Свет
Израел подготвува нова рунда на вакцинација, сега и на децата
Израел планира нова рунда на вакцинација против коронавирус за шест месеци, во која ќе се вакцинираат и деца, најави премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Тој им рече на Израелците на прес-конференција синоќа да се подготват за нов круг на вакцинација.
Израелските медиуми објавија дека станува збор за набавка на 18 милиони дози, со можност за последователна набавка на дополнителни вакцини.
Пред два дена Израел склучи нови договори за набавка на вакцини со компаниите „Фајзер“ и „Модерна“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Сопственикот на Кран Монтана каде загинаа 40 лица, излезе од притвор со гаранција од 200.000 швајцарски франци
Сопственикот на барот во швајцарското скијалиште Кран Монтана, во кој загинаа 40 лица во пожар за време на новогодишна забава, е пуштен на слобода откако судот му го укина притворот.
Жак Морети е пуштен на условна слобода, соопшти судот во Сион, во швајцарскиот кантон Вале.
Морети мора да ги предаде личните и патните документи, нема право да ја напушти земјата, должен е секојдневно да се јавува во полиција и да плати кауција. Судот соопшти дека на сметката на обвинителството се уплатени 200.000 швајцарски франци, наводно од негови блиски пријатели. Слични услови важат и за неговата сопруга Џесика.
Според првичните истраги, за време на новогодишната забава во барот „Le Constellation“, прскалките ја запалиле пената на таванот, по што пожарот се проширил исклучително брзо.
Во пожарот загинаа 40 лица, меѓу кои и голем број малолетници. Вкупно 116 лица беа повредени, од кои 80 со тешки изгореници.
Свет
Заврши првата рунда преговори меѓу Украина и Русија со посредство на САД
Руски, украински и американски претставници се сретнаа вчера во Абу Даби за прв пат во овој формат за да ги разгледаат за условите за завршување на четиригодишната војна во Украина, бидејќи Москва продолжува да инсистира Киев да ги повлече своите сили од Донбас, јавија светските агенции.
Според украинскиот претседател Володимир Зеленски, спорното прашање за територијата останува главна пречка за постигнување договор во овие разговори, кои треба да продолжат денеска.
Ова се првите директни разговори меѓу Москва и Киев за американскиот план за завршување на војната, која однесе десетици илјади животи од 2022 година.
Свет
Трамп: Канада ја избра Кина пред „Златната купола“
Доналд Трамп напиша на Truth Social дека Канада е против изградба на „Златна купола“ над Гренланд, иако куполата би ја заштитила самата Канада.

„Канада е против изградба на Златна купола над Гренланд, иако Златната купола би ја заштитила Канада. Наместо тоа, тие избраа да соработуваат со Кина, која ќе ги „изеде“ во првата година“, напиша тој на социјалната мрежа.

