Свет
Иранскиот претседател се извини за задоцнетото признание за авионската несреќа

Иранскиот претседател Хасан Рохани понуди извинување за задоцнетото признание дека иранската армија била одговорна за соборувањето на украинскиот авион, пренесе државната иранска телевизија.
„Би сакал да понудам извинување за доцнењето и за нашиот тон“, рече Рохани.
Тој, исто така, ги отфрли како глупости сомнежите дека Иран сака да се нуклеаризира.
„Шпекулациите дека Иран сака да дојде до нуклеарно оружје се глупости што се повторуваа многу пати“, рече тој.
Рохани додаде дека чекорите што Иран ги презел (да ги намали своите обврски во согласност со нуклеарниот договор) се реверзибилни и сите негови активности се спроведуваат под надзор на ИАЕА.
Американскиот секретар за финансии Стивен Мнучин вчера изјави:
„Ние ќе продолжиме да применуваме економски санкции сè додека Иран не престане со терористички активности и не се обврзе никогаш да не поседува нуклеарно оружје“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Во Унгарија мнозинството од гласачите се уште го поддржува Орбан

Во Унгарија, огромното мнозинство гласачи сè уште го поддржуваат премиерот Виктор Орбан,според резултатите од новото истражување спроведено од Центарот за фундаментални права.
Според истражувањето, 58 отсто од гласачите се за Орбан во споредба со 18 отсто од оние кои го претпочитаат неговиот поранешен противник Питер Марчи-Заја.
Во извештајот на центарот се наведува дека Орбан има поголема поддршка во сите општествени групи отколку неговиот поранешен предизвикувач.
Свет
(Видео) Апокалиптични сцени од Бахмут: уништени згради и улици преполни со проектили

Андреј Јермак, шефот на кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, на својот Твитер профил објави видео од Бахмут, на кое се гледа степенот на уништување во градот кој со месеци е под руски напад.
Видеото покажува уништени згради и улици преполни со проектили, а повеќе личи на постапокалиптичен филм отколку на град во кој живееле повеќе од 70.000 луѓе.
#ФортецяБахмут 🇺🇦 pic.twitter.com/WZdDZOb7xJ
— Andriy Yermak (@AndriyYermak) March 30, 2023
Русија од летото 2022 година се обидува да го освои украинскиот град Бахмут во регионот на Доњецк, а нападите особено се интензивираа оваа година. Руските трупи контролираат околу 65 отсто од градот, но украинската армија продолжува да дава жесток отпор.
Свет
Судот во Њујорк го очекува Доналд Трамп

Доналд Трамп во вторник треба да се појави пред судот во Њујорк. Ова е првпат во историјата поранешен претседател на САД да биде кривично гонет.
Големата порота која го обвини Трамп ги разгледа деталите за наводната исплата на актерката од филмови за возрасни Сторми Даниелс за време на претседателската кампања во 2016 година.
Во судот Трамп ќе биде фотографиран, ќе даде отпечаток од прст како и секој друг обвинет, иако ќе биде заштитен од Тајната служба поради неговиот статус на поранешен претседател.
Трамп претходно рече дека ова е политички прогон и мешање во изборите на највисоко ниво во историјата.