Контакт

Свет

Иранскиот претседател нема намера да се сретне со Трамп

Објавено пред

Иранскиот претседател Хасан Рохани во понеделникот изјави за „Ен-би-си њуз“ дека не планира да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп за време на посетата на Њујорк велејќи дека САД се служат само со закани и санкции врз неговата земја.

Тој исто така додаде дека околностите засега не се погодни за да се оствари средба бидејќи, како што рече тој, САД ѝ го завртија грбот на дипломатијата кога го напуштија нуклеарниот договор со Иран.

„Се разбира, ако некој сака да оствари средба и да одржи дијалог и да постигне напредок во односите, не би користел санкции и закани како оружје со цел да ја покаже својата моќ пред некоја друга влада и народ“, рече Рохани. „Тоа значи дека отсуствува потребната волја за решавање на отворените прашања“.

Иранскиот претседател додаде дека предуслов за каков било дијалог е САД да ја поправат штетата што ја направија со напуштањето на нуклеарниот договор од 2015 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Прва жртва на коронавирусот во Европа, почина пациент во Италија

Објавено пред

Пациент заразен со коронавирус во градот Падова, на северот на Италија, почина, со што стана прва жртва на вирусот во Италија, но и во Европа.

Во северниот регион Ломбардија се регистрирани 15 заразени со коронавирус, а два случаи има во Венето, каде што се наоѓа Падова.

Мажот кој починал имал 78 години, пренесе агенцијата „Анса“.

Градските власти во овие региони апелираа граѓаните да останат дома, додека сите јавни активности, како карневалски прослави, црковни миси и спортски настани, се забранети до една недела. Улиците во 10 градови се опустошени, а јавните објекти се затворени.

Во Касалпустерлинго, пред градското собрание е поставена електронска табла со порака: „Коронавирус: апел до населението да остане на затворено како претпазливост“.

Првиот град во кој беа затворени повеќето продавници како и јавни објекти е Кодоњо, со население од 15.000, каде што три лица се заразени со вирусот, вклучувајќи 38-годишен маж и неговата сопруга, која е осми месец бремена.

Градоначалникот на Кодоњо, Франческо Пасерини, рече дека веста за случаите предизвикала тревога низ целиот град кој се наоѓа јужно од Милано.

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, изјави дека сè е под контрола и истакна дека владата одржува екстремно високо ниво на претпазливост.

Прикажи повеќе...

Свет

СЗО: Земјите мора да дејствуваат брзо пред да биде предоцна

Објавено пред

Шансите за сузбивање на ширењето на епидемијата на коронавирусот во светот се намалени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), нагласувајќи дека земјите мора да дејствуваат брзо доколку сакаат да ја преземат контролата.

Запрашан дали епидемијата ќе се шири уште, откако во Иран и во Либан беа пријавени нови случаи и смртни случаи од ХОВИД-19, генералниот директор на СЗО, Тедрос Адан Гебрејесус, рече дека тој се уште верува дека вирусот може да биде потиснат, но додаде дека можностите за тоа се намалуваат.

„Треба да дејствуваме брзо пред да останеме без шанса. Епидемијата би можела да се движи по кој било пат. Ако постапиме правилно, можеме да избегнеме посериозна криза, но ако ја пропуштиме можноста, ќе имаме сериозен проблем“, рече Тедрос, пренесува „Ројтерс“.

Прикажи повеќе...

Регион

Полицајци во Грција нелегално издавале пасоши на криминалци, покрената е истрага

Објавено пред

Грчките власти покренаа истрага против 6 полицајци и 27 други лица под сомнение за вмешаност во голема измама со лажни пасоши и лични карти, наменети за странски криминалци кои бегаат од законот.

Полициската служба за внатрешна контрола соопшти дека документите се огласени за неважечки – вкупно 31 пасош и 38 лични карти, издадени во периодот помеѓу 2016 и 2018 година.

Овие документи беа продавани на црниот пазар по индивидуални цени од 5.000 до 40.000 илјади евра.

Незаконски биле користени идентитети на Грци кои живеат во странство, а не го продолжиле важењето на личните документи во пропишаниот период.

Контролите на валидноста на пасошите се интензивираат во Грција во последните години, како резултат на зголемениот прилив на бегалци на кои не им е дозволено да одат во други земји на ЕУ, во согласност со ограничувањата што ги наметна Унијата во 2016 година.

Грција е сè уште најпопуларната дестинација за нелегален влез на бегалци кои се обидуваат да стигнат до ЕУ.

Во соопштението на полицијата не е наведено дали некој од 33-те осомничени лица е задржан во притвор.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа27 минути

Прва жртва на коронавирусот во Европа, почина пациент во Италија

Пациент заразен со коронавирус во градот Падова, на северот на Италија, почина, со што стана прва жртва на вирусот во...

Свет47 минути

СЗО: Земјите мора да дејствуваат брзо пред да биде предоцна

Шансите за сузбивање на ширењето на епидемијата на коронавирусот во светот се намалени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), нагласувајќи дека...

Топ15 часа

(Видео) Сеопфатното сексуaлно образование ќе превенира и скандали како „Јавна соба“

Порнографските материјали на малолетници дистрибуирани преку групата „Јавна соба“ на апликацијата „Телеграм“, бременост кај малолетнички, насилство базирано кон оние со...

Македонија17 часа

Спасовски: Владата разгледува две можни решенија за надминување на кризата со пасошите

Владата разгледува две можни решенија за надминување на пасошката криза, односно „Веридос“ што е можно побрзо да ги испорача обрасцирте...

Македонија18 часа

(Видео) Коалиција Села – Гаши: Ќе го победиме Ахмети, ние стоиме на зборот за разлика од ДУИ

Под мотото „Држава за сите“, Алијанса за Албанците на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши ќе настапат заедно на...

Македонија18 часа

Мицкоски: Идната коалиција ќе биде на база на програма, а не на победник со победник

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања најави дека доколку ВМРО-ДПМНЕ победи на изборите, тоа не мора да...

Економија19 часа

Запленети 113 килограми тутун и 415 кутии цигари во Скопје и Тетово

Царинската управа во соработка со Државниот пазарен инспекторат, денеска во две акции во Скопје и Тетово заплени 113 килограми тутун...

Топ20 часа

Шверцери на мигранти признаа вина, условно се казнети и ќе бидат протерани од земјава

По поднесен обвинителен акт од страна на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за предметот во кој...

Македонија21 час

(Видео) Падна пресуда за „Змиско око“ – четворица вработени на патарините починале за време на историското судење

По 13 години низ судските лавиринти, денеска падна првостепената пресуда за веќе историскиот случај „Змиско око“. Претходно, во два наврата...

Македонија22 часа

Работниците од Кина што влегоа во државата немаат коронавирус, но ќе поминат 14 дена во карантин

Двете лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“, а кои вчера пристигнаа во државата, немаат симптоми...

Македонија23 часа

(Видео) Русковска: Адвокатите на обвинетите за организирање на 27 април предлагаат по 300 сведоци

Шефицата на Основното јавно обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска, по денешното рочиште за судење на организаторите на 27 април,...

Македонија23 часа

Судење за „Монструм“: Ахмети имал информации дека момчињата не биле само убиени, туку масакрирани

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го почна своето денешно сведочење во случајот „Монструм“ претставувајќи се како пратеник. „За овој грозоморен...

Забава23 часа

Ѓоковиќ објави екстремен предизвик на „Инстаграм“

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ објави нов предизвик на „Инстаграм“ по капењето во ледена река.   View this post on Instagram...

Свет24 часа

Дуња Мијатовиќ е против екстрадицијата на Асанж во САД

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, не треба да биде екстрадиран во САД затоа што тоа би имало ужасен ефект врз...

Регион1 ден

Јамајка демантира дека го признала Косово

Министерката за надворешни работи на Јамајка, Камина Џонсон Смит, ја демантира изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека државата ја признала...

Свет1 ден

Нови 889 случаи на заразени од коронавирус во Кина

Во Кина се забележани 889 новопотврдени случаи на заразени од коронавирус и 118 починати. Од смртните случаи, 115 се во...

Свет1 ден

Во април почнуваат клиничките тестирања на вакцината против коронавирусот

Кон крајот на април ќе почнат клиничките испитувања на вакцината против коронавирусот, од кој во Кина починаа повеќе од 2.000...

Свет1 ден

(Видео) Украинци пречекани со камења дома кога беа евакуирани од Кина

Украинци евакуирани од кинескиот град Вухан биле пречекани од револтираните мештани, кои со камења мавале по автобусите што се упатиле...

Македонија1 ден

Истрага за две лица по акцијата во која беше запленет кокаин во Сарај

Заврши распитот на лицата што вчера вечерта беа приведени во акцијата во селото Крушопек, Општина Сарај, по добиени сознанија за...

Топ2 дена

Момче прободено со нож, уапсена девојка осомничена за обид за убиство

Дваесет и тригодишен државјанин на Турција синоќа бил пронајден на излез од Гостивар, на магистралниот пат кон Тетово, со повреда од...

Досие