Свет
Инцидент со „Делта ерлајнс“ : Авион “пропаднал“ 9.000 метри за седум минути
Патниците кои патувале од Атланта во сојузната држава Џорџија за Форт Лодердејл на Флорида со авионот на американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“, искусиле седум минути чист страв кога авионот во текот на летот „пропаднал“ речиси 9.000 метри, пренесува „Њујорк пост“.
Авионот на летот 2353 бил на пола пат до конечното одредиште кога од висина од 11.890 метри за нешто помалку од седум минути нагло се спуштил на околу 3.000 метри.
„Одненадеж почувствував нешто како брз пад. Почнавме да “тонеме“ и маските за кислород почнаа да паѓаат. Межу патниците се создаде хаос, а една стјуардеса повторуваше да не паничиме. Но ситуацијата беше многу напната, многу патници околу мене забрзано дишеа,“ вели Харис де Воскин, кој од авионот им се јавил на девојката и на семејството и им јавил дека се случуваат страшни работи.
Портпаролот на „Делта ерлајнс“, Дрејк Кастанеда, изјави дека летот бил пренасочен во Тампа, Флорида, поради безбедносни мерки и дека таму слетал без никакви проблеми. Според него, до пренасочувањето дошло поради неправилности во одржувањето на воздушниот притиок во авионот.
Кастанеда рече дека не е јасно каков проблем со притисокот ги натерал пилотите брзо да се спуштат на надморска височина што им дозволува на патниците да ги тргнат маските за кислород. Авиокабините се под притисок над висина од 3.000 метри за да се спречи хипоксија, односно недостиг од кислород, и други психолоѓки проблеми што се јавуваат на големи висини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Способноста на Иран да лансира ракети ќе биде значително нарушена
Израел очекува способноста на Иран да испали балистички ракети да биде значително нарушена во следните 24 часа, изјавија двајца израелски функционери, како резултат на зголемените напади на САД и Израел. Според нив, се очекува фреквенцијата на иранските ракетни напади да се намали до вторник вечерта и да бидат испукани помалку ракети кон Израел, пренесуваат медиумите во регионот.
Во првите три дена од војната, САД и Израел погодија повеќе од 1.200 цели. Се очекува тој број да се удвои до вторник, по она што официјалните лица го опишаа како неуморно темпо на напади што започна во понеделник и се очекува да продолжи во текот на ноќта.
Еден од функционерите рече дека се очекува нападите на американските и израелските сили во понеделник вечерта да бидат насочени кон ракетни лансери, сили за внатрешна безбедност и цели на Револуционерната гарда. Американските и израелските функционери денес нагласуваат дека темпото и успехот на воздушната кампања досега ги надминале сите очекувања.
Свет
Иранската револуционерна гарда: „Непријателот нема да биде безбеден никаде во светот, дури ниту во своите домови“
Иранската револуционерна гарда, паравоена формација на која се потпира исламската влада во Техеран, денес се закани, по повод американско-израелските напади врз Иран, дека ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“ и дека непријателите нема да бидат безбедни „никаде во светот, дури ни во своите домови“, објавува CNN.
Како што објави иранската државна телевизија, Иранската револуционерна гарда соопшти дека неодамнешната загуба на врховниот лидер ајатолахот Ал Хамнеи и други високи функционери „не го потресе (Иран), туку само го направи посилен“.
Високо вооружената и организирана гарда – која постои паралелно со иранската армија и вклучува доброволни одреди – вети во соопштение дека Иран ќе продолжи да се бори „додека непријателот не биде поразен“.
„Непријателот треба да знае дека неговите среќни денови се завршени и дека повеќе нема да бидат безбедни никаде во светот, дури ни во своите домови“, се додава во соопштението што го пренесе CNN.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.

