и одобри на тајната служба „Шин Бет“, која е надлежна за заштита на безбедноста на земјата, мерка за следење на мобилните телефони на граѓаните заразени со коронавирус до јануари 2021 година.
Технологијата за набљудување на безбедносната служба „Шин Бет“ се користи повремено за да се следат лицата заразени со коронавирус уште од март, а израелскиот парламент (Кнесет) ја одобри мерката до 20 јануари 2021 година.
Безбедносната агенција ги следи локациите на заразените со коронавирус 14 дена пред да им биде дијагностициран. Овие податоци се користат за да се идентификуваат сите оние со кои стапиле во контакт.
Новиот закон може да се користи само ако бројот на нови дневни случаи надминува 200. Оние на кои им е одредена изолација може да поднесат жалба доколку веруваат дека податоците се неточни.
Израелскиот парламент му нареди на тамошното Министерство за здравство да развие надградена мобилна апликација, која јавноста може да ја преземе.
Израел ги отвори училиштата и многу претпријатија во мај укинувајќи ги ограничувањата, што ја намалија кривата на инфекција по делумниот карантин воведен во март.
Во Израел, со 9 милиони население, пријавени се речиси 1.500 нови инфекции на коронавирус. Вкупно досега земјата забележа 415 смртни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

