Свет
Институт „Пастер“: Една доза вакцина не штити од делта-сојот
Делта-сојот на коронавирусот, кој се шири побрзо од претходните варијанти, може да биде отпорен на делумна вакцинација, покажа студија на францускиот институт „Пастер“.
Истражувачите ја тестирале крвта на луѓето кои претходно биле заразени со ковид, како и на оние кои примиле само една доза вакцина од „Фајзер“ или „Астразенека“, заклучувајќи дека овој вид заштита не е доволен за неутрализирање на делта-сојот.
Ова покажува дека само две дози вакцина штитат од овој вид.
Оливие Шварц, авторот на студијата и раководител на одделот за вируси и имунитет на францускиот институт „Пастер“, изјави дека резултатите од студијата ги објаснуваат причините за зголеменото пренесување на делта-сојот.
„Оваа студија покажува зошто вакцинацијата има заштитна улога од делта-сојот само по две дози на вакцината. Една доза од вакцината не активира доволни количини на неутрализирачки антитела“, рече Шварц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

