Контакт

Европа

Институтот за проучување на војната: Русите составија царски воз долг 30 километри, се подготвуваат за украински напад

Објавено пред

Во својата најнова анализа на ситуацијата во Украина, Институтот за проучување на војната тврди дека руските сили изградиле бариера долга 30 километри наречена царски воз во окупираната област Донецк.

dobivaj vesti na viber

Американскиот тинк-тенк претпоставува дека бариерата ќе служи како линија на одбрана против идните украински напади. Сателитските снимки од 10 мај 2023 година и 6 и 10 февруари 2024 година покажуваат дека во изминатите девет месеци руските сили поставиле долга железничка линија, која се протега од окупираната Оленивка до Волноваха.

Украински извор објави дека Русите собрале повеќе од 2.100 товарни вагони во воз долг 30 километри. Изворот додаде дека склопувањето на возот почнало во јули минатата година. Железничката линија помеѓу Оленивка и Волноваха е оддалечена приближно шест километри од првата линија.

Таа област на фронтот беше релативно неактивна кога руските сили почнаа да го склопуваат возот. Русите неодамна остварија маргинални територијални придобивки во таа област. Институтот предупредува дека не треба да се игнорира можноста склопениот воз да има и други цели, освен да служи како бариера.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Пукање во Лондон: има повредени

Објавено пред

Три лица се повредени при пукање во Клафам, јужен Лондон, пред паб, соопшти службата за итна помош, пишува „Дејли Мејл“. Полицијата веднаш почнала да трага по напаѓачот.

dobivaj vesti na viber

Се претпоставува дека напаѓачот пукал од сачмарка, од мотор и веднаш побегнал од местото. Две лица се повредени од огнено оружје, а третото лице е повредено кога напаѓачот налетал со мопед.

Итната помош била повикана околу 17 часот, а на лице место била повикана и итната помош од хеликоптер.

На лице место помош била укажана на три лица, едно лице било префрлено во болница, а уште две во главниот трауматолошки центар. Полицијата смета дека никој од повредените не е во животна опасност.

Очевидци од блискиот ресторан изјавиле дека слушнале два истрели, а кога излегле надвор виделе мотоцикл како со голема брзина се движи покрај тротоарот.

Според „Mail Online“, се верува дека нападот нема никаква врска со тероризам.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Преживеана мачка пронајдена по осум дена од смртоносниот пожар во Шпанија

Објавено пред

Пожарникарите во Валенсија не можеле да поверуваат кога во пламенот на зградата која изгорела пред осум дена пронашле преживеана мачка.

dobivaj vesti na viber

Мачката Коко повторно се спојува со нејзината сопственичка Андреа Рубио, која веќе се откажа од надежта дека ќе го најде својот сакан миленик по пожарот кој однесе десет човечки животи и десетици домашни миленици.

„Моето кутро малечко“, вели 32-годишната девојка во видеото на кое се гушка со Коко, објавено од локалната полиција.

„Го најдовме со чиста среќа“, рече еден пожарникар.

Хавиер Фернандез, нејзиниот партнер, изјави за Ројтерс дека пожарникарите го пронашле на тринаесеттиот кат, два ката над нивниот стан, во дел од зградата што не претрпела поголема штета.

Парот веднаш го однел на ветеринар, кој констатирал дека е во добра здравствена состојба, и покрај силниот чад. Коко останала под опсервација 24 часа за да се утврди дали е дехидрирана.

Смртоносниот пожар, кој брзо се прошири поради силниот ветер, избувна на 22 февруари во богатата населба Ел Кампанар.

Повеќе од 150 преживеани, меѓу нив и Рубио и Фернандез, се привремено сместени во слободни социјални станови додека не се најде трајно решение.

„Тоа е нов дом за него. Отпрвин ќе биде изгубен, но колку побрзо се навикне, толку подобро ќе се чувствува Коко“, заклучи Фернандез.

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Автомобил влета во толпа луѓе на трамвајска станица во Полска, најмалку 19 повредени

Објавено пред

Неколку лица се повредени денеска кога автомобил удри во толпа луѓе кои чекаа на трамвајската станица во градот Шчечин во северозападна Полска, а потоа се судри со три други возила, јавија локалните медиуми.

dobivaj vesti na viber

„ТВН24“ објави дека околу 19 лица се повредени, меѓу кои три деца, а две лица се во критична состојба, пренесе АП.

Полицијата соопшти дека возачот, 33-годишен маж, избегал од местото, но подоцна бил уапсен.

Според полицијата, станува збор за 33-годишен Полјак, жител на Шчечин, кој побегнал, но набрзо бил уапсен. Полицијата не се сомнева во тероризам.

Меѓу повредените има и три деца, изјави портпаролот на локалната полиција Павел Панкао. Според информациите, две лица се во критична состојба.

Инцидентот се случил на фреквентна раскрсница на почетокот на попладневниот шпиц, околу 16 часот по локално време.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ11 часа

Со нож убил малолетник: притвор за 15-годишникот од Прилеп бара обвинителството

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе барање за поведување подготвителна постапка со предлог за определување мерка притвор за 15-годишник од прилепското...

Свет11 часа

(Видео) Апсења по погребот на Навални, присутните со извици: „Путин е убиец“

Голем број Руси го скандираа името на Алексеј Навални додека лидерот на опозицијата беше погребан денеска во Москва и им...

Македонија13 часа

Палевски ќе биде екстрадиран од Турција по завршувањето на административните процедури, вели Аврамовска-Мадиќ

Заменик министерката за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ, очекува Љупчо Палевски од Турција да биде екстрадиран веднаш по завршување на административните...

Македонија14 часа

Зибери јавно им одржа лекција на извршителите и на судиите: Член 93 од Законот за извршувањето е правниот основ за бришење на долговите

Народниот правобранител Насер Зибери јавно им одржа лекција на извршителите и судиите, кои седум месеци одбиваат да ги применуваат измените...

Македонија16 часа

Пендаровски: Ако бев избран во парламентот во 2019, ќе бев сменет истото попладне кога ѝ се спротивставив на власта за „Рекет“

На денешната прес-конференција претседателот Стево Пендаровски рече дека не може да знае дали некои од неговите поддржувачи ќе го дадат...

Топ19 часа

Расчистено убиството на 14-годишното момче во Прилеп, приведени двајца

Денеска, во 4 часот, во село Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода малолетник и...

Топ19 часа

14-годишно момче убиено среде Прилеп

14-годишно момче, вчеравечер, околу 19.30 часот, е пронајдено без знаци на живот со повеќе убодни рани и надворешни крвавења во...

Македонија20 часа

ДИК со нов пресек: Ванковска собра 9.722, Јакимовски 9.265 потписи, за Томе Николоски сè уште никој не се потпишал

Професорката Билјана Ванковска, која е предложена од политичката партија Левица, заклучно со вчерашниот ден има собрано 9.722 од потребните 10.000...

Економија20 часа

Нема повеќе гарантирани цени во маркетите, секое нелогично зголемување ќе биде санкционирано

Од денеска нема повеќе гарантирани цени на производите во маркетите. Како што порача претходно вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи,...

Македонија20 часа

МНР го осуди нападот во Газа: Ваквиот чин претставува сериозно кршење на меѓународното право

Министерството за надворешни работи најостро го осудува нападот во Газа, кој однесе животи на голем број невини луѓе додека чекаа...

Македонија20 часа

МВР воведе нова секција на веб-страницата за побрзо закажување термин за лични документи

Министерството за внатрешни работи информира дека од вчера е воведена уште една нова секција на веб-страницата https://termin.mvr.gov.mk/, која има цел да...

Свет21 час

(Видео) Пожар зафати зграда во Бангладеш, загинаа најмалку 43 лица

Најмалку 43 лица загинаа, а десетици се повредени во пожар што вчера уништи седумкатница во Дака, главниот град на Бангладеш,...

Свет21 час

(Видео) Не стивнуваат реакциите за масакрот во Газа; сведок: Камиони со храна газеа луѓе

Според последните информации од Газа, најмалку 112 Палестинци се убиени, а 760 се повредени додека очајнички се обидувале да ја...

Македонија2 дена

(Видео) Бунарите пресушуваат, изворите се повлекуваат; наместо над 400, УХМР има 40 станици за следење на подземните води

Секнати кладенци, пресушени бунари, повлечени изворишта на вода и суви поила за стока станаа главна мака во речиси сите региони...

Европа2 дена

(Видео) Путин: НАТО подготвува напад врз Русија, но мора да разберат дека и ние имаме оружје што може да ги порази на нивна територија

Владимир Путин го почна своето годишно обраќање за состојбата на нацијата пред Федералното собрание на Русија. Кремљ не ги објави...

Македонија2 дена

Демири: Ќе најдеме решение да му се помогне не само на Лео, туку и на секој друг пациент што има потреба

Владата и Министерството се комплетно посветени и ќе се изнајде решение со кое ќе му се помогне на Леонид Индов,...

Македонија2 дена

Во дел од општините ГУП-от не е сменет над 20 години, има голем број дивоградби и неефикасен инспекциски надзор, објави Центарот за граѓански комуникации

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето на тема „Застарени ГУП-ови, често менување ДУП-ови и голем број дивоградби“ и ова,...

Македонија2 дена

Ванковска на чекор до претседателска кандидатура, собра 9.085 потписи

Професорката Билјана Ванковска која е предложена од политичката партија Левица, заклучно со вчерашниот ден има собрано 9.085 од потребните 10.000...

Македонија2 дена

Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази

ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на суштински идеи и понуда за граѓаните, продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази,...

Топ2 дена

(Видео) Полицајци истепале лице вработено како обезбедување во казино во Куманово

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Д.П., полициски службеник во Полициската...